На 13.05.2021 спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив, 16 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти 12 тешки кражби и ќе изготви соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик против 3 малолетни лица од Тетово на возраст од 13 до 16 години. Тројцата малолетници се сомничат дека во периодот од февруари до 20 април годинава со употреба на сила влегувале во продажни и угостителски објекти во централното тетовско подрачје и одземале пари или разновидни производи. Малолетниците, истовремено, не ја почитувале и забраната за движење за што ќе им биде поднесена пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.
На 13.05.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 106 прекршоци, од кои 30 на подрачјето на Штип, 16 во Кочани, 5 во Пробиштип, 10 во Виница, 6 во Делчево, 11 во Берово и 28 во Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 17 прекршоци за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирани возила, 1 за некористење сигурносен појас и 3 за непрописно паркирање.
На 13.05.2021 во 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека крстосница од ул.„Димитар Влахов“ и ул.„Вера Циривири“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(61) од Велес и мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(21) од Велес. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.
На 13.05.2021 Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи. Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
На 13.05.2021 во 19.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов Ченто“ со ул.„Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(27) од Скопје и патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(24) од Скопје, кое првично избегало од местото на незгодата, но набрзо било сопрено од страна на полициски службеници. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и двајца сопатници, Џ.Р.(22) и еден малолетник од возилото „бмв“, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Во текот на 13.05.2021 на подрачјето на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 67 возачи. Од нив 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 17 надвор населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 13.05.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(60) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управуван од М.Ш. од Италија. По незгодата, М.Ш. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.
На 13.05.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.С.(25) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилески Бато“ бил каснат од куче скитник.
На 13.05.2021 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Д.(29) од Охрид затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден и одземен нож. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.05.2021 во 22.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Железничка“ со ул.„Гоце Делчев“ во Штип, мопед „априлиа“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 17 - годишен малолетник од с.Стар Караорман, штипско, каде сопатник бил уште еден малолетник, удрил во пешаците А.К.(21) и Р.М.(21), двете од Штип. Во незгодата Р.М. се здобила со тешки телесни повреди, а А.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.С.(35) од Гостивар, А.М.(52) од с.Врапчиште, гостиварско и О.Б.(39) од с.Д.Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 10.05.2021 во близина на Врапчишка петља, гостиварско, полициски службеници запреле патничко возило „опел вектра“, во кое биле пријавените, при што забележале дека А.М. од возилото исфрла ќеса со прашкаста материја, за која подоцна било утврдено дека е хероин.
На 13.05.2021 околу 15.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(37) и В.Ј.(41), двајцата од Скопје, пријавиле дека околу 14.10 часот на подрачје на Ѓорче Петров нивните малолетни синови, поради меѓусоседско нетрпение, биле физички нападнати од П.Г.(80) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 13.05.2021 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Рогле патничко возило „ауди а4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(22) од с.Рогле, удрило во малолетен пешак од с.Ласкарци. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Д. (22) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 10.09.2019 во Кочани, полициски службеници го затекнале пријавениот при продажба на марихуана друго лице од Кочани.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против непознат сторител, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 09.12.2020 во Охрид, З.П.(43) од Охрид пријавил дека од негова сметка во банка неовластено се извршени 16 трансакции во рок од неколку минути, со што му била нанесена материјална штета во износ од 12.000 денари.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.Ф.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“. Во периодот од 31.12.2020 до 14.02.21, А.Ф. испраќал навредливи и заканувачки пораки на лице од Велес, иако му била изречена мерка од страна на Меѓуопштински центар за социјални работи на град Скопје за „забрана да вознемирува и малтретира или на друг начин комуницира со член од семејството, директно или индиректно“.
На 14.05.2021 околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(55) од Скопје, затоа што околу 00.00 часот влегол во двор од куќа на ул.„Петар Драпшин“, каде што седеле Г.А.(33) и Б.Д.(30), двајцата од Скопје, и извадил бомба кашикара, која успеале да му ја одземат. С.Т. бил приведен во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Т.(53), И.Т.(40) и А.Т.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Во периодот од јануари 2021 до 07.03.2021, пријавените со закани кон Н.С. од Мала Речица, тетовско и кон двајца вработени, го принудиле Н.С. да прекине со работа и да се оддалечи од земјиштето и објектите на место викано „Стенковец“ на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје, со образложение дека е сопственост на првопријавениот, а кое Н.С. за сума од 160.000 евра го купил од фирма од Скопје.