Извадок на дел од дневни настани 31.08.2021

Во текот на вчерашниот ден (30.08.2021) Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Северна Македонија спроведе зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други). Притоа, биле откриени и санкционирани 41 технички неисправни возила, кои биле соодветно санкционирани. Најголем број од возилата имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед.

На 30.08.2021 околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 30.08.2021 во 20,30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода Д.К.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.08.2021 во 08.30 часот на граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Ќ.(26) од с.Љуботен и Ј.М.(38) од с.Арачиново бидејќи при извршените проверки во службената евиденција било констатирано дека евидираат со мерка „апси“ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по член 288 од Кривичен законик. Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (30.08.2021), СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 65 мерки, меѓу кои 46 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 9 без возачка дозвола, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за нерегистрирани возила, 1 за непрописно престигнување, 3 за некористење сигурносен појас , 2 за користење мобилен телефон, а санкционирани се и два прекршоци сторени од возачи на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

На 30.08.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, при што се преземени 53 мерки. Од вкупниот број на возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина во населено место се 27, додека 26 други возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место. Откриени се и 18 други прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 30.08.2021, Секторот за внатрешни работи Струмица презеде засилени мерки над учесниците во сообраќајот, при што биле констатирани 30 прекршоци сторени од возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Од нив 5 возачи управувале возила со брзина помеѓу 30 и 50 км/ч повеќе од дозволеното. За сите констатирани прекршоци биле изречени соодветни санкции.

На 31.08.2021 во 01.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Делогожда, струшко, Г.С.(61) од с.Делогожда, управувајќи мопед „генерик“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 4 за управување под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, 14 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 47 за непрописно паркирање.

На 31.08.2021 во 01,45 часот на патот Битола-Ресен, на крстосница за с.Кажани, битолско, полициски службеници од СВР Битола го привеле А.М.(54) од Р.Албанија, во врска со член 38 од Законот за прекршоци на Република Северна Македонија, а поради постоење основано сомнение за сторен прекршок по член 9 став 1 од Законот за гранична контрола. Лицето е задржано во СВР Битола за понатамошна постапка.

На 31.08.2021 во 00,25 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Железничката станица Криволак имало повредено лице– мигрант, Р.О. од Авганистан. Според пријавеното, во близина на железничката станица Р.О. се обидел да се качи на товарен воз кој тргнал од станицата кон Скопје, при што се здобил со тешка телесна повреда. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Неготино.

Во текот на изминатото деноноќие (30.08/31.08.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 59 прекршоци.

Вчера (30.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 337 возачи. Од нив, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа,145 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 192 надвор од населено место.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Р.(21) од Прилеп поради постоење основи на сомнениеза сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавениот, на 05.06.2021 во Прилеп пронашол банкнота од 200 евра за која знаел дека е фалсификат и се обидел да ја размени во маркет, но вработените се посомневале во исправноста на банкнотата, по што пријавиле во ОВР Прилеп.

 

Денеска (31.08.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни информации и судска наредба, извршија претрес на дом на Џ.Љ. (63). При претресот е пронајдена автоматска пушка од кинеско производство, рамка за автоматска пушка и 40 куршуми калибар 7,62 мм..За време на претресот С.Љ. (28) се обидела да ја фрли пушката надвор од куќата, но била забележана од полоициските службеници. Џ.Љ., С.Љ., како и Х.Љ. (35) се приведени во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 396 од КЗ.

 

Педесет и деветгодишна жителка на скопско село, позитивна на „ковид-19“, вчера (30 август) околу 13.00 часот самоволно го напуштила гостиварското Инфективно одделение, излегувајќи преку прозорецот. Набргу потоа, таа била пронајдена и вратена на натамошно лекување. Се расчистува и документира случајот и против неа ќе следува поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

 

На 30.08.2021 во 23.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 21.20 часот на подрачје на Кисела Вода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници од Скопје, при што еден од нив употребил тврд предмет. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член .11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

На 30.08.2021 во 18.20 во СВР Скопје, А.С.(36) од с.Чајлане, скопско, пријавил дека на подрачје на Сарај, по претходно случена сообраќајна незгода и недоразбирање, бил физички нападнат од Б.Ш.(34) од с.Сарај, скопско, А.Ф.(29) и Б.Ф.(27) двајцата од с.Чајлане. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.08.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, како и во неговото патничко возило, при што пронашле и одзеле хероин.

 

ОВР Делчево поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Делчево и против Н.Д.(30) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 20.05.2021, пријавените овозможиле организирање на матурска забава на матуранти од средно училиште од Делчево со присуство на жива музика, што било спротивно на одлуката на Владата со која сите угостителски објекти од 28.04.2021 до 15.05.2021 година се затвораат за посетители после 20.30 часот и не е дозволено организирање на прослави.

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.И.(21) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 12.08.2021, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Х.(29) од с.Сенокос, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 12.08.2021, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(31) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 14.08.2021, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против З.А.(21) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 14.08.2021, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола и не ја затекнале пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.А.(56) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. Полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле контрола и не ја затекнале пријавената во својот дом и покрај тоа што имала решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

 

На 30.08.2021 во СВР Скопје, од правно лице од Скопје било пријавено дека на 27.08.2021 во просториите на правното лице на подрачје на Центар непознат сторител влегол со употреба на сила и одзел поголема количина разни предмети и инвентар. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.08.2021 во 10.05 часот во СВР Скопје, вработен во спортска обложувалница на бул.„Трета македонска бригада“ пријавил дека околу 09.30-09.40 часот две лице влегле во обложувалницата и одзеле пари од него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.08.2021 во 00.30 часот во Полициската станица Центар, воспитувач во дом за деца на ул.„Е.П.Марко“ пријавил дека нивната штитеничка Л.Д.(18) се оддалечила од установата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Б.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 31.05.2021 на патниот правец Прилеп-Градско, пријавениот бил запрен од полициски службеници додека управувал товарно возило „застава ивеко“, при што приложил фалсификувана возачка дозвола.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.И.(42) и К.В.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. Пријавените, на 24.05.2021 биле затекнати на пункт на наплатна рампа Отовица од полициски службеници и покрај забраната за движење на лица во периодот од 22.00 до 05.00 часот.

 

На 31.08.2021 во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Д.(40) од Скопје пријавил дека од дома во се оддалечила неговата сопруга М.Д. (35) . Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.