Извадок на дел од дневни настани 05.09.2021

На 04.09.2021 во 08,10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода А.Љ.(44) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.09.2021 во 18,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово атар на с.Орашац, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “лада ваз“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Г.К.(64) од Куманово и мотокултиватор “хонда“ со лесна приколка, управуван од В.А.(66) од с.Орашац. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште една сопатничка од мотокултиваторот С.А.(62) од с.Орашац констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.


На 04.09.2021 околу 15,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во с.Ново Село се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.М.(41) од Охрид, патничко моторно возило “бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(23) од с.Радиовце-тетовско, и товарно моторно возило “фургон сангјонг“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(32) од с.Д.Бањица-гостиварско. На местото на незгодата починал сопатникот од товарното возило С.Е.(34) од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото “мерцедес“ П.Ж.(51) и М.М.(42) двајцата од Р.Србија, сопатникот од товарното моторно возило М.К.(31) од Гостивар и возачот Б.Љ., а со телесни повреди повреди се здобиле возачите З.М. и Е.Н. како и сопатникот од возилото “бмв“ Р.Р.(23) од с.Г.Палчиште-тетовско констатирани во Ургентниот Центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар во присуство на Јавен обвинител.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 100 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 14 за управување под дејство на алкохол, 5 за користење мобилен телефон, 3 за некористиње на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 29 за непрописно паркирање.

На 05.09.2021 околу 02,00 часот од страна на полициски службеници СВР Куманово, во с.Којнаре поради илегално поминување на државна граница бил приведен и задржан кубанскиот државјанин Ј.М.С.М.(25) за понатамошна постапка.


На 04.09.2021 во 23,45 часот од полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Т.Г.(59) од Струмица затоа што истиот ден околу 19,55 часот тој со огнено оружје усмртил куче. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Денеска (05.09.2021) во 11:30 часот инспектори од ЕВР Кисела Вода-Отсек Потраги од слобода го лишија С.М. (59) од Скопје, баран по потерница од Основен суд-Скопје 1 за кривично дело затајување по чл.239 ст.5 вв со ст.3 вв 1 чл.45 од КЗ и чл.247 ст.4 в.в. ст.1 чл.22 од КЗ на РСМ.

На 04.09.2021 во 14,50 часот било пријавено дека во фабрика во с.Бистренци при извршување на работни задачи (поправка на вентилатор) Д.Б.(36) од с.Бистренци-Демир Капија се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во ЈЗУ Кавадарци за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот и известен бил Јавен обвинител.

На 04.09.2021 во 15,00 часот А.Ѓ.(61) од с.Дражево пријавил дека истиот ден околу 13,40 часот во угостителски објект во с.Ново Село-струмичко, бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 05.09.2021 во 01,20 часот од полициски службеници од СВР Тетово на ул.“Борис Кидрич“ во Тетово го лишиле од слобода Б.С.(26) од с.Жеровјане-тетовско затоа тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.

На 04.09.2021 во 21,00 часот од полициски службеници од Полициското одделение Петровец биле лишени од слобода Ш.С.(38) и Б.С.(35) двајцата од с.Петровец поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршиле кривично дело “тешка кражба“ во касарната Ќојлија. Кај нив биле пронајдени и одземени поголема количина разновиден алат и други предмети. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.09.2021 во 21,30 часот Б.К.(31) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот на подрачјето на Бит Пазар во два наврати И.Б.(44) од Скопје со кого имале претходни расправии, му упатувал навреди и закани со остар предмет.Во полициска станица бил приведен И.Б. и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.09.2021 во 13,40 часот во Полициското одделение Велешта било пријавено дека избувнал пожар во атар на с.Вевчани место викано Суво поле-Тумба Плашец. Од страна на Територијаната противпожарна единица Струга пожарот бил изгаснат, а при увид на местото на настанот констатирано било дека е опожарено лозје и површина со трева сопственост на Д.Ф.(56), Д.К.(67), Д.Ј.(73) и Б.Г. од Вевчани.

На 04.09.2021 во 19,00 часот К.Н.(68) од Скопје пријавила дека на 03.09.2021 година на подрачје на Гази Баба во двор од соседна куќа во која подолго време не живеел никој пронашла шок бомба. Извршен бил увид на местото на настанот.

На 04.09.2021 во 18,25 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес после патарина “Сопот“ настанал пожар во патничко моторно возило „опел астра“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

На 04.09.2021 во 16,00 часот Ф.А.(36) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар по претходно случена сообраќајна незгода бил физички нападнат од едно Д.Џ. (34) од Скопје. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.09.2021 во 21,30 часот Е.М.(42) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Чаир нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.09.2021 во 19,30 часот од полициски службеници од Полициското одделение Петровец во с.Марино бил приведен С.Ѓ.(58) од с.Марино затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејства. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.09.2021 во 18,10 часот К.П.(23) од с.Лескоец-охридско пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот во с.Куратица-охридско по претходно недоразбирање бил физички нападнат од З.К.(38) од с.Куратица. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.09.2021 во 03,50 часот С.С.(27) од Гостивар, пријавил дека истиот ден околу 03,00 часот во казино во Гостивар бил физички нападнат од Е.А.(55) од с.Лакавица-гостиварско. Се работи на расчистување на случајот.

На 05.09.2021 во 04,20 часот К.М.(19) од Гостивар, пријавила дека истиот ден околу 03,40 часот во Гостивар била физички нападната од Г.Г.(34) од Гостивар Се работи на расчистување на случајот.

На 04.09.2021 во 08,35 часот Ф.И.(39) од с.Никиштани-скопско пријавил истиот ден околу 08,00 часот во с.Никиштани, во близина на пругата од страна на Р.О. и уште две лица му биле одземени домашни животни, а во врска со долг кој го имал неговиот брат. По преземени мерки, поголем дел од животните биле пронајдени во с.Трубарево кај Р.О.(41) и вратени на сопственикот. По целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.

На 05.09.2021 во 04,37 часот било пријавено дека во Куманово на ул.„Октомвриска револуција“, било опожарено возило „шкода фабија“ сопственост на Н.Т.(42) од Куманово, а било зафатено и возило „опел корса“. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.