Извадок на дел од дневните настани 04.09.2021

На 04.09.2021 во 03,45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во угостителски објект во Градскиот парк, го лишиле од слобода А.Ѓ.(30) од Свети Николе затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2021 во 22,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода И.О.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2021 во 22,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода И.О.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2021 во 20,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода К.М.(25) затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа (03/04.09.2021) во периодот од 23 од 05 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 102 возачи. Тие биле исклучени од сообраќај.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

На 03.09.2021 во 21,00 часот било пријавено дека во Радовиш на раскрсницата од бул.“Александар Македонски“ со ул.“Плачковица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “пежо 107“ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.П.(19) од Радовиш и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(39) од Радовиш. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото “пежо 107“ М.К.(19) од Радовиш, а со телесни повреди се здобила С.П. констатирани во ЈЗО Радовиш. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 9 за некористиње на сигурносен појас, две за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 37 за непрописно паркирање.

На 03.09.2021 во 13,51 часот било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица -Делчево, во атар на с.Илиово, моторцикл „кавасаки ЗХ-10Р“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(46) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

На 03.09.2021 во 16,15 часот во Полициската станица Гази Баба М.С.(59) од с.Јурумлери-скопско пријавила дека во с.Јурумлери била касната од куче скитник.

На 03.09.2021 во 13,00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Л.Ѓ.(57) од Скопје пријавила дека на ул.“Антон Чехов“ била касната од куче скитник.

Вчера (03.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возачи. Од нив, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа,132 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 139 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На 03.09.2021 во 08,10 часот во Полициската станица Виница од Територијалната противпожарна единица-Виница, било пријавено дека истиот ден во времето од 05,30 до 06,00 часот имале интервенција за гасење пожар во фирма во Виница и истиот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница и инспектор за заштита и спасување. Известен бил Јавен обвинител.

На 03.09.2021 во 14,20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Лескоец на место викано „Горно Трно“ било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години. Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

На 04.09.2021 околу 01,00 часот од полициски службеници од СВР Тетово на ул.“Маршал Тито“ во Тетово бил приведен П.Џ.(32) од Тетово поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејства. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 03/04.09.2021 од 23,00 до 05,00 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управувале под дејство на алкохол. Притоа санкционирани биле 13 возачи од кои 12 на тетовско подрачје и еден на гостиварско подрачје.

На 03.09.2021 во 21,57 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода М.С.(24) од Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.09.2021 во 00,35 часот на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.К.(22) од Куманово, Х.Е.Т.(29) од с.Жеровјане-тетовско, А.М.(24) и М.З.(28) двајцата од Скопје. Тие биле приведени во Полициската станица Карпош и по целосното документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

На 03.09.2021 во 18,30 часот во Полициската станица Струмица бил приведен З.Ѓ.(56) с.Радичево поради тоа што на бул.“Ленинова“ во Струмица физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.