Извадок на дел од дневни настани 18.07.2021

На 17.07.2021 во 11.30 часот на подрачјето на Карпош од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода С.В.(41) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени марихуана и кристализирана материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.07.2021 полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С.Т.(27) и А.Т.(24), двете од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, по добиена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Кавадарци, извршен е претрес во дом и помошни простории во Кавадарци, каде двете лица престојуваат, при што се пронајдени и одземени таблети „екстази“, марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага. Лицата се приведени во ОВР Кавадарци, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен пријава по член 215 од Кривичниот законик.

На 17.07.2021 околу 10.50 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници од СВР Скопје е приведен М.М.(18) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.07.2021 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости. Исто така, приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.07.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 501 возачи. Од нив, 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

На 17.07.2021 во 15.45 часот на ул.„8“ во с.Долно Соње, скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила „фолксваген голф“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Ќ.Б.(53) од с.Св.Петка, скопско, а другото управувано од С.А.(21) од с.Чифлик. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со повреди се здобиле сопатничките А.Б.(22) и уште едно малолетно лице, сите од с.Св.Петка, како и возачите на двете возила Ќ.Б. и С.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

На територијата на град Скопје на 17.07.2021 изречени се вкупно 262 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, 15 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, девет санкции за возачи почетници, 27 санкции за управување без возачка дозвола, 31 санкција за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење на сигурносен појас, три санкции за недавање на првенство на минување на пешаци, пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, 56 санкции за непрописно паркирање.

На 16.07.2021 околу 15.30 часот на ул.„3“ во с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота ајго“, со пробни регистарски таблички, управувано од А.З.(28) од с.Стајковци, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(45) од с.Булачани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.З.(19) од с.Стајковци, сопатничка во возилото „тојота ајго“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

На 17/18.07.2021 во периодот од 21.00 од 02.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 116 возачи.

На 17.07.2021 во 17.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“ од полициски службеници е приведен A.A.(24), кој приложил француска лична карта, а по извршена пасошка контрола и проверка во службената евиденција е утврдено дека лицето нема остварено влез во државата со доставениот личен документ, туку на 17.07.2021 влегол во државата на Граничниот премин „Блаце“ со албанска патна исправа на негово име, која била пронајдена кај него. Лицето е предадено на полициски службеници од Регионалниот центар-Север за понатамошна постапка.

На 17.07.2021 во во 10.30 часот во СВР Скопје, К.Ѓ.(39) од Скопје пријавила дека на ул.„50-та дивизија“ била касната од куче скитник.

Во текот на изминатото деноноќие (17.07/18.07.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 33 прекршоци.
                                   


На 17.07.2021 година во 02.00 часот, во ОВР Кичево приведен е М.З.(23) од Кичево, кај кого, при преглед во патничко возило „мерцедес“, на ул.„11 Септември“, пронајдена е и одземена марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


При сообраќајни контроли извршени на подрачјето на СВР Охрид на 17/18.07.2021 во периодот од 21.00 до 02.00 часот, полициските службеници регистрирале 14 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-05, Кичево-01). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 


На 18.07.2021 од 01.35 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициска станица Гостивар е приведен и задржан С.Ф.(33) од с.Беловиште, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од М.И.(30) од Гостивар според која околу 00.20 часот во простории на такси компанија во Гостивар, по претходна расправија, бил физички нападнат од пријавениот, по што настанала меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 16.07.2021 околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека З.З.(40) од Скопје, додека извршувал работни обврски во пазарот Бит Пазар во Скопје, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Полициски службеници излегле на местото на настанот. 


На 17.07.2021 во 10.40 часот од полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Џон Кенеди“ е пронајден С.Ј.(13) од Битола, кој на 14.07.2021 бил пријавен дека самоволно се оддалечил од Јавната установа за згрижување на деца - Скопје.


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.Д.(34) и И.В.(37), двајцата од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,  психотропни супстанции и прекурсори“  и  „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 05.12.2019 во угостителски објект во с.Чешиново, кочанско, полициски службеници, при извршен преглед над пријавените и на изнајмено патничко возило „хонда“, пронашле и одзеле кокаин.


На 17.07.2021 во 10.30 часот во СВР Скопје, Г.Т.(23) од Струга пријавила дека на ул.„50 дивизија“ во Скопје била нападната од куче скитник, по што паднала и се повредила. 

 

На 17.07.2021 околу 21.50 часот во Полициска станица Кратово е пријавено дека пред стоковна куќа во Кратово, Д.Г.(25) од с.Крилатица, кратовско и А.К.(24) од Кратово физички го нападнале С.П.(52) од Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


ОВР  Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против Б.Д.(21) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 05.02.2020, при извршен претрес во куќа во Свети Николе, сопственост на П.Д., татко на пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана. 


На 18.07.2021 во 03.20 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е приведен М.С.(41) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во близина на угостителски објект во Тетово физички ја нападнал поранешната сопруга М.С.(36) од Тетово. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


На 17.07.2021 во 23.35 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека пред угостителски објект во Кратово, Б.Т.(25) и А.К.(24), двајцата од Кратово физички го нападнале Б.П.(44) од Кратово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Р.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Пријавениот, во текот на 2019 година, узурпирал површина покрај Дебарското Езеро, сопственост на Република Северна Македонија, со вкупна површина од 129м2 и на неа бесправно изградил објект за домување од втора категорија, со што го оштетил буџетот во износ од 255.420 денари.


На 18.07.2021 во 02.00 часот во СВР Битола, Е.М.(40) од Битола пријавил дека на 17.07.2021 околу 21.10 часот на место викано „Сточен пазар“ во Битола бил физички нападнат од М.Р., А.Р., А.Р., Н.Н. и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 17.07.2021 околу 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Гази Баба, едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.С.(27) од  Македонска Каменица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 15.10.2020 на магистралниот пат на влез во Македонска Каменица, од полициски службеници бил извршен преглед во патничко возило „голф“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и цигари со мешавина од тутун и марихуана.


На 18.07.2021 околу 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на подрачјето на Чаир, две лица со употреба на физичка сила од чуварот Е.Р. одзеле пари и алат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 18.07.2021 во СВР Струмица е пријавено дека околу 03.00 часот В.М. пријавил дека настанал пожар во столарска работилница на подрачјето на с.Ново Село, струмичко, сопственост на Д.Љ. од с.Ново Село, при што биле опожарени објектот, работни машини, предмети и градежен материјал. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.


ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Гевгелија и Т.Д.(35) од Гевгелија, управител во правното лице, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Имено, првопријавеното правно лице и второпријавениот, иако биле должни да постапуват согласно мерките за спречување на внесување и ширење на вирус Ковид–19 и да го ограничат бројот на гости согласно мерката предвидена во oдлука и протокол за отварање и работа на кафетерии, како и да го обезбедат потребното растојание, при извршен увид на 27.03.2021 во 20.50 часот било констатирано дека угостителскиот објект работи без да ги почитува здравствените протоколи.


На 17.07.2021 околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Бузалково, велешко, Ј.Ј. заедно со уште десетина лица физички ги нападнале Б.А.(22) и Г.А.(24), двајцата од с.Горно Јаболчиште – Чашка, при што им одзеле патничко возило „бмв 320“, во кое се превезувале оштетените. За настанот е известен е Јавен обвинител, а на местото на настанот извршен е увид од екипа од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(63) од с.Балиндол, М.Б.(51) од с.Боливиште, гостиварско и правно лице од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.05.2021 во 08.10 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, од полициски службеници, при контрола на  автобус „сетра“, сопственост на правното лица, а управувано од М.Б., било констатирано дека во возилото се превезувале 42 патници, што е повеќе од дозволениот максимум 75% од вкупниот капацитет определен во протоколот за вршење на превоз на патници и одлуката за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест Ковид-19, додека М.Б., во својство на одговорно лице во правното лице, со пропуштање на должен надзор, овозможил М.Б. да врши меѓународен превоз на патници повеќе од предвидениот максимум.


На 17.07.2021 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во авто-перална на подрачјето на Драчево, сопственост на Ј.Т.(36) било забележано залутано зрно. Полициски службеници од Полициска станица Драчево излегле на местото на настанот при што пронашле зрно кое го оштетило покривот на авто-пералната. Повредени лица нема, од екипа од СВР Скопје проектилот е подигнат за понатамошна постапка.