Извадок на дел дневните настани 08.09.2021


 Во текот на вчерашната вечер (07/08.09.2021) во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 82 возачи. Од нив, 18 на територијата на СВР Битола, 13 на територијата на СВР Тетово...

На 07.09.2021 полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив, 10 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената. 28 санкции се изречени на територија на Тетово, а 19 на територија на Гостивар. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На 07.09.2021 околу 19,40 часот на пат помеѓу с.Пирава и с.Јосифово на место викано „Пиравски плантажи“ - Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон„ без регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(81) од Валандово, и моторцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од В.М.(24) од с.Рабово, а на кој се превезувала и 17 годишна малолетничка од с.Јосифово. По несреќата В.М. и малолетничката се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Валандово.

На 07.08.2021 околу 18,30 часот на граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници е лишен од слобода Ј.С.(25) од с.Батинци бидејќи било констатирано дека не ја почитува мерката за самоизолација, за што претходно потпишал изјава за самоизолација. Известен е јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка.

На 07.09.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, Н.С.(38) од Скопје пријавил дека на бул.Видое Смилевски Бато бил каснат од куче скитник.

На 07.08.2021 во 11.20 часот во СВР Скопје, С.Ц.(75) од Скопје пријавил дека во парк на бул.Илинден бил каснат од куче со поводник водено од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 10 за користење мобилен телефон, 51 за непрописно паркирање

На 07.09.2021 во 15.10 часот на крстосница од ул.Александар Урадаревски, локален пат за с.Мирковци и локален пат за с.Бразда се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(34) од с.Мирковци,скопско и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(56) од Скопје. По несреќата, З.С. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди, додека И.В. е пренесен во градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

На 07.09.2021 во 19,30 часот на пат во близина на брана “Шпилје“, патничко моторно возило “фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(81) од Дебар, кое напуштило лице место а потоа било пронајдено, удрило во 17 годишен велосипедист од Дебар. По несреќата, на велосипедистот во болницата “Св.Еразмо“-Охрид му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Дебар.

Во текот на вчерашниот ден (07.09.2021) полициски службеници од СВР Штип спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Штип, при што санкционирани се 60 возачи. На 07/08.09.2021 во периодот од 23.00 до 04.00 полициски службеници од СВР Штип спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило под дејство на алкохол на територија на СВР Штип, при што санкционирани се 9 возачи. Сите возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 11 останати прекршоци.


На 07.09.2021 во 09.50 часот во СВР Битола, Љ.С. пријавил дека пронашол една рачна бомба од периодот од двете светски војни во река над с.Ниже Поле,битолско. За настанот известен е пиротехничар кој безбедно ја подигнал бомбата.

На 07.09.2021 во 11.16 часот во СВР Битола, Ц.М. пријавил дека во плац за мермер во Битола пронашол стара артилериска граната со кал.75 мм од првата светска војна. За настанот известен е пиротехничар кој безбедно ја подигнал гранатата.

На 07.09.2021 во 11.00 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово врз основа издадена судска наредба од Основен Суд Тетово е приведен А.Д.(27) од с.Мала Речица,тетовско. Лицето е предадено во КПУ Затвор Тетово за издржување на казна затвор.

На 07.09.2021 во 10.30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово врз основа издадена судска наредба од Основен Суд Тетово е приведен Б.Б.(62) од с.Голема Речица,тетовско. Лицето е предадено во КПУ Затвор Тетово за издржување на казна затвор.

На 07.09.2021 во 17.40 часот во СВР Скопје, Т.Т.(20) од Скопје, пријавила дека на кејот на реката Вардар била касната од куче скитник.

На 07.09.2021 во 16.40 часот во Полициско одделение Велешта, Т.Ш. (65) од с.Д.Белица пријавил дека околу 16.00 часот настанал пожар во објект на нива во атарот на с.Д.Белица сопственост на Л.Ш.(31) од с.Д.Белица при што објектот со сено и околу 1 хектар трева бил опожарен. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Струга. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Струга.

Во текот на вчерашниот ден (07.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 335 возачи. Од нив, 32 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

На 07.09.2021 во 10.00 часот во СВР Куманово, Ж.Х.(36) од с.Биљановце,кумановско пријавила дека на 03.09.2021 околу 19.00 часот во круг на училиште во Куманово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2021 околу 00.10 часот во СВР Охрид, С.Д. од Охрид пријавила дека во близина на бензинска пумпа во Охрид е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.О.(28) од с.Новак,Центар Жупа од една страна и E.Б.(20) и Е.Б.(37) двајцата од Р.Турција од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2021 во 17,00 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека во Кичево околу 16,30 часот по претходна расправија е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.Џ.(20) од Р.Албанија, М.Л.(29) од Р.Албанија и Р.В.(22) од с.Колари. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗПП ЈРМ.

На 08.09.2021 во 00.35 часот во СВР Скопје, М.Џ.(33) од Скопје пријавила дека на 07.09.2021 околу 22.00 часот во близина на трговски центар на подрачје на Аеродром нејзиниот син бил физички напанат од М.Р., К.Ј. и М.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2021 во 03.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во домот на Ф.У.(51) во Дебар, пет лица со закана од оружје физички го нападнале неговиот син, при што одзеле пари, накит и мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2021 во 11.25 часот во Тетово од полициски службенци од СВР Тетово е приведен В.Ј.(28) од с.Џепчиште,тетовско поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесесн соодеветен поднесок.

На 07.09.2021 во 17.50 часот во Полициска станица Гази баба, А.Е.(19) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на подрачје на Гази баба бил физички нападнат од А.Е.(65). СЕ преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на 07/08.09.2021 во периодот од 23.00 до 04.00 часот, во засилена акциска контрола спроведена на подрачје на СВР Тетово биле откриени и санкционирани 13 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска (8 септември) ја лишиле од слобода 28-годишната М.И.од гостиварски Вруток, поради сомнение за нејзина инволвираност во тешката кражба која била извршена на Меѓуградската автобуска станица во Гостивср, 6/7 септември, во периодот од 20 до 6 часот, кога според пријавеното биле одземени пари, мобилен телефон и клучеви од два автобуса. М.И.била задржана во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик.

На 07.09.2021 во 13.50 часот во Тетово од полициски службенци од СВР Тетово е приведен Б.Б.(35) од с.Порој,тетовско поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои постапувале по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесесн соодеветен поднесок.