Извадок на дел дневните настани 07.09.2021


 На 06.09.2021 година во 22.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.И.(28) од Куманово затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера (6 септември) околу 12 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец С.Ј., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

На 06.09.2021 во 06.55 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници ја привеле Ј.С.(33) од Ангола и двајца малолетници бидејќи при извршена пасошка контрола приложиле туѓи - белгиски лични документи. Лицата биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 06.09.2021 во 06.00 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициска станица Прилеп го лишиле од слобода А.М.(54) од Република Албанија поради постоење основано сомнение дека предизвикал пожар во објект на превојот „Плетвар“ на патниот правец Прилеп – Градско. Лицето е задржано за понатамошна постапка.

На 06.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 54 мерки против возачи, од кои 22 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 32 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 17 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 06.09.2021 во периодот од 20.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 39 прекршоци, од кои 8 на подрачјето на Штип, 8 Свети Николе, 7 Виница, 7 Кочани, 5 Пробиштип и 4 Делчево На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 24 останати прекршоци.

На 06.09.2021 во периодот од 20.00 до 24.00 часот полициски службеници од СВР Велес на подрачјето на СВР Велес спроведоа засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 21 возачи, од кои пет во Велес, два во Кавадарци и 14 во Неготино.

На 06.09.2021 година во периодот од 20.00 до 24.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената, со ноќен радар. Притоа, биле констатирани 36 прекршоци од кои 1 возач управувал возилo со брзина поголема од 50 км/ч од дозволеното, а 11 возачи управувале со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч поголема од дозволената. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

На 06.09.2021 во периодот од 10.00 до 15.00 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли при што биле преземени 34 мерки. Откриени се и 12 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Вчеравечер (6 септември) од 20 до 24 часот, на подрачјето на СВР Тетово, на неколку пункови (автопат Гостивар Тетово и магистрала Гостивар-Кичево) спроведена е засилена акциска контрола за брзина, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 30 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-11 и ГВ-19).Едно од пречекорувањата (ГВ) било за над 70 километри на час, 10 (ТЕ-4 и ГВ-6) за 50 до 70 километри на час, а другите 19 (ТЕ-7 и ГВ-12) за 30 до 50 километри на час. Покрај ова, на два пункта во Тетово (на влезот и во централното градско подрачје) и на улица „101“ во Гостивар, со користење на „ноќен радар“ откриени се и 35 пречекорувања на брзина (ТЕ-27 и ГВ-8) во населено место, од кои наголемиот број биле за 30 до 50 километри, а санкционирани се и 8 други видови сообраќајни прекршоци.

Вчера (6 септември ) во периодот од 5 до 20 часот, во засилена акциска контрола спроведена на поширокото гостиварско подрачје биле откриени и санкционирани 14 возачи кои непрописно престигнувале. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.

Вчера (6 септември) од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле санкционирани 8 прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-1).Седум од констатираните прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-1) се однесувале на некористење на заштитна кацига, а 1 (ТЕ) на истечена осигурителна полиса.При контролата, исто така, биле санкционирани и 34 други видови прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-22).

На 06.09.2021 година на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола на прекршоците што ги прават возачи на мотоцикли, при што биле констатирани 11 прекршоци. Биле откриени и 11 останати прекршоци.

На 06.09.2021 во 13.10 часот било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко моторно возило „бмв“ со пробни регистарски ознаки, управувано од В.А.(39) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од В.Ј.(56) од Гостивар. Во незгодата велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 06.09.2021 во 22.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од З.З.(35) од Кавадарци и велосипед управуван од малолетник од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетничка која се превезувала на велосипедот, а со телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

На 06.09.2021 во 10.10 часот во Полициската станица Центар, С.М.(51) од Скопје пријавил дека на ул.„Димче Мирчев“ бил каснат од куче скитник.

На 06.09.2021 во 09.40 часот во Полициската станица Карпош, Ј.Д.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Атинска“ бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (06.09/07.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 77 прекршоци.

На 06.09.2021 во 08.30 часот на граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници ја лишиле од слобода К.П.(21) од Ресен, затоа што при излез од државата на увид приложила фалсификуван негативен ПЦР тест. Со неа бил извршен разговор и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Одделението за внатрешни работи Ресен, до Основното јавно обвинителство Ресен, поднесе кривична пријава против Б.Ш (49)од с.Подмочани, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” по член 235 и „проневера во службата” по член 354 од Кривичниот законик. Пријавениот, како раководител на Одделението за финансии и сметководство во Јавно комунално претпријатие „Пролетер” во Ресен, во август 2021 година во неколку наврати со клуч го отворал сефот кој бил во просторијата на благајната и оттаму одзел пари.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Р.(44) од с.Боговиње, тетовско, сопственик на фирма од Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување опасност при градежни работи“. На 15.02.2021, додека Ј.С.(34) и С.И.(32) од с.Боговиње, заедно со уште три лица, сите вработени во фирмата на пријавениот, изведувале градежни работи на автопатот Тетово - Гостивар, при истовар на гранитни плочи една палета се завртела при што Ј.С. од здобиените повреди починал на местото на настанот, додека С.И. се здобил со тешки телесни повреди.

ОВР Берово поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 09.05.2021 жителка на Берово ја изгубила својата кредитната картичка, која ја пронашле малолетниците, по што преку компјутер извршиле уплата.

На 06.09.2021, полициски службеници од СВР Штип извршиле разговор со К.М. од Струмица – затвореник во Казнено поправниот дом - Затвор Штип затоа што претходно кај него била пронајдена прашкаста материја. Прашкастата материја била подигната за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера (06.09) од 20.00 до 24.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 21 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

На 06.09.2021 околу 19.10 часот во СВР Скопје, Л.М.(56) од Скопје пријавила дека на автобуска постојка на бул.„Партизански одреди“ едно лице ѝ одзело накит од вратот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.С.(55), Е.С.(19), А.С.(87), сите од село Челопек, тетовско и И.А.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 29.04.2021, искористувајќи го отсуството на оштетениот М.С.(38) од с.Челопек, со кој живееле во заедница, пријавените му одзеле апарати за домаќинство, лични документи, пари и трактор, со што му предизвикале штета во износ од 553.500 денари.

На 06.09.2021 околу 20.00 часот во СВР Скопје, И.П.(19) од Скопје пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ едно лице ѝ го одзело мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2021 околу 13.00 часот во Полициската станица Драчево, О.Р. пријавил дека на 05.09.2021 околу 15.00 часот во атарот на с.Студеничани, скопско, настанал пожар при што му биле опожарени околу 500 бали детелина и 250 бали слама. Пожарот бил изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

На 06.09.2021 во 19.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа во која мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(35) од Скопје, удрил во запрено патничко моторно возило „ гранд чироки“, сопственост на МВР. Притоа, со телесни повреди се здобил А.С., констатирани во Ургентен центар на Клинички центар „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 06.09.2021 во 18.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Љ.Б.(27) од Скопје пријавил дека на улица „7-ма Албанска бригада" бил каснат од куче скитник.

На 06.09.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје, Д.Г.(22) и Т.Г.(48), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 19.15 часот на подрачје на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2021 во 09.30 часот во СВР Скопје, А.Д.(67) од Скопје пријавила дека на 04.09.2021 околу 14.10 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Гази баба била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2021 во 11.30 часот во СВР Скопје, Б.А.(22) од с.Ласкарци, скопско, пријавил дека на 04.09.2021 околу 20.00 часот пред угостителски објект во с.Ласкарци бил физички нападнат од Б.С., Б.С., И.С. и Б.С., сите од с.Ласкарци, при што еден од нив употребил тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.09.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје, Ф.А.(41) од Скопје пријавила дека околу 20.40 часот на подрачје на Чаир нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Е.А.(18) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.09.2021 година во населба Трајаново трло во Кочани, пријавениот физички го нападнал С.П. со тврд предмет.

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против А.С.(31) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. На 28.08.2021 пријавениот не ја почитувал судската одлука со изречена мерка за забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство во траење од шест месеци и под дејство на алкохол се упатил во семејната куќа кај неговите родители и физички го нападнал неговиот брат.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.З.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“. На 04.09.2021 година, при извршен претрес на дом и други простории во село Долно Мелничаи, Центар Жупа, каде престојува пријавениот, биле пронајдени и одземени стебла од растението Канабис.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.К.(39) од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 17.04.2021, полициски службеници од ОВР Струга во содејство со ДПИ извршиле контрола во угостителски објект во село Лабуништа, сопственост на пријавениот, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното време и не биле почитувани мерките донесени од Владата на Република Северна Македонија за заштита на граѓаните од Ковид 19.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.К.(44) од село Лабуништа, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом и било утврдено дека не го почитувал решението за изолација и мерките за заштита од Ковид 19.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против М.А.(48) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 14.08.2021, полициските службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во домот и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(23) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 14.08.2021, полициските службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во домот и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против З.А.(50) од село Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 14.08.2021 година, полициските службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во домот и покрај тоа што бил лабораториски потврден позитивен случај на Ковид 19.

ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.П.(69) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола, полициски службеници не го пронашле пријавениот во домот и покрај тоа што имал решение за изолација.