Извадок на дел од дневни настани 20.07.2021


 На 19.07.2021 на паркинг простор пред хотел во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Д.Б.(35) од Скопје, затоа што бил затекнат при извршување тешка кражба од возило. Украдените предмети му биле одземени, а тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2021, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 51 мерка, меѓу кои 15 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 14 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 6 за нерегистрирани возила, 1 за управување под дејство на алкохол, 1 за минување на црвено светло, 1 за непрописно престигнување, 3 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 7 прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

На 20.07.2021 во 02.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во рудникот „Суводол“, во одрон од земја, бил пронајден затрупан машинистот К.Т.(38) од Прилеп. Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле Трудов инспектор и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 19.07.2021 во 14.15 часот на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Д.С.(25) од Кичево, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Подоцна, од неговиот дом се одземени 13 ќеси со марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Втора македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Блаце, скопско, и мотоцикл „лифан“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(23) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот, Џ.Х.(23) од Скопје, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Во текот на изминатото деноноќие (19.07/20.07.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 23 прекршоци.

На 19.07.2021 во ОВР Кавадарци, В.Т.(68) пријавила дека била касната од куче, сопственост на нејзиниот сосед. Против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.07.2021 во СВР Скопје било пријавено дека во Здравствена установа „Аџибадем Систина“ во Скопје со тешки телесни повреди од сообраќајна незгода била донесена Х.Ј.(24) од Скопје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и по кажување на Х.Ј. на 19.07.2021 во 15.30 часот на ул.„Благоја Стефковски“, управувајќи патничко возило „нисан кашкаи“, учествувала во сообраќајна незгода со патничко возило „тојота“, управувано од М.М.(32) и патничко возило „пежо“, управувано од С.Т.(40) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки, за која учесниците во незгода пополниле Европски извештај. Според нејзината изјава, околу 18.00 часот почуствувала болки и се јавила на лекарски преглед. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), девет за непочитување на првенство на минување, 44 санкции за непрописно паркирање.

На 19.07.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, С.С.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Парапунов“ бил каснат од куче скитник.

На 19.07.2021 во 20.50 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Кичево, на место викано „Гранит“ кај с.Суводол-Македонски Брод, патничко возило „фолксваген шаран“, со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.П.(64) од Македонски Брод, удрило во Е.З.(31) од с.Брест-Македонски Брод. Во незгодата Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.

На 19.07.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција е лишен од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“. Тој на 18.06.2021 во нас.„Илинден“ со употреба на физичка сила од Л.Т.(74) одзел пари. По насоки на Јавен обвинител тој е задржан во Полициска станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на материјалот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.


На 19.07.2021 полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода А.Б.(26), државјанин на Република Турција, затоа што во 17.40 часот при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По комплетирање на случајот против А.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 20.07.2021 околу 01.00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско Мало Турчане, кој дваесетина минути пред тоа, според пријавеното, физички ја нападнал Ј.Ј.(60), вработена во Службата за брза помош, а оштетил и дел од инвентарот во просториите. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.


На 19.07.2021 во 16.15 часот, полициски службеник од СВР Скопје во с.Горно Нерези пронашол ќесе со марихуана. Дрогата била подигната од местото и се работи на расчистување на случајот.


ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Ш.(47) од струшкото село Радожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. При извршен инспекциски надзор било утврдено дека на катастарска парцела во селото, без соодветно одобрение, изградил надградба на објект.


На 19.07.2021 во 10.45 часот во Полициското одделение Петровец, 36-годишна жена од скопско село пријавила дека во текот на јули 2020 А.А., колега на нејзиниот сопруг, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Како што е пријавено, пред еден месец тој повторно се обидел да изврши обљуба врз малолетничката, но родителите за овие настани дознале отпосле.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 19.07.2021 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор на подрачјето на Гази Баба во Скопје, поради нерасчистени семејни односи и меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Р.(30) и А.Ш.(21), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


На 19.07.2021 во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.00 часот во Гинекологија „Чаир“ so влошена здравствена состојба била донесена Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец. Според пријавеното, кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(28) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 20.01.2021, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле мешавина од психотропните супстанци амфетамин и метамфетамин.


На 19.07.2021 околу 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа на автопатот Скопје–Тетово, две лица со закана кон вработените ги одзеле парите од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.К.(48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 18.11.2020, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле пиштол, за кој не поседувал дозвола.


На 20.07.2021 во 03.25 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Единицата за недозволена трговија поднесе кривична пријава против А.Р.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 13.01.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што пронашле и одзеле марихуана.