Извадок на дел од дневни настани 10.06.2021

 

На 09.06.2021 во 21.40 часот на патот Битола-Ресен, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и од Полициско одделение за БПС од ОВР Ресен ги лишиле од слобода С.Ф.(39) од Скопје, со живеалиште во Ресен и Ш.А.(54) од Ресен. При преглед во патничко возило „опел“, управувано од С.Ф., а сопатничка била Ш.А. бил пронајден и одземен хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.06.2021 во периодот од 22.15 часот до 23.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(49) од с.Желино. При контролата било констатирано дека објектот работи спротивно на прописите на Владата донесени за работа на угостителски објекти за време на епидемија. Во објектот биле затекнати 19 лица - гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С. и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

На 09.06.2021 во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 10.00 часот, додека М.К.(46) вршел земјоделски работи на нива во атар на с.Паликура, неготинско, пронашол три стари неексплодирани гранати. Од вработен од Дирекцијата за заштита и спасување гранатите биле безбедно подигнати, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Од 00.00 часот до 04.00 часот (10.06.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (09/10.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 98 прекршоци.

На 09.06.2021 од 15.00 до 21.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, биле регистрирани 34 прекршоци, од кои 25 во Велес, три во Кавадарци и шест во Неготино, кои биле соодветно санкционирани.

На 09.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 26 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, четири возачи разговарале на мобилен телефон и две возила биле со измината регистрација. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 09.06.2021 во 09.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле С.Б.(31) од Косово поради пречекорен престој во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

На 09.06.2021 во 14.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници ги привеле М.П.(29) од Црна Гора и Р.Р.(31) од Хрватска поради пречекорен престој во РСМ. Лицата биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

На 09.06.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на надвозникот во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „цитроен ксара пикасо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Велес, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Љ.Б.(53) од Велес, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници Ј.К.(19) и А.Б.(22), двајцата од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.06.2021 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Љуба Ивановиќ“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо 108“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(57) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 09.06.2021 во 21.10 часот во Полициската станица Карпош, И.Ј.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Вич“ била касната од куче скитник.

На 09.06.2021 во 22.30 часот во Полициското одделение Сарај, В.И.(69) од Скопје пријавил дека во с.Долно Свиларе бил каснат од куче скитник.

 

 На 09.06.2021 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Е.(47) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.С.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.12.2020 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.


На 09.06.2021 во 12.30 часот во ОВР Кочани, 28-годишен жител на село од општина Зрновци пријавил дека на 07/08.06.2021 бил измамен за сума од 76.500 денари од лице со кориснички фејсбук профил М.И.. Според пријавеното, женското лице успеало да ги обезбеди неговите лични податоци и податоците за неговата транскациска сметка и без негова согласност во два наврати аплицирала за брзи кредити во негово име. Исто така, според пријавеното, кога пристигнале парите на негова сметка го довела во заблуда дека парите ги испратиле нејзини роднини од странство, по што и ги дал парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 09.06.2021 во ОВР Крушево, 57-годишен маж од с.Локвени пријавил дека бил измамен при купување нива. Според пријавеното, пред четири години купил нива во с.Локвени за сума од 7000 евра  од лицето З.Ј. со преддоговор за купопродажба, а во меѓувреме  продавачот починал и како сопственик на нивата се води трето лице, за што се сомнева дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(45) од с.Нераште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. Пријавениот, кривичните дела ги извршил во периодот од 17.04.2021 до 23.04.2021 во колонијални продавници на подрачје на Тетово и околината, каде влегувал со употреба на сила и одземал разни предмети.


На 09.06.2021 околу 12.10 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во дом на ул.„Плавица“ во Пробиштип, сопственост на Ј.Ј.(61) и С.Ј. од Пробиштип,  експлодирала плинска боца. Притоа, со повреди се здобила Ј.Ј. и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 09.06.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје, С.М.(48) пријавил дека околу 12.30 часот на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


На 09.06.2021 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред болница на подрачје на Ѓорче Петров, Д.А.(55) од Скопје физички нападнал малолетник. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


На 09.06.2021 во 22.30 часот во СВР Скопје, В.Т.(48) од Скопје пријавил дека на 04.06.2021 околу 20.00 часот на подрачје на Кисела Вода, додека неговиот малолетен син бил заедно со уште неколку негови другари, бил физички нападнат со тврди предмети од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 09.06.2021 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, поради меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.М.(47), И.М.(52), С.М.(40), И.М.(49), Н.М.(37) од една страна и Ф.Р.(19), Р.С.(18), С.С.(32) и М.С.(27), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


На 10.06.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, Д.И.(40) од с.Волково, скопско, пријавил дека на 09.06.2021 околу 19.30 часот на плоштад на подрачје на Карпош, бил физички нападнат од Д.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 09.06.2021 во 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска обложувалница во с.Трубарево, скопско, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 17 - годишен малолетник од с.Трубарево, скопско и А.А.(22) од с.Орланци, скопско. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.


На 09.06.2021 во 22.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во спортска обложувалница во с.Волково, скопско, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурност“ и „телесна повреда“. Пријавениот, на 21.05.2021 во угостителски објект во Куманово физички ја нападнал М.Б., со која бил во врска, при што и нанел повреди.


СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.А.(32) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 05.04.2021 во угостителски објект во Струмица, пријавениот се однесувал агресивно и упатил закани кон полициски службеник кој вршел службени дејствија.  


На 09.06.2021 во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово, при интервенција по поплака, во куќа на Б.К.(53) во село Ваксинце затекнале две лица мигранти Р.М.А.(36) и Б.А.(39)  од Пакистан. Мигрантите биле предадени во Транзитен центар до нивно сослушување. Против сопственикот на куќата Б.К. ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот.