Извадок на дел од дневни настани 04.05.2021

 
На 04.05.2021 во 06.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Ѕ.Ч.(43) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.05.2021 во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Д.И.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.05.2021 во 21.25 часот од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода од слобода бил лишен Б.П.(32) од Скопје, бидејќи кај него биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 21.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

На 02.05.2021 во 22.20 часот во угостителски објект на ул.„Отокар Кершовани“ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 9 лица, бидејќи при контрола извршена во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, било констатирано дека не се почитуваат одлуките на Владата односно во објектот биле затекнати 9 лица. Тие се приведени во полициска станица за понатамошно постапување, а објектот од страна на ДПИ е затворен и пломбиран.

Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на 03.05.2021 спроведе засилени контроли во областа на сообраќајот. Притоа, биле констатирани 70 прекршоци, од кои 56 сторени од страна на возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.  

На 03.05.2021 во 12.20 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.К.(46) од Радовиш и патничко возило „фолксваген поло“, со швајцарски регистарски ознаки, управувано од М.К.(29) од Радовиш. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

На 03.05.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Шаторов Шарло“ неговиот син бил каснат од куче скитник.

На 03.05.2021 во 18.36 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.З.(37) од Скопје пријавил дека на ул.„Христо Батанџиев“ неговиот  син  бил каснат од куче скитник.

На 03.05.2021 во 12.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај с.Беранци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник. Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итната медицинска помош  констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.

На 03.05.2021 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Македонско Косовска Бригада“ со ул.„Џон Кенеди“ и ул.„362“ во Скопје, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(39) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 03.05.2021 на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, биле санкционирале 77 возачи на патнички возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, и тоа во Охрид 14, Струга 26, Кичево 16,  Дебар 21.

На 03.05.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, при пасошка контрола на K.A.(61) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „рено“ и полуприколка со турски национални ознаки, било констатирано дека поседувал фалсификувани зелени карти. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 03.05.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучка Матка, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од Ј.С.(23) од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од С.С.(51)  од с.Желино, и двете со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „бмв“, М.З.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

  Во текот на вчерашниот ден (03.05.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 788 возачи. Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.                            

На 03.05.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Дебар, на излезот од Дебар, во стар напуштен објект во близина на Градскиот стадион, пронашле четири вреќи со марихуана, во вкупна количина од околу 20 килограми. По насоки на Јавен обвинител дрогата е предадена на вештачење, а се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 03.05.2021 во периодот од 12.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Стар Дојран и полициски службеници од Стар Дојран, при контрола, во водите на Дојранското езеро, во реонот на с.Николиќ-Стар Дојран, пронашле девет рибарски мрежи за време на забрана за риболов. Мрежите ќе бидат предадени на инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Н.(38) од Саудиска Арабија, со живеалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“. Пријавениот, како управител на правно лице од Скопје, изготвил и издал „дозвола за движење на вработен, поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице немало регистрирана дејност во трета или четврта смена. Исто така, во дозволата што ја издал внел невистинити податоци дека вработениот работи во производствен погон на компанијата и дека ги извршува своите работни задачи во смена во период од 22.00 до 05.00 часот. На 17.03.2021 во 00.15 часот, на пункт Кружен тек Влае, од страна на полициски службеници бил сопрен вработениот, кој на увид им ја приложил дозволата.

Полициски службеници од СВР Куманово во текот на продолжениот викенд (30.04.-03.05.2021) спроведоа засилени контроли за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената на подрачјето на СВР Куманово. Притоа, санкционирани се 178 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената. При контролата откриени се и законски санкционирани и 245 останати прекршоци.

На 03.05.2021 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с.Балиндол, гостиварско, патничко возило „мeрцедес“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.Б.(26) од с.Балиндол, удрило во малолетен пешак од Гостивар. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

На 03.05.2021 во 14.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу Б.Л.(29) и М.Џ.(21), двајцата од Скопје. Сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 03.05.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и товарно возило „ивеко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. од Скопје. Во незгодата, возачот на возилото „шкода јети“ се здобил со повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид.  

На 03.05.2021 околу 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул.„50-та Девизија“ едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 03.05.2021 во 21.04 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Бонде Скерлевски“ и ул.„Народни херои“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(62) од Битола и мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Х.Г.(28) од Битола. Во незгодата, сопатникот од мопедот Д.Т.(26) од с.Далбеговци, општина Могила, се здобил со тешки телесни повреди, а Х.Г. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против М.В.(43) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 25.04.2021, полициски службеници од Полициската станица Неготино извршиле контрола и не го затекнале пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал Решение од Државен здравствен инспекторат за задолжителна изолација.  

На 04.05.2021 во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода Д.У.(39) од Валандово, поради сомнение дека на 02.05.2021 извршил обљуба врз 39-годишна жена од Валандово, негова роднина. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид и СВР Битола поднесоа кривични пријави против А.К.(25), А.А.(27), Г.И.(23) од Кичево, Д.П.(22) од с.Вранештица, кичевско и Г.П.(51) од Ресен за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. Пријавените во периодот од 05.04. до 14.04.2021 се движеле без дозвола за движење за време на забрана за движење на возила и лица во периодот од 20.00 до 05.00 часот.