Извадок на дел од дневни настани 03.05.2021

 На 02.05.2021 во 11.13 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа – Затвор Штип било пријавено дека при обиколка на затворот, надвор од оргадата било пронајдено кесе со прашкаста материја. Полициски службеници извршиле увид, а прашкастата материја била одземена за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 02.05.2021 околу 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Црешево, скопско, К.П.(20) од Скопје, управувајќи патничко возило „тојота јарис“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Н.(19) од Скопје, додека со телсни повреди се здобила К.Д. и сопатничката Д.Т.(20), констатирани во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР СКопје.

 

На 02.05.2021 во 11.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.С.(27) од с.Виничани, општина Градско, пријавила дека во нас. Кисела Вода била касната од куче скитник.  

 

На 02.05.2021 во 19.50 часот во Полициската станица Ресен, Н.Р.(69) од с.Езерани, ресенско, пријавил дека во с.Езерани бил каснат од куче скитник  

На 02.05.2021 во 18.15 часот во с.Добридол, општина Врапчиште, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода А.И.(40) од с.Добридол затоа што околу 14.30 часот во с.Добридол со тврд предмет го нападнал Е.Ќ.(63) од истото село и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 02.05.2021 во 12.50 часот во Полициската станица Кичево, М.С.(18) од Кичево пријавила дека на ул.„Арсо Војвода“ била касната од куче скитник.

 

На 02.05.2021 во 11.10 часот во Полициската станица Неготино, М.Н.(34) од Неготино пријавила дека на кејот на Неготинска река била каснат од куче скитник.

 

На 02.05.2021 во 18.00 часот во Полициската станица Прилеп, Ш.Ч.(33) од Република Турција, со привремен престој во с.Канатларци, прилепско, пријавил дека околу 12,30 часот на ул.„Прилепски бранители“, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.05.2021 околу 13.25 часот во Полициското одделение Маврово било пријавено дека во атар над с.Галичник настанал пожар, при што горела шума. За пожарот бил известен Центарот за управување со кризи, а во 19.00 часот пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Гостивар, Јавното претпријатие – Национален парк „Маврово“ идр. Повредени лица нема, а увид ќе се врши во текот на денот.

 

На 02.05.2021 околу 15.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на брегот од Охридско Езеро, на потегот од Струга кон с.Калишта, настанал пожар во кој изгорела трска и сува трева. Пожарот бил изгаснат екипи на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј., при што Б.И.(34) од Куманово пукал со оружје. Полициски службеници излегле на местото и по кажување на Ј.Х.(45) од Куманово, во врска со настанот, тој и Б.И. околу 23.00 часот биле на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“ и во тој моментим се доближило едно лице кое со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на Б.И.. Тој бил пренесен во болницата во Куманово се укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.05.2021 во 16.00 часот во СВР Куманово, Б.Ќ.(49) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син С.Б.(33). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 03.05.2021 во 08.20 часот во СВР Охрид, С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М(35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал дека починатата имала повреда на главата, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

 

На 02.05.2021 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ А.С. (21) од Скопје се здобил со повреди откако бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.