Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 06.05.2021

 
На 05.05.2021 околу 12.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода  Ш.И.(57) и Ј.С.(50), двајцата од Тетово, затоа што при преглед им бил пронајден хероин. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 05.05.2021 околу 22.00 часот во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(20), Џ.У.(21) и Ф.О.(33), сите од ова село. При нивен и преглед на патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, во кое биле затекнати, била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

На 05.05.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 40 мерки, меѓу кои 12 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 10 за управување возило без возачка дозвола, 1 за технички неисправно возило, 1 за нерегистриранио возило, 6 за некористење сигурносен појас, 5 за користење мобилен телефон, 2 за непрописно паркирање и 3 за непочитување на првенство на минување.  

На 05.05.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 40 прекршоци, од кои 12 во Велес, девет во Кавадарци и 19 во Неготино, кои се соодветно санкционирани.

На 05.05.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јадранска магистрала“, патничко возило „фолксваген голф“, со косовски национални ознаки, управувано од Ј.Ш.(27) Косово излетало надвор од коловозот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 06.05.2021 во 01.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено малолетно женско лице со тешки телесни повреди здобиени во сообраќајна незгода. Од полициски службеници од СВР Скопје бил извршен разговор со мајката на малолетничката, И.Ч.К.(34) од Скопје, која изјавила дека на ул.„Кримска“ нејзината ќерка како пешак била удрена од едно возило, кое го напуштило местото на незгодата. Се работи на расчистување на случајот.

На 05.05.2021 во 13.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Долна Бањица-с.Митрови Крст, патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(28) од с.Долна Бањица, излетало од коловозот. Во незгодата сопатничката С.А.(18) од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 05.05.2021 во 05.30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, A.B.(30) од Србија приложил негативен ПЦР тест издаден од лабораторија од Скопје. Поради постоење основи на сомнение дека тестот е фалсификуван не му бил дозволен излез од РСМ. На Граничниот премин дошол и П.Н.(33) од Горно Којнаре, кумановско, работодавец на пријавениот, кој признал дека го изработил фалсификуваниот ПЦР тест, со цел неговиот вработен да може да патува во странство. Двајцата биле предадени на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 05.05.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, М.К.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужноморавски бригади“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 05.05.2021 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир, Д.К.(38) од  Скопје пријавил дека на ул.„Петар Манџуков“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 
Денеска (06.05.2021) во 13.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода З.Ч.(34) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.05,2021 во 17.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во нива во охридското село Лескоец била пронајдена граната. Од извршениот увид било констатирано дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 55 милиметри, која потекнува од периодот на Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од Центарот за управување со кризи.

На 05.05.2021 во 20.20 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.М.(42) од Скопје пријавила дека на 29.04.2021 околу 14.30 часот на нејзиното работно место во објектот на општина Гази Баба, А.Т. - советник од една политичка партија ѝ упатил закани, а се обидел и физички да ја нападне, но бил спречен од присутните советници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 05.05.2021 во 15.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово–с.Волковија се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „алфа ромео“, управувано од Т.Ѓ.(22) од с.Милетино и патничко возило „ауди“, управувано од И.И.(68) од с.Милетино, двете со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ѓ., а со телесни повреди се здобил И.И., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

На 05.05.2021 во 22.30 час лицето Полициската станица Гази Баба, Д.Б.(30) од Скопје пријавил дека во с.Булачани неговиот син бил каснат од куче скитник.

На 05.05.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, К.Ш.(37) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

На 05.05.2021 во 12.45 часот во Полициската станица Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека за укажување на лекарска помош бил донесен С.С.(86) од с.Љуботен, кој околу 12.00часот управувајки трактор на нива во атар на с.Љуботен изгубил контрола и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увдна екипа на СВР Штип.  

На 06.05.2021 во 06.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Усје непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Св.Атанасиј“ и одзел пари. Се работи на расчистување на случајот.

На 06.05.2021 во 02.30 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(25) пријавил дека на 05.05.2021 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица, кои се обиделе да му одземат пари. Според пријавеното, едно од лицата со остар предмет му нанело повреда на ногата. Се работи на расчистување на случајот.


СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.Р.(27) од  с.Мокрино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 16.04.2021, пријавената се обидела да патува на релација Скопје – Базел, иако била задолжена да остане во својот дом и да го почитува решението од Државен санитарен и здравствен инспекторат со кое била во изолација.

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Б.Г.(63) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во неговиот дом и покрај тоа што имал решение за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.  

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Р.В(67) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 06.04.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во неговиот дом и покрај тоа што имал решение за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат.

СВР Штип, СВР Велес, СВР Тетово и СВР Струмица поднесоа кривични пријави против И.И.(36) од Скопје, К.Г.(34) од Струмица, С.А.(31) с.Радичево - Струмица, Д.И.(47) и Р.Ј(59) од Радовиш, С.Ц.(33) од село Ваташа, Кавадарци, Н.Ѓ.(32) од Делчево, Ј.М.(18) од село Боговиње - Тетово, И.Б.(35) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените во период од 08.04 до24.04.2021 без дозвола за движење се движеле за време на ограничувањата дадени од страна на Влада на Република Северна Македонија за забрана за движење на возила и лица во периодот од 20.00 до 05.00 часот.
На 05.05.2021 во 18.00 часот во Полициското одделение Сарај, Б.Е.(34) од с.Буковиќ, скопско, пријавил дека од домот се одалечил неговиот татко М.Е.(61). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
 
На 05.05.2021 во 15.45 часот во Полициската станица Аеродром, В.З.(64) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

На 05.05.2021 во 20.40 часот во Полициската станица Карпош, К.А.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Пролетерска“ била касната од куче скитник.