Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 17.05.2021

 На 16.05.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 98 прекршоци, од кои 31 на подрачјето на Штип, 15 во Кочани, 3 во Пробиштип, 18 во Виница, 8 во Делчево, 10 во Берово и 13 во  Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 15 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирани возила, 2 за некористење на сигурносен појас и 4 за непрописно паркирање.
 
На 15/16.05.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возила кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле констатирани вкупно 85 прекршоци надвор од населено место и 73 пречекорувања на брзината во населено место. За сите прекршоци изречени се соодветни санкции.   
 
На 16.05.2021 во 14.00 часот во Полициска станица Радовиш било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Штип, во населба Дамјан, радовишко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки нинџа“, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(43) од Гевгелија и трактор „имт 539“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(59) од с.Дамјан. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш.
 
Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на 16.05.2021 спроведе засилени контроли во областа на сообраќајот. Притоа, биле констатирани 69 прекршоци, од кои 47 за управување на моторно возило со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани. 
 
На 16.05.2021 околу 17.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“, ул.„Бранко Богдански Гуцман“ и пат за с.Проевце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(72) од Куманово, во кое сопатник бил Л.П.(68) од Куманово и патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.Ј.(30) од Куманово. По незгодата сите учесници биле пренесени во Општата болница Куманово, каде кај И.Ј. и Л.П. биле констатирани повреди, додека кај Б.П. биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.
 
На 16.05.2021 во 00.50 часот кај место викано „Три Води“, атар на с.Брезно, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Б.(30), А.С.(20), И.Р.(22), тројцата од с.Слатино, тетовско и Б.Е.(36) од с.Непроштено, тетовско, бидејќи кај нив биле пронајдени ловечка пушка „Ата“, со 30 парчиња муниција, еден карабин „Сава Сарс“, со три куршуми калибар 8,57 мм, пиштол „Глок“ и рамка со 16 куршуми калибар 9 милиметри, за кои не поседувале дозвола, ловечки нож и патничко возило „шкода фелиција“ без регистарски ознаки. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 16.05.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје, И.Ј.(39) од Скопје пријавил дека во Градскиот трговски центар во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
 
На 16.05.2021 околу 16.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„Перо Илиевски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлиа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 13-годишна малолетничка, на кој се превезувала уште една 13-годишна малолетничка, и двете од Куманово и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(25) од Куманово. По незгодата, малолетничката која го управувала мопедот била пренесена во Општата болница Куманово, каде ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.
 
На 16.05.2021 во 13.50 часот во СВР Скопје, С.Н.(28) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ била касната од куче скитник. 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.А.(42) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба на 20.03.2021, полициски службеници пронашле и одзеле полуавтоматски пиштол и 25 куршуми калибар 9 милиметри, кои нелегално ги поседувал.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(38) и П.Т.(38), двајцата од с.Мешеишта, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. Пријавените, на 20.03.2021 на магистралниот пат Охрид-Кичево, на влезот од с.Мешеишта, спречиле овластени службени лица од Шумската полиција при преземање службени дејствија за запирање товарно возило при нелегален транспорт на огревно дрво.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Н.(56) од Кичево и против А.А.(42) од струшкото с.Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на огнено оружје“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 11.05.2021, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Струга, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, извршија преглед во патничко возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А. и во него пронашле и одзеле пиштол „НК“ и 50 куршуми калибар 9 милиметри. Тој, предметите, претходно ги добил при контакт со А.Н. во близина на бензиска пумпа, на магистралниот пат Струга-Кичево.  

На 16.05.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, П.Б.(41) пријавил дека околу 17.20 часот во подрумски простории од зграда на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Г.С.(61) и Б.С.(65). Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4 и 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

На 16.05.2021 во 23.55 часот во СВР Велес, В.Т. од Велес пријавил дека од дома се оддалечил неговиот вујко М.А.(66). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.05.2021 во 16.00 часот во СВР Скопје, А.Т.(44) од Гевгелија пријавил дека околу 15.00 часот, во кругот во фирма во која е вработен на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од неколку лица, меѓу кои го препознал С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2021 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред спортска обложувалница на бул.„Борис Трајковски“ настанала физичка пресметка помеѓу Н.А.(23) и С.А.(28), од една страна и А.А.(29), од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди предмети и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2021 во 16.00 часот во СВР Скопје, Р.З.(57) од с.Трубарево, скопско пријавил дека околу 14.10 часот, на автобуска постојка во с.Идризово, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, Ф.Е.(33) од Скопје пријавил дека задното стакло на неговото патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на подрачјето на Чаир, било оштетено, додека позади задното седиште имало залутано зрно. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и зрното е подигнато за понатамошна постапка.

На 16.05.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.Д.(62) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син С.В.(40), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 16.05.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Ѓ.(41) пријавил дека околу 19.30 часот на игралиште во кругот на основно училиште на подрачје на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.05.2021 во 10.17 часот во СВР Скопје, В.К.(73) од Скопје пријавила дека во влез од зграда на ул.„Џон Кенеди“ едно лице со закана и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.05.2021 полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.В.(21), П.Ѓ.(19) и С.М.(26), сите од нас.Илинден, постапувајќи по пријава според која во 01.45 часот, заедно со Н.П.(26), со употреба на сила влегле во домот З.П.(52) во нас. Илинден, почнале да ја оштетуваат покуќнината и физички ги нападнале З.П., К.П. и Л.П.. Според пријавеното, З.П. во самоодбрана со остар предмет го повредил Н.П., кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, a З.П., К.П. и Л.П. биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Како што стои во пријавата, причина за нападот е наводен долг на К.П. кон напаѓачите. Пријавените лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 16.05.2021 во СВР Скопје, М.Д.(47) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечил неговиот син Р.М.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.