Извадок на дел од дневни настани 25.07.2021

 На 25.07.2021 во 02.05 часот во угостителски објект во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(23) од с.Студеничани, скопско, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2021 во 16.40 часот на ул.„Тодор Чангов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(37) од Скопје затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2021 во 01.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(25) од Куманово затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2021 во 20.10 часот на ул.„Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Љ.Д.(45) од Охрид затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2021 во 23.50 часот на ул.„Јордан Пиперка“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.И.(25) од с.Србица, кичевско, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2021 во 00.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Х.Д.(21) од Пробиштип и М.В.(22) од с.Градашорци, струмичко, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2021 во 05.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(26) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело кражба. Кај него биле пронајдени украдените предмети и биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.07.2021 во 10.30 часот на Граничен премин Блаце од слобода бил лишен А.К.(50) од Косово затоа што при контрола и преглед на возилото „ауди“ со косовска национална ознака, што го управувал, било констатирано дека се извршени преправки на бројот на шасијата. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, 17 за возење под дејство на алкохол, 17 за управување возило без возачка дозвола...

На 24.07.2021 во 23.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на патот Струмица – Ново Село, во с.Босилово, патничко возило „сеат ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(23) од Струмица, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

На 24.07.2021 во 18.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Булевар Први Мај“ во Битола, Г.К.(19) од Битола, управувајќи мотоцикл „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 24.07.2021 во 20.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола- Прилеп, кај тунелот во Битола, Ј.Л.(51) од Охрид, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

На 24.07.2021 во 16.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ж.Н.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Блажо Орландиќ“ била касната од куче скитник.

На 24,.07.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Драчево, М.А.(37) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (24.07/25.07.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 29 прекршоци.

На 24.07.2021 во 21.00 часот на Кеј „Македонија“ во Охрид, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид го привеле А.В.(31) од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за спровод во казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Денеска (25.07.2021) во 12.00 часот на место викано „Шуманов чукар“, атар на Берово, полициски службеници ги затекнале Д.В. и М.В. од с.Ратево, беровско, при нелегална сеча на букови стебла. За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2021 во 10.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.М.(67) од Скопје затоа што околу 08.30 часот во маркет на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес од П.Д.(82) од Велес одзел паричник со пари и лични документи. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (25.07.2021) во периодот од 02.30 до 04.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во угостителски објект во с.Неготино, гостиварско, сопственост на Ф.Т.(51) од с.Неготино. При контролата, во објектот биле затекнати пет македонски државјанки и една албанска државјанка, која била приведена поради злоупотреба на туристичкиот престој. Исто така, било констатирано дека во објектот не се почитуваат протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19. Сопственикот Ф.П. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 24.07.2021 во 18.00 часот на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден нож. Против него ќе биде поднесена пријава по член 80 од Законот за оружје.

На 25.07.2021 во 06.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода К.С.(22) од с.Јакимово, виничко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2021 околу 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- Велес, во близина на с.Катланово, Л.Д.(47) од Скопје, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Т.(47) од Скопје, а возачот Л.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

На 24.07.2021 на ул.„Пресека“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги пронашле Д.Д.(14) од Скопје, М.А.(14) од Струмица и С.Ј.(13) од Скопје за кои претходно од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушително поведение било пријавено дека се оддалечиле од установата. Тие биле предадени на воспитувач од установата.

На 25.07.2021 во 04.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница од ул.„Климентова“ со ул.„Ленинова“ во Неготино, К.Т.(24) од с.Тимјаник, неготинско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со неготински регистарски ознаки, изгубил конрола и излетал од коловозот. Во незгодата К.Т. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот М.Ј.(25) од с.Пепелиште, неготинско, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

На 24.07.2021 во 20.54 во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.,,Стамен Јакимов“ во с.Теранци, кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа“ со скопски регистарски, управувано од И.А.(27) од Скопје и мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Теранци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

На 24.07.2021 околу 19.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 17.40 часот на Кеј „4ти Јули“ во Прилеп, возило удрило во М.А.(61) од Прилеп, која управувала велосипед и го напуштило местото. Во незгодата, М.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.

На 24.07.2021 во 15.06 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека во Хирушкото одделение бил донесен 17-годишник од с.Пирок, општина Боговиње, со рана од огнено оружје во пределот на градите. По преземени мерки било утврдено дека во домот на Ј.М. во с.Пирок, кој бил во Швајцарија, неговиот син и повредениот малолетник го пронашле пиштолот и додека синот на Ј.М. го држел пиштолот испукал еден куршум. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2021 во 01.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(25) од с.Љубанци, скопско, затоа што претходно физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.07.2021 во 04.20 часот во Полициската станица Карпош, Џ.З.(31) од Скопје пријавил дека околу 03.15 часот во угостителски објект во Градскиот парк бил физички нападнат од едно лице вработено како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.07.2021 во 01.40 во СВР Скопје, С.М.(40) од н.Илинден, Скопје, пријавил дека околу 00.45 часот, додека бил на своето работно место во угостиелски објект во населба Илинден, бил физички нападнат од И.„Н“ од с.Бунарџик, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.07.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Центар, И.Д.(24) од Скопје пријавила дека на околу 03.00 часот во угостителски објект на бул.„Партизански одреди“ била физички нападната од друго женско лице Б.У. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.07.2021 околу 03.00 часотво Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Чешиново настанал пожар во помошни објекти од дворното место на куќа сопственост на Г.И.(43). Од пожарот целосно изгореле кровната конструкција на гаражата, амбарот и магацинска просторија, еден трактор и вреќи со ориз и други предмети. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Кочани.

На 24.07.2021 околу 15.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Гостиражни, прилепско, малолетник од с.Горно Јаболчиште, додека се играл, паднал од тераса од куќа сопственост на М.К., по што бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.07.2021 во 21.45 часот во СВР Скопје, К.Д.(47) од Скопје пријавил дека во центарот на градот едно лице со закана му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори “. На 10.05.2019 на регионалниот пат Маврово – Дебар, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило „мерцедес“, кое го управувал пријавениот, при што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(21) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.02.2019 во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 25.07.2021 во 14.50 часот во СВР Скопје, Г.Т.(59) од Скопје пријавила дека околу 00.05 часот во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, била физички нападната од лице вработено во објектот. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од с.Жеровјане, општина Боговиње и против А.А.(31) од с.Боговиње, одговорно лице во угостителскиот објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.06.2021, полициски службеници извршиле контрола во објектот и било констатирано дека работи во затворени простории и во внатрешноста биле затекнати гости и 12 лица ангажирани во објектот, со што постапиле спротивно на одлуката на Владата со која се дозовлува работа само на отворените делови-терасите на угостителските објекти.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.З.(18), Д.Р.(17) и Х.Д.(17), сите од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство’’. На 14.05.2021 на ул.„Илинденска“ во Тетово пријавените физички го нападнале А.Е..

На 25.07.2021 во 15.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од залутано зрно бил донесен С.С.(37) од с.Шишево, општина Сарај. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.