Извадок на дел од дневните настани 06.09.2021

На 06.09.2021 во 01.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода А.С.(44) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.09.2021 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош ја лишиле од слобода И.Д.(32) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.09.2021 околу 21.00 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода М.А.(22) и Ј.К.(28), двајцата од Гостивар и Ќ.А.(21) од гостиварско Падалиште затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тројцата биле задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 05.09.2021 околу 17.30 часот на улица „Иљо Антевски-Смок“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 49-годишниот Е.М. од гостиварска Долна Бањица поради сомнение дека извршил тешки кражби. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби или измами. По целосно документирање случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 74 мерки од кои 45 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 29 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 20 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 05.09.2021 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 71 прекршоци, од кои 22 на подрачјето на Штип, 19 Свети Николе, 11 Виница, 8 Берово, 7 Делчево и 4 Пробиштип. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 9 останати прекршоци.

На 05.09.2021 година во периодот од 13.00 до 19.00 часот Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над учесниците во сообраќајот, при што биле констатирани 60 прекршоци сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 1 возач управувал возилo со брзина поголема од 70 км/ч од дозволеното, а 4 возачи управувале со брзина помеѓу 50 и 70 км/ч поголема од дозволената. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

На 05.09.2021 во 20.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Преведена“, патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(39) од Радово, излетало надвор од коловозот. Во незгодата возачот и тројца сопатници Н.С.(37) од с.Просениково, М.А.(39) од Струмица и В.М.(37) од с.Добрејци, се здобиле со повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.

На 05.09.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.А.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Жан Жорес“ бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (05.09/06.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 62 прекршоци.

 На 05.09.2021 година на автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.А.(35) од с.Лојане, општина Липково. При преглед во возилото „ауди а4“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Т.М.М.А.(23), Т.Р.Ј.(23) и К.М.Л.(24).
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. По наредба на Јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Вчера (5 септември) од 13 до 19 часот, на поширокото гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола за престигнување, во рамките на која вкупно биле откриени 16 прекршоци. Сите прекршоци се санкционирани со адекватни поднесоци и со заштитна мерка, односно со времена забрана за управување.

На 05.09.2021 во 22.03 часот во СВР Скопје, Г.Т.(36) од Скопје пријавил дека околу 21.50 часот на подрачје на Кисела вода, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.09.2021 во 23.00 часот во СВР Скопје, В.Б.(25) од Скопје пријавил дека околу 22.50 часот на подрачје на Аеродром, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.М.(33) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, на 27.06.2020 на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци на И.П. од Кавадарци му продал хероин, а при преглед кај пријавениот, исто така, бил пронајден и одземен хероин.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ф.А. (24) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.06.2021, полициски службеници од ОВР Гостивар, извршиле преглед кај пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.

На 05.09.2021 приведени се двајца малолетници и со нив е извршен службен разговор затоа што со уште еден малолетник на 04.09.2021 во куќа во Шуто Оризари противправно лишиле од слобода малолетничка и физички ја нападнале. Малолетничката е предадена на родителот, а во координација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.