Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 28.05.2021

На 27.05.2021 во 18.20 часот на подрачје на Центар, од полициски службеници од СВР Скопје од слобода бил лишен Е.А.(24) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 27.05.2021 во периодот од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спровеле акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. За време на контролата биле констатирани 11 прекршоци за техничка неисправност, од кои 6 биле исклучени од сообраќај поради неисправни уреди за сопирање. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

На 27.05.2021 во периодот од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле преземени седум мерки, а биле откриени и 17 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

На 27.05.2021 во 14.10 часот во СВР Скопје, Б.М.(66) од Скопје пријавил дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2021 во 19.40 часот во СВР Скопје, Б.Ј.С.(34) пријавила дека на ул.„Румена Ханџипанзова“ била касната од куче скитник.

На 27.05.2021 во 19.45 часот на ул.„Карпош Војвода“ во Охрид, патничко моторно возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(28) од Охрид, удрило во велосипед кој го управувал малолетник од Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот на кого му била укажана лекарска помош во Специјална болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, шест за возење без возачка дозвола, 11 прекршоци што ги чинат возачите за мотоцикли. Изречени се осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 58 санкции за непрописно паркирање.
На 27.05.2021 околу 20.00 часот на крстосница од ул.„Карл Маркс“ и ул.„Борис Кидрич“ во Штип, патничко моторно возило удрило во пешакот Ј.Р.(53) од Штип, по што го напуштило местото на настанот. По незгодата Ј.Р. била пренесена во Клиничката болница Штип, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот.

На 27.05.2021 околу 07.30 часот на ул.„Пере Тошев“ во Кавадарци, патничко моторно возило „форд транзит“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Л.(56) од Кавадарци, удрило во В.И.(59) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.И. на која и била укажана помош во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 28.05.2021 во 08.10 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Другово, полициски службеници од ПС за БПС Кичево извршиле контрола во два автобуси на туристичка агенција од Гостивар, управувани од Б.М.(63) од с.Балиндол, гостиварско и И.И.(51) од с.Форино, гостиварско. При контролата било констатирано дека во автобусите се превезуваат поголем број патници од дозволениот максимум од 75% исполнетост на капацитетот на возилата кои вршат јавен превоз на патници односно не биле почитувани мерките за превоз на патници според здравствените прописи за време на епидемија. Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.С.(39) од Скопје и против М.Н.(67) од Скопје за сторено кривично дело ,,комар" од чл.398 ст.1 од КЗ. Првопријавениот на 28.04.2021 година, неовластено организирал играње комар во просторија- стан лоциран на ул.Костурски Херои во општина Центар, кој му бил ставен на располагање од страна на второпријавената М.Н., при што, при превземено истражно дејствие претрес на дом од страна на полициски службеници во Единицата за економски криминал затекнати се 11 лица како играат комар, кои што воедно постапувале и спротивно на пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, каде што е изрично забрането групирање на повеќе од четири лица во затворен простор и објект, за што исто така следува соодветен поднесок.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против И.М.(33) и К.М.(31), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.05.2021, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавените, при што биле пронајдени кокаин и пари.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против И.А.(20) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.09.2020 на магистралниот пат А2, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.З.(37) од с.Ласкарци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривиично дело „злоупотреба на лични податоци“. Пријавениот, на социјалната мрежа Инстаграм креирал лажен профил на кој злоупотребувал фотографии од оштетениот С.Ф. од с.Теарце, тетовско, што ги одзел од неговиот вистински профил, по што со истиот лажен профил комуницирал со негови роднини и пријатели.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Р.(23) од с.Градец, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 18.02.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во неговиот дом и покрај тоа што имал решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

На 28.05.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје, од СОС „Детско село“ било пријавено дека на 27.05.2021 околу 23.00 часот се вратил нивниот штитеник М.О.(16), за кој на 25.05.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот.


На 27.05.2021 околу 07.30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека  во дом на ул.„Индира Ганди“ бил пронајден починат Т.С.(18) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.



На 27.05.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје, О.А.(29) од Скопје пријавил дека околу 13.15 часот пред продавница во негова сопственост на подрачје на Кисела Вода, додека бил заедно со К.Д. и К.А., дошол В.Н. и со остар предмет упатувал закани кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 27.05.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Жан Жорес“ во Гази Баба, поради меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(25) и С.Ј.(21), двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 27.05.2021 во СВР Скопје, З.З.(41) од с.Мојанци, скопско, пријавил дека од дома се оддалечила неговата ќерка А.З.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 27.05.2021 околу 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на подрачје на Гази Баба, поради претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.Т.(22) и А.М.(23), двајцата од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.