Извадок на дел од дневни настани 09.06.2021

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли…

 

На 09.06.2021 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Ј.(22) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

 

На 08.06.2021 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода М.Д.(25) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.06.2021 околу 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од с.Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје. Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С.. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б.. По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје.

Од 00.00 часот до 04.00 часот (09.06.2021) констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 133 прекршоци.

На 08.06.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 63 мерки, меѓу кои 30 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 15 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 4 за не користење на заштитен шлем-кацига, 2 за некористење сигурносен појас...

На 08.06.2021 во ОВР Крушево било пријавено дека на локален пат с.Бучин-с.Пресил се случила собраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“ без регистарски ознаки, управуван од И.Г.(20) од с.Суводол, демирхисарско и патничко моторно возикло „пежо“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од М.С.М.(24) од с.Бучин. По незгодата И.Г. бил пренесен во Медицински центар „Борка Талески“ Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станицаКрушево.

Полициски службеници на СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер (8 јуни) од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово.При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости. Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години.Тие се лишени од слобода заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 08.06.2021 во 08.00 часот на автопатот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ш.(37) од Прилеп и патничко моторно возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.А.(26) од с.Шивец, кавадаречко. По незгодата, од доктор во Градската болница Прилеп на сопатници во возилото „фиат пунто“, П.Ш.(63) и Ј.Ј.(38) од Прилеп им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

СВР Скопје - ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против А.Н.(35) и А.Д.(26), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба на дрзок начин“. Врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија дека во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде одзеле пари и платежни картички, на 08.06.2021 биле извршени претреси во нивните домови. При претресите биле пронајдени и одземени повеќе предмети поврзани со кривичните дела меѓу кои и платежни картички во сопственост на оштетени лица. Тие биле приведени во полициска станица, а на првопријавениот му бил одреден и притвор од судија на претходна постапка.

На 08.06.2021 во 17.30 часот било пријавено дека на ул.„Душан Цветаноски“во с.Ропотово, патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(40) од с.Ропотово удрило во велосипед, управуван од малолетник од с.Ропотово. Во незгодата малолеМинистерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли…


На 09.06.2021 во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода Д.Ј.(22) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење. По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 08.06.2021 во 23.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода М.Д.(25) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.06.2021 околу 23.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(50) од Студеничани, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(28) од Скопје, патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.И.(30) од с.Студеничани, патничко возило „хјундаи аксент“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје. Во незгодата, на местото починале возачите Р.А. и Х.С.. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б.. По укажаната лекарска помош, О.А. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Увид на место извршила екипа на СВР Скопје.

Од 00.00 часот до 04.00 часот (09.06.2021) констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 133 прекршоци.

На 08.06.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 63 мерки, меѓу кои 30 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 15 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 4 за не користење на заштитен шлем-кацига, 2 за некористење сигурносен појас...

На 08.06.2021 во ОВР Крушево било пријавено дека на локален пат с.Бучин-с.Пресил се случила собраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“ без регистарски ознаки, управуван од И.Г.(20) од с.Суводол, демирхисарско и патничко моторно возикло „пежо“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од М.С.М.(24) од с.Бучин. По незгодата И.Г. бил пренесен во Медицински центар „Борка Талески“ Прилеп каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станицаКрушево.

Полициски службеници на СВР Тетово во координација со Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер (8 јуни) од 23 часот и 35 минути до 50 минути по полноќ спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово.При контролата, во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале присутните гости. Девет од затекнатите женски лица биле странски државјанки, од Србија, Украина, Албанија, Молдавија, Литванија, Бугарија и Русија, на различна возраст од 20 до 34 години.Тие се лишени од слобода заедно со 24-годишен вработен во објектот и две женски лица од нашата земја. Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 08.06.2021 во 08.00 часот на автопатот Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ш.(37) од Прилеп и патничко моторно возило „фиат стило“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Н.А.(26) од с.Шивец, кавадаречко. По незгодата, од доктор во Градската болница Прилеп на сопатници во возилото „фиат пунто“, П.Ш.(63) и Ј.Ј.(38) од Прилеп им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

СВР Скопје - ЕВР Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против А.Н.(35) и А.Д.(26), двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба на дрзок начин“. Врз основа на судска наредба, а по претходно добиени сознанија дека во повеќе наврати извршиле тешки кражби во станови, каде одзеле пари и платежни картички, на 08.06.2021 биле извршени претреси во нивните домови. При претресите биле пронајдени и одземени повеќе предмети поврзани со кривичните дела меѓу кои и платежни картички во сопственост на оштетени лица. Тие биле приведени во полициска станица, а на првопријавениот му бил одреден и притвор од судија на претходна постапка.

На 08.06.2021 во 17.30 часот било пријавено дека на ул.„Душан Цветаноски“во с.Ропотово, патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(40) од с.Ропотово удрило во велосипед, управуван од малолетник од с.Ропотово. Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 08.06.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Б.(26), А.А.(29), О.Ш.(33) и Ж.Т.(28), сите од Скопје, затоа што при личен преглед и претрес во дом кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и екстази. По преземени мерки, А.А. и О.Ш. биле затекнати при средба со С.Б., по што биле запрени и при преглед кај нив бил пронајден и одземен амфетамин. Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Б. каде биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, екстази и дигитална вага. Исто така, во дворот на С.Б. бил затекнат Ж.Т. и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Сите лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.06.2021 во 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во населба „Железничка“, на земјен пат, мотоцикл крос без регистарски ознаки, управуван од Д.П.(30) од Штип излетал од коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

На 08.06.2021 во 16.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.М.(83) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ била касната од куче скитник.


тникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 08.06.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Б.(26), А.А.(29), О.Ш.(33) и Ж.Т.(28), сите од Скопје, затоа што при личен преглед и претрес во дом кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана и екстази. По преземени мерки, А.А. и О.Ш. биле затекнати при средба со С.Б., по што биле запрени и при преглед кај нив бил пронајден и одземен амфетамин. Подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Б. каде биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, екстази и дигитална вага. Исто така, во дворот на С.Б. бил затекнат Ж.Т. и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Сите лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.06.2021 во 17.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во населба „Железничка“, на земјен пат, мотоцикл крос без регистарски ознаки, управуван од Д.П.(30) од Штип излетал од коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

На 08.06.2021 во 16.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, В.М.(83) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ била касната од куче скитник.


На 08.06.2021 околу 23 часот во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(22) од Охрид затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Денеска (09.06.2021) во с.Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слободаТ.М.(36) од с.Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Исто така, при претресот во неговиот дом биле затекнати две женски лица од Радовиш, Г.О. и малолетничка, која живеела во домот со Т.М.. Со нив бил извршен разговор, а Т.М бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  


На 08.06.2021 во 23.50 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Х.М.(32) од кичевското село Стрелци затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеник кој преземал службени дејствија. Притоа, кај него бил извршен преглед и била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот  против него биде поднесена соодветна пријава.


На 08.06.2021, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Ќ.П.(61) од с.Слатински Чифлик, општина Дебрца, При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една ловечка пушка и 67 куршуми различен калибар кои ги поседувал без дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


На 08.06.2021, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(42) од струшкото село Драслајца, При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол и 10 куршуми калибар 16 милиметри за ловна пушка кои нелегално ги поседувал.. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (08.06.2021 година) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа, биле констатирани 31 прекршок, од кои 11 сторени од возачи кои управуваат мотоцикли. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.  


На 08.06.2021 во 08.10 час во СВР Штип било пријавено дека на 07.06.2021 во 13.00 часот во нива во с.Брест, додека сопственикот С.Р.(59) извршувал земјоделски работи, пронашол рачна бомба од Првата Светска Војна. Од страна на стручно лице од Дирекција за заштита и спасување бомбата била безбедно подигната, а увид на местото извршила екипа од СВР Штип.


На 08.06.2021 во 21.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Ѓорѓи Наумов“ во Битола, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(21) од Долно Оризари удрило во велосипед управуван од 16 - годишен битолчанец. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.


На 08.06.2021 во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека С.М.(51) од Радовиш, додека извршувал градежни работи на објект во Кавадарци, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.


На 08.06.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје, С.Х.(39) од Скопје пријавил дека на 03.06.2021 околу 22.00 часот во парк Чаир, додека бил со Н.Ц., биле физички нападнати од А.Т., О.А. и уште едно лице, при што А.Т. со остар предмет му нанел убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.С.(24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавениот, на 02.05.2021 во неговиот двор го пуштил неговото куче кое ја нападнало К.С. и ѝ нанело повреди на рацете.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.М.(31) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 01.11.2020, пријавениот физички нападнал вработен на наплатна рампа на патот Тетово-Гостивар.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.М.(24) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 11.06.2020 на регионалниот пат Тетово - Јажинце, полициски службеници од СВР Тетово извршиле преглед на пријавената и во нејзиното патничко возило, во кое била со уште едно лице, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 08.06.2021 во 15.10 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ф.(39) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(35) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 28.07.2020 на ул.„Тоде Думба“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.