Извадок на дел од дневни настани 23.07.2021

На 23.07.2021 во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода Г.Љ.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.07.2021 во 00.10 часот на паркинг на локалниот пат во тетовско Лешок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Л.Ф.(22) од скопско Дворце-Радуша, затоа што кај него била пронајдена марихуана.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува поднесок.

На 22.07.2021 во 22.15 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош бил лишен од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.07.2021 на ул.„Питу Гули“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Н.(38) од Прилеп. По добиена судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени една дигитална вага и еден сигнален пиштол. Тој е приведен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Струмица на 22.07.2021 презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 33 пречекорувања на брзината, од кои едно за управување со брзина над 50 километри на час над дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Денеска (23.07.2021) на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола биле констатирани пет прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. Одземен е еден мопед заради измината важност на регистрацијата. На 22/23.07.2021 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за управување на возило под дејство на алкохол. За време на контролата биле констатирани четири прекршоци. Сите возачи биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и издадени им биле прекршочни платни налози. На 22.07.2021 преземени биле 100 мерки за возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, 7 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 1 за непрописно престигнување и 1 за некористење на сигурносен појас. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.

На 22.07.2021 во 17.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Ферид Мурати“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од Скопје и мопед „баотиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(44) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 22.07.2021 во 19.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.С.(61) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Наумов Алабакот“ била касната од куче скитник.

На 22.07.2021 во 21.50 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.И. од Скопје пријавила дека на ул.„Индира Ганди“ била касната од куче скитник 

23  Јули, 2021






Денеска (23.07.2021) во 12.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.А.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, дигитална вага и нож со остатоци од кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 22.07.2021 во 23.30 часот, при извршена контрола на плажа во Охрид, кај М.Б.Т.(19) од Скопје, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 22.07.2021 во 13.02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12.30 часот, при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани, починал Г.К.(48) од Кочани. Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.


На 23.07.2021 во 07.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, товарно возило „Ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(46) од Скопје, излетало од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Увид извршила увидна екипа од СВР Охрид.


На 22.07.2021  во Полициска станица Прилеп пријавено е дека во Јавна здравствена установа „Борка Талески“ во Прилеп е донесен малолетник од с.Пресил, крушевско, со тешки телесни повреди од огнено оружје. Увид извршила увидна екипа на ПС Крушево и ПС Прилеп, при што било констатирано дека во с.Пресил, во семејната куќа на Џ.И.(43), кој во моментот не бил дома, неговиот малолетен син истрелал од ловна пушка, која ја поседувал Џ.И., при што го повредил малолетниот братучед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 23.07.2021 околу 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, дека му била пружена лекарска помош на М.Ш. (29) од Скопје кој имал повреда во ногата од залутано зрно. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 23.07.2021 околу 04.00 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(35) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 22.07.2021 полициски службеници од Полициската станица Свети Николе го лишиле од слобода К.Г.(65) од Свети Николе, бидејќи во 19.20 часот на ул.,,Кумановска“ во Свети Николе се обидел со остар предмет да го нападне Б.Г.(43) од Свети Николе. По комплетирање на случајот против К.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 22.07.2021 околу 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Огњан Прица“ едно лице со закана кон вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


На 22.07.2021 во 15.00 часот во Полициското одделение Арачиново, Е.М.(29) од с.Никуштак, општина Липково, пријавил дека околу 11.30 часот, додека бил со неговиот братучед И.М., по локалниот пат од с.Никуштак кон с.Арачиново, во близина на угостителски објект, бил физички нападнат со тврд предмет од С.К. од с.Орланци и уште четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 22.07.2021 околу 17.00 часот на ул.„Пере Тошев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје запреле патничко возило „фолксваген голф“, со словенечки национални ознаки за кое добиле сознанија дека направило сообраќајна незгода на бул.„Никола Карев“ и го напуштило местото. Притоа, полициските службеници го лишиле од слобода совозачот В.Е.(43) од Скопје, додека возачот Р.Р.(45) од Скопје со возилото удрил еден од полициските службеници и се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 23.07.2021 во 04.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице со употреба на сила влегло во спортска обложувалница на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, но не одзело ништо. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


На 22.07.2021 околу 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на тротоар на ул.„Димитрија Чуповски“ во Скопје било забележано повредено женско лице. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека станува збор за Т.С.(34) од Скопје, која според исказите на семејството имала здравствени проблеми и најверојатно паднала од тераса. Таа била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.