Извадок на дел дневните настани 09.09.2021


 На 08.09.2021 во 14.20 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службенци ја лишиле од слобода Д.М.(32) од Скопје затоа што при проверка во службената евиденција било констатирано дека евидира како предмет на потрага за издржување на казна затвор од една година и два месеци за сторено кривично дело по член 236 став 1, во врска со член 22 од Кривичен законик. Таа била предадена на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 09.09.2021 во 00.20 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ш.(21) од Република Албанија бидејќи при извршена проверка во службената евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ од Интерпол Швајцарија. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

На 08.09.2021 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на место викано Сончев град го лишиле од слобода Д.М.(31) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена дрога. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.09.2021 година во 09.50 часот во СВР Битола, вработен во Јавното претпријатие „Стрежево“ пријавил дека на брегот на Стрежевското езеро, во атар на с.Свињиште, пронашол неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка. Увид бил извршен.

На 08.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 76 мерки против возачи, од кои 44 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 32 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 15 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 08.09.2021 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 108 прекршоци, од кои 47 на подрачјето на Штип, 16 Свети Николе, 16 Кочани, 9 Виница, 8 Пробиштип, 6 Берово и 6 Делчево На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.09.2021) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 57 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 10 за возење без возачка дозвола.

На 08.09.2021 година на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола на возила и возачи во сообраќајот, при што биле констатирани 34 прекршоци, од кои 15 за управување возило со брзина поголема од пропишаната, а 5 прекршоци за управување возило под дејство на алкохол. Исто така, биле откриени 31 други прекршоци.

Во рамките на континуираните активности за поголема безбедност на патиштата во Полошкиот регион вчера (8 септември) од 10 до 16 часот на тетовското подрачје спроведена е акциска контрола за брзина, во која биле откриени и санкционирани 37 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Осум од пречекорувањата биле за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, 19 за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, констатирани се и 32 пречекорувања во населено место, најмногу за 30 до 50 километри (21) на час повеќе од дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и пет други видови сообраќајни прекршоци.

Вчера (8 септември) во периодот од 10 до 16 часот на гостиварското подрачје спроведена е уште една засилена контрола за престигнување, во која се санкционирани 33 прекршоци. Санкционирани, исто така, биле и три други видови сообраќајни прекршоци.

На 08.09.2021 година во 20.10 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(59) од Охрид, удрило во пешакот В.К.(65) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.К., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Во текот на изминатото деноноќие (08.09/09.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 114 прекршоци.

На 08.09.2021 во 15.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.В.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Есенинова“ била касната од куче скитник.

На 08.09.2021 во 10.30 часот во Полициската станица Аеродром, З.Н.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски-Бато“ бил каснат од куче скитник.

На 08.09.2021, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Н.А.(64) и С.А.(37), двајцата од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При извршениот претрес по судска наредба во домот на Н.А. и во угостителски објект била пронајдена и одземена марихуана. По комплетирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 08.09.2021, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода М.Р.(38) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.09.2021 година во периодот од 08.00 до 16.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 86 прекршоци, од кои 2 возачи управувале возилo со брзина поголема од 50 км/ч од дозволеното, а 30 возачи управувале со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч поголема од дозволената. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

Вчера (08.09) од 16.00 до 24.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 44 возачи.

На 09.09.2021 во СВР Битола било пријавено дека во нива во атар на с.Кременица, битолско, била пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита за спасување гранатата била безбедно подигната.

На 08.09.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(20) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачје на Центар, по претходна сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две лица кои биле со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2021 во 21.00 часот пред трговски центар на подрачје на Центар од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен З.С.(56) од Скопје бидејќи агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија по претходно нарушен јавен ред и мир. Поднесени се соодветни поднесоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 07.09.2021 околу 18.30 часот во СВР Скопје, Н.Г.(38) од Скопје пријавила дека нејзината ќерка Н.Г.(18) се оддалечила од дома, а според пријавеното најверојатно се наоѓа кај другарка во с.Средно Коњари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.07.2021 во училиште за странски јазици во Тетово, пријавениот физички го нападнал Р.Ф.(53) од Тетово.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(52) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 02.07.2021, пријавениот се договорил со С.А.(56) од с.Шипковица, тетовско, да му направи рекламен материјал за неговата фирма во Тетово, а по неколку дена С.А. му дал дел од парите. После тоа, Ѓ.П. не ги изработил рекламите и не му одговарал на телефонските повици на С.А..

СВР Скопје поднесе кривична пријава против О.Б.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.03.2021 година на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.