Извадок на дел од дневни настани 14.06.2021


 На 13.06.2021 во 23.10 часот на магистралниот пат Штип-Велес, во нас.Три чешми, полициски службеници го лишиле од слобода В.Т.(38) од Скопје. При преглед во патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11, 12 и 13.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот. Притоа, било констатирано дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 60 возачи управувале возила без возачка дозвола, под дејство на алкохол управувале 33 возачи и биле исклучени од сообраќај, 17 возила биле со измината регистрација, пет возачи разговарале на мобилен телефон. За сите неправилности биле издадени соодветни поднесоци.

На 13.06.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 93 мерки, и тоа: 35 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, 2 за управување без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, две за возачи почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, 3 за возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол, 5 за престигнување на недозволени места, 2 за недавање на првенство на минување на пешаци, 6 за возачи кои не користеле сигурносен појас, 3 за возачи кои користеле мобилен телефон.

На 13.06.2021 од 00.00 часот до 04.00 часот констатирано е дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (13/14.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија за мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 108 прекршоци.

На 13.06.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеновски“ во Скопје, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(33) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници С.Н. и А.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.06.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол, 5 санкции за користење мобилен телефон, 32 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три за нерегистрирани возила, 14 санкции за непрописно паркирање.

На 13.06.2021 во 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Беласица“ во Скопје, после крстосницата со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(38) од Скопје, удрило во пешакот И.А.(40) од с.Бајрамици, Центар Жупа. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Валандово и А.Б.(43) од с.Балинци, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 01.08.2020 во 22.00 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, сопственост на А.Б., при што било констатирано дека на повеќе маси биле присутни повеќе лица, а бил организиран и музички настан со музика во живо, со што било постапено спротивно на протоколот за отворање и работа на угостителски објекти.

На 12.06.2021 во 01.00 часот, при контрола на угостителски објекти на подрачјето на Куманово, полициски службеници од СВР Куманово констатирале дека казино на ул.„Доне Божинов“ работи по дозволеното работно време. Во објектот биле затекнати шест лица гости и тројца вработени. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(41) од с.Босилово, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 03.05.2021 полициски службеници извршиле контрола во домот на А.С., но не го пронашле и покрај тоа што имал решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

На 13.06.2021 на аголот од ул.„Кочо Палигора“ со ул.„Кичевска“ во Битола, полициски службеници од Одделот за недозволена трговија при СВР Битола пронашле пакување со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.06.2021 во 18.50 часот во СВР Скопје, Г.Т.(50) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот, додека извршувал работни задачи во сервис на подрачје на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат со тврд предмет од С.И.(36) од с.Сингелиќ, скопско. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 13.06.2021 во Полициската станица Кичево, Г.К.(49) од Кичево пријавил дека на ул.„Тренко Тасески“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

На 14.06.2021 во 01.20 часот во СВР Скопје, Љ.А.(28) од Скопје пријавил дека на 13.06.2021 околу 23.45 часот на подрачје на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.