Извадок на дел од дневни настани 13.06.2021


 На 12.06.2021 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар ја лишиле од слобода Г.С.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај неа билe пронајдени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.06.2021 во 21.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево го лишиле од слобода Д.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 12.06.2021 од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија од слобода се лишени Т.Т.(32) од Скопје и А.Н.(30) од Охрид. При преглед извршен над нив, полициски службеници кај двајцата пронашле и одзеле амфетамини. За настанот е известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

На 12.06.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 28 мерки, од кои 5 за управување без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 15 санкционирани мотоциклисти и 7 возачи кај кои е утврдено присуство на алкохол.

На 12.06.2021 во 22.30 часот во Полициското одделение Петровец биле приведени Н.Б.(26), С.Е.(27) и М.Г.(20), сите од с.Брест, поради постоење основи на сомнение дека во с.Јурумлери, скопско, во плац за дрва истовариле огревни дрва од товарно возило, на кои немало доволен број на жигови, а воедно приведените немале ни документи за идентификација. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 13.06.2021 во периодот од 00.00 часот до 04.00 часот било констатирано дека 43 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (12/13.06.2021) на територијата на Република Северна Македонија за мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 117 прекршоци.

На 12.06.2021 во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 за управување под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.С.(34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 07.10.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот кој го користел пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 13.06.2021 во 01.35 часот во Полициската станица Прилеп бил лишен од слобода Д.В.(30) од Прилеп, затоа што околу 01.00 часот на ул.„Мечкин Камен“ физички го нападнал Д.Д.(27) од Прилеп и му го оштетил возилото „пасат“, со прилепски регистарски ознаки. Притоа, Д.В. пријавил дека во истиот период и на истото место бил физички нападнат од Д.З. од Прилеп. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 12.06.2021 во 23.00 часот во Демир Хисар од полициски службеници бил лишен од слобода Д.Б.(23) од Демир Хисар, поради постоење основи на сомнение дека на ул.„Битолска“, пред угостителски објект, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 13.06.2021 во 03.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар настанал пожар во стан сопственост на В.З.(60), при што целосно била опожарена една соба. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а М.К.(28) поради вдишан чад бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 13.06.2021 во 01.15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(27) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение дека на 12.06.2021 околу 18.00 часот физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 12.06.2021 околу 14.00 часот на место викано „Скалата“, атар на с.Илиово, делчевско, од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и од ОВР Делчево од водите на езерото Калиманци е извадено безживотното тело на Т.С.(51) од Делчево, за кого во 12.20 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека се оддалечил од домот и отишол на риболов. Малку подоцна од езерото било извлечено и патничкото возило „застава 128“, со кочански регистарски ознаки, кое Т.С. го управувал. Увид извршиле увидна екипа и Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Делчево, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.С.(33) од с.Беловиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 16.05.2021 на ул.„ЈНА“ во Гостивар, пријавениот не застанал на знак за запирање од полициски службеници и со возилото се обидел да удри поициски службеник кој извршувал службени дејствија.

На 12.06.2021 во 18.30 часот во Полициска станица Карпош, К.З.(39) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот, во близина на училиште, неговата малолетна ќерка, поради претходна расправија, била нападната од малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.06.2021 во 12.20 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосницата од бул.„Трета македонско ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И.(31) од Куманово и мотоцикл „пјаџо“, сопственост на МВР, управуван од Ќ.Б.(24) од с.Черкези, кумановско. Во незгодата возачот на мотоциклот се здобил со телесни повреди констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

На 12.06.2021 во 22.30 часот А.Б.(41) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање на социјалните мрежи, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.06.2021 во 23.30 часот Т.А.(35) од Штип пријавил дека околу 19.30 часот во с.Нова Маала, струмичко, по претходна расправија, бил физички нападнат од неколку лица, кои му ги одзеле телефонот и личните документи. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.06.2021 во 14.00 часот М.Џ.Х.(53) од Велика Британија, со престојувалиште во Тетово, пријавил дека околу 13.35 часот во Тетово, по претходно недоразбирање во сообраќајот, неколку лица му го оштетиле неговото патничко возило „рено“. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.06.2021 во 17.00 часот Е.М.(49) од Скопје пријавила дека на 11.06.2021 околу 15.00 часот на подрачјето на Центар нејзината малолетна ќерка била нападната од малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(25), И.М.(60), М.М.(27) и Ќ.М.(58), сите од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.03.2021 во с.Теарце, откако М.М.(25) во Полициското одделение Теарце пријавил поплака против М.М.(27), настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што пријавителот физички нападнал и полициски службеник, кој извршувал службени дејства.

На 13.06.2021 во 01.40 часот во СВР Скопје А.К.(23) од Скопје пријавил дека на 12.06.2021 околу 23.30 часот на подрачјето на Центар бил пресретнат од Е.Р., кој држел остар предмет и уште две лица, од кои едното вперило пиштол кон него. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.