Извадок на дел од дневни настани 07.06.2021

 

На 06.06.2021 околу 19.35 часот на улица „113“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот А.О. од тетовски Пирок затоа што при преглед кај него биле пронајдени хероин и марихуана.Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

На 06.06.2021 во 19.05 часот во близина на автобуската станица во Ресен, полициски службеници ја лишиле од слобода Џ.М.(21) од Битола затоа што при преглед кај неа била пронајдена грутчеста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 06.06.2021 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени седум возачи (ТЕ-5 и ГВ-2) кои управувале возила под јдество на алкохол и биле исклучени од сообраќај и времено им биле одземени возачките дозволи. Во акциската контрола биле откриени и санкционирани и 31 други видови прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-10).

На 06.06.2021, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 100 мерки, меѓу кои 69 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 8 за управување возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 1 за непрописно престигнување и 4 за некористење сигурносен појас.

На 06.06.2021 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваваат возило под дејство на алкохол. Притоа, биле регистрирани 12 прекршоци, од кои, седум во Велес, четири во Кавадарци и еден во Неготино кои се соодветно санкционирани.

На 06.06.2021 на подрачјето на СВР Охрид биле преземени засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници констатирале дека шест возачи на патнички возила управувале возила по дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај (Охрид-03, Струга-03). Во Охрид, санкционирани се три мотоциклисти кои управувале мотор без заштитна кацига (шлем). Во Дебар, полициските службеници евидентирале 18 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење (5 во и 13 надвор од населено место), а во Кичево 09 возачи кои во населено место управувале моторно возило со поголема брзина од пропишаната. За сите прекршоци поднесени се соодветни пријави.

Изминатите три дена, 4,5 и 6 јуни, на подрачјето на СВР Тетово биле откриени 331 пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-210 и ГВ-121) и 57 во населено место (ТЕ). Четириесет од овие пречекорувања надвор од населено место биле за повеќе од 70 километри на час, 187 од 50 до 70 километри и така натаму, додека во населено место најголемиот број од пречекорувањата биле за 30 до 50 километри на час. при контролите, исто така, биле откриени и санкционирани и 17 други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-12 ).

На 06.06.2021 во периодот од 20.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле преземени 57 мерки по акциската контрола, а биле откриени и 16 останати прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

Од 00.00 часот до 04.00 часот (07.06.2021) констатирано е дека 18 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (06/07.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 113 прекршоци.

На 06.06.2021 во 12.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот Пробиштип- Штип, кај с.Крупиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(20) од Пробиштип и патничко моторно возило „фиат панда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(70) од Пробиштип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Р.(68) од возилото „фиат панда“, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

На 06.06.2021 во 02.40 часот на граничен премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Е.В.(29) од Р.Албанија поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Лицето било предадено и задржано во Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.

На 06.06.2021 во 23.45 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле E.М.(33) од Р.Албанија бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека приложил патна исправа на друго лице од Р.Албанија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 06.06.2021 во 08.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.В.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 06.11.2020 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. 


СВР Велес, СВР Штип, СВТетово и СВР Охрид поднесоа кривични пријави Ф.Е.(20) од Тетово, И.Џ.(43) од Тетово, А.А.(50) од с.Ларце-Тетово, З.Д.(39) од с.Туин, С.Ќ.(26) од с.Туин – Кичево, Б.Н.(40) од с.Велешта – Струга, Т.Д.(44) и М.З.(26) од Кочани, А.М.(20) од с.Калмиште-Пробиштип, Н.Л.(31) од Пробиштип, Б.М.(31) од Кочани, Ј.К.(37) од Кочани, М.А.(51) од Велес, А.А.(37) од Кавадарци, Ѓ.Л.(21) од Кавадарци, С.В.(41) од Кавадарци, М.Ш.М.(28) од Кавадарци, И.С.(19) од Кавадарци и П.К.(42) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 28.03. до 02.06.2021, се движеле без дозвола за движење за време на ограничувањата дадени од Владата на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица. .


На 06.06.2021 во 09.45 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници ги привеле Е.Џ.С.(28) и М.Т.Б.(25), двајцата од Велика Британија, бидејќи при извршена пасошка контрола било констатирано дека немале пријавен престој. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 


На 06.06.2021 во 05.00 часот во Полициската станица Пробиштип, од ЈЗУ „Нада Михајлова“ било пријавено дека кај нив со тешки тлесни повреди бил донесен М.Д.(27) од Пробиштип. По преземени мерки било утврдено дека М.Д. се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во с. Добрево. Увид извршила екипа на Полициската станица Пробиштип и за настанот бил известен Државниот трудов инспекторат. 


На 06.06.2021 околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во близина на плоштадот „Скендер бег“ едно лице со закана од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  


Денеска (07.06.2021) во 02.00 часот во Полициската станица Центар, А.С.Р.(29) пријавила дека на 06.06.2021 околу 23.15 часот во близина на мостот „Око“ четири лица со закана ѝ одзеле накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


Денеска (07.06.2021) во 00.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ имало повредено лице. По преземени мерки било констатирано дека се работи за М.Б.(65) од Скопје кој изјавил дека бил физички нападнат од две лица кои му одзеле пари и телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   


На 06.06.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, К.А.(36) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот пред игралиште на подрачје на Центар, М.М. започнал расправија со Д.А. и уште неколку лица, при што се обидел со остар предмет да го повреди Д.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


На 06.06.2021 во 10.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(36) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во казино на подрачје на Центар бил физички нападнат од Е.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 06.06.2021 во два наврати во СВР Скопје, Р.Т.(58) од с.Миладиновци, скопско, пријавил дека на 05.06.2021 околу 16.00 часот во дворно место во с.Миладиновци и околу 18.30 часот во близина на продавница во с.Миладиновци, по претходно недоразбирање и расправија, бил физички нападнат од А.Ѓ., С.Ј. и Д.Ѓ., сите од с.Миладиновци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 


На 06.06.2021 во 23.10 часот во СВР Скопје, М.А.(27) од Битола пријавила дека во паркот „Жена борец“ во Скопје едно лице со употреба на сила и одзел накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.