Извадок на дел од дневни настани 08.06.2021

На 07.06.2021 околу 23.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.А. затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот на А.А. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.


На 07.06.2021 во 12.00 часот полициски службеници од ЕВР Кисела Вода на Зелено пазарче ја пронашле А.В.(34) од с.Горно Соње, скопско, за која на 05.06.2021 во Полициска станица Кисела Вода нејзината сестра Б.А.(39) од Скопје пријавила дека се оддалечила од домот.


Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (07.06.2021) во периодот од 07.00 до 12.00 часот спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа, биле констатирани 50 прекршоци, од кои 39 за управување возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.


На 07.06.2021 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што, се регистрирани 34 прекршоци, од кои осум во Велес, седум во Кавадарци и 19 во Неготино кои се соодветно санкционирани.


На 07.06.2021 во 10,05 часот на регионален пат Гостивар-Дебар, на место викано „скудринска кривина“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(28) од Дебар и патничко моторно возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Ќ.(21) од Дебар. По незгодата В.Ќ. и сопатниците С.Ќ.(58) и М.Ќ.(26), сите од Дебар, биле пренесени во Медицински центар-Дебар, каде од доктор кај В.Ќ. биле констатирани телесни повреди, а кај С.Ќ. биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.


На 07.06.2021 во 19.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Г.Агларци, општина Новаци, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „ванге-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Г.Агларци и мотоцикл „шинрај-150“ без регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Г.Агларци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетна сопатничка од мотоциклот „шинрај-150“, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.


На 07.06.2021 во 10,00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај с.Росоман, патничко моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Велес, удрило во малолетен пешак од с.Росоман. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот од Полициската станица Кавадарци.


На 07.06.2021 во 22.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Џ.Н.(28) од Скопје, пријавила дека на ул.„174“ била касната од куче скитник.

.

На 07.06.2021 во 15.20 часот во Полициската станица Чаир, В.И.(52) од Скопје, пријавила дека на ул.„Галичник“ била касната од куче скитник.


На 07.06.2021 во 10.45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Скопје за кого бил распишан централен распис поради сомнение дека извршил тешка кражба во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ на 27.12.2020. Во разговор со полициски службеници, со присуство на негов родител и адвокат, тој го признал делото и потврдил дека го извршил заедно со А.Х..  Извршен е разговор и со А.Х. , кој исто така го признал делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  


На 07.06.2021 во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Р.(32) од Скопје затоа тоа што со потерница  бил баран за доиздржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој бил спороведен до Казнено-поправната установа - Затвор Скопје.                  


На 07.06.2021 во 11.50 часот на подрачје на Шуто Оризари, од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Р.К.(22) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Од 00.00 часот до 04.00 часот (08.06.2021) констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (07/08.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 113 прекршоци.


ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Ј.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 12.12.2019 во Гостивар, во плац за продажба на половни моторни возила, А.И.(41) од с.Чегране, гостиварско, се договорил со пријавниот од него да купи возило за што му дал дел од парите. Наредниот месец А.И. го дал и останатиот дел од парите, но пријавениот не му го дал возилото со образложение дека има неколку дефекти и дека треба да се поправи, по што ја прекинал комуникацијата со него.


На 07.06.2021 во 08.59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нас.Камник - Скопје, поточно во објект на правно лице, непознат сторител влегол насилно и одзел неколку компјутери и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 07.06.2021 во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Цветан Димов“ едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 07.06.2021 во 13.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.К.(59) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот брат М.К.(52) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


На 07.06.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје, Б.К.(30) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот, додека вршел градинарски работи во населба Илинден, Скопје, по претходно недоразбирање бил физички нападнат со остар предмет од С.Ѓ.. Се работи на расчистување на случајот.


На 07.06.2021 во 17.00 часот во СВР Скопје, Д.В.(69) од с.Визбегово, скопско, пријавил дека околу 14.30 часот во с.Визбегово, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 08.06.2021 околу 07.15 часот на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“, С.М.(20) од с.Кадрифаково, светиниколско, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со светиниколски регистарски ознаки,  изгубила контрола и излетала од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила С.М. и била пренесена во Клиничката болница Штип каде починала. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.


СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на кредитна картичка“. Пријавениот, во периодот од 11.03.2020 до 05.02.2021, во повеќе наврати од платежна картичка на неговата сопруга, без нејзино знаење подигнал вкупно 419.000 денари.


ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(24) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Пријавениот, на 07.05.2021 на ул.„Пролетерски бригади“ физички го нападнал Б.Б.(33) од Струга и му нанел тешка телесна повреда.


На 08.06.2021 во 05.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом во с.Батинци, скопско, бил пронајден починат А.М.(38). Смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



Одделението за прекуграничен криминал Скопје поднесе кривична пријава, против Ф.У.(33) од Р.Турција за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.  Пријавениот, на 09.05.2021 на Аеродром Скопје употребил фалсификуван негативен ПЦР тест и го приложил како вистински.


На 07.06.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(37) од Скопје пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка Р.А.(14) од Скопје, за која претпоставува дека се наоѓа во Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.


 

На 07.06.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, поради меѓусебно нетрпение бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Л.(31) и Т.Ј.(35) од една страна и Н.Б.(41) и Н.Б.(20), од друга страна, сите од с.Визбегово. Сочинет е записник за константиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.