Извадок на дел од дневни настани 02.09.2021


На 01.09.2021 во 10.30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Р.В.(44) од Кичево бидејќи при извршен претрес на патничко моторно возило „фиат стило“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од пријавениот и претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.09.2021 околу 12.00 часот во Блок 82 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(20) од Тетово и Е.Д.(21) од тетовско Бозовце затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 01.09.2021 во 17.15 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Г.(31) од Косово поради постоење основано сомнение дека приложил фалсификуван ПЦР тест. Известен е Јавен обвинител.

На 01.09.2021 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, било констатирано дека 38 возачи ја пречекориле дозволената брзина, од кои 27 надвор од населено место и 11 во населено место. При контролите било утврдено дека еден возач ја пречекорил брзината за над 70 километри на час повеќе од пропишаната.

Во текот на вчерашниот ден (01.09.2021), СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 36 мерки, меѓу кои 23 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 11 за управување возило без возачка дозвола и 2 за некористење сигурносен појас.

На 01.09.2021 во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При контролата биле откриени и санкционирани 32 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-22 и ГВ-10), од кои 1(ТЕ) за над 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 6 (ТЕ) за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Покрај ова, санкционирани се и 5 (ТЕ) пречекорувања на брзината во населено место. При контролата биле констатирани и 50 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-38 и ГВ-12).

На 01.09.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 29 мерки против возачи, од кои 20 за пречекорување на максималната дозволена брзина во населено место и против 9 возачи за пречекорување на брзината надвор од населено место. Откриени се и 20 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 01.09.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Рашче-с.Долно Свиларе, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(24) од с.Рашче, удрило во малолетен пешак од с.Долно Свиларе. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 01.09.2021 во 13.37 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Апостол Здравевски“ и ул.„Буковска“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Битола и мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 01.09.2021 во 05.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.И.(34) од Битола излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возчот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

На 01.09.2021 во 11.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Димитар Цветинов“ во Струмица, патничко моторно возило „цитроен ц3“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(36) од Струмица, удрило во велосипед управуван од малолетник од Струмица. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Во текот на изминатото деноноќие (01.09/02.09.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 69 прекршоци.  

На 01.09.2021 во Штип, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Штип го приведоа Т.З.(43) од Штип за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „кражба“. При преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело „кражба“ извршена  околу 10.00 часот од продавница на ул.„Иво Лола Рибар“ во Штип. Украдените предмети биле вратени на сопственикот. Т.З. бил спроведен до Казнено – поправната установа Затвор Струмица.


На 01.09.2021 во СВР Битола, двајца битолчани на возраст од 37 и 45 години пријавиле дека биле измамени од едно лице. Како што е пријавено, тие во повеќе наврати уплатиле сума од околу 12.000, односно 20.000 денари кон одредена фирма со уверување дека уплатуваат за трошоци за вработување во Германија, но и покрај тоа досега не им била понудена работа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 01.09.2021 во 16.08 часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Затвор Штип било пријавено дека во затворот била пронајдена прашкаста материја. Од страна на полициски службеници од СВР Штип била одземена прашкастата материја и предадена за вештачење. Се работи на расчистување на случајот. 


На 01.09.2021 во Полициското одделение Новаци , Л.П.(68) од с.Новаци пријавил дека при изградба на куќа во дворното место во с.Новаци била пронајдена стара неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна. Бомбата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. 


На 02.09.2021 во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, врз основа на наредба од Основен суд Кочани, го привеле И.А.(28) од Скопје за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик.  


На 01.09.2021 во 10.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(35) од Тетово, удрило во велосипед управуван од Ј.П.(65) од Тетово. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово. 


На 01.09.2021 во 15,20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„101“ во Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген т-рок“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(68) од Гостивар и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(24) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Ургентниот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар. 


На 01.09.2021 околу 21.00 часот во СВР Скопје, Р.Ф.(37) пријавила дека во двор од куќа на подрачје на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од В.Ф.(40), С.Ф.(43) и Д.Ф.(18). Во исто време било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Ф. од една страна и С.Ф., З.Ф.(43), Д.Ф. и Н.Ф.(63), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.


На 01.09.2021 околу 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во подрумски простории од  зграда на ул.„23 Октомври.“ Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита,а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. 


На 31.08.2021 во 21.30 часот во Полициската станица Центар, вработена во Домот за деца „25-ти Мај“ пријавила дека од домот се оддалечил нивниот штитеник С.Ј.(13), кој наводно заминал во Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 


ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ќ.Ф.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.01.2021 ул.„Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле преглед кај пријавениот и контрола во возилото кое го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана. 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.И.(27) од с.Морина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болет’’. На 18.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што била потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за домашно лекување и изолација. 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.С.(20) и Р.С.(51), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болет’’. На 17.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ги пронашле пријавените во својот дом и покрај тоа што биле потврдени позитивни случаи на Ковид 19 и имале решение за домашно лекување и изолација.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.А. од с.Шемшово, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 13.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашно лекување и изолација.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(19) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 14.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашно лекување и изолација. 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Е.(22) од с.Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 13.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашно лекување и изолација.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.Л.Д. (42) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’. На 13.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што бил потврден позитивен случај на Ковид 19 и имал решение за домашно лекување и изолација. 


ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Х.А.(25) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемијата“. На 15.08.2021, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што била потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за домашно лекување и изолација.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Д.(48) од с.Сенокос, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 15.08.2021 година, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола и не ја пронашле пријавената во својот дом и покрај тоа што била потврден позитивен случај на Ковид 19 и имала решение за домашно лекување и изолација. 


На 01.09.2021 во 19.30 часот во СВР Скопјем 41 - годишна скопјанка пријавила дека во градинка во населба Автокоманда нејзиното дете било физички нападнато со тврд предмет од вработена,. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Д.(27) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 26.04.2021 околу 22.50 часот бил затекнат како се движи по ул.„Илинденска“ во Тетово и покрај воведената забрана за движење на населението во периодот од 21.00 часот до 05.00 часот.