Извадок на дел од дневни настани 02.05.2021

 На 01.05.2021 во 10,10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Аеродром, го лишиле од слобода А.Б.(41) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2021 во 16,55 часот во с.Стајковци од полициски службеници од СВР Скопје било сопрено патничко моторно возило “голф 5“ без регистарски таблици и кај совозачот Е.Љ.(18) од Тетово била пронајдена марихуана по што бил лишен од слобода. Приведен бил и возачот Љ.М.(22) од Тетово кој не поседувал никаков документ за идентификација, а возилото го управувал пред да се стекне со право на управување моторно возило. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.05.2021 во 00,05 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар при извршен преглед кај Ф.И.(26) и 16 годишник, двајцата од Скопје биле пронајдени ножеви. Тие биле приведени поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.05.2021 полициски службеници од СВР Тетово спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 134 возачи. Од нив дури 26 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 119 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.
На 02.05.2021 во 01.10 ч. од страна на полициски службеници од ПС Тетово на ул.113 во Тетово приведен е Г.Х.(34) од Тетово, кај кого е пронајден хероин. По документирање на случајот, против Г.Х. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, пет за нерегистрирани возила. Изречени се 45 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за користење мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас…


На 01.05.2021 во 18,43 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Делчево, кај место викано „Градски преод Делчево“ патничко моторно возило “пежо 306“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(18) од Скопје излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој на пат кон Медицинскиот центар Штип починал. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.


На 01.05.2021 во 17,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце во с.Порој се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Д (36) од Тетово и патничко моторно возило “тоуран“ со тетовски регистарски ознаки управувано од М.М.(60) од с.Слатино. Во незгодата возачот М.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

На 01.05.2021 во 23,15 часот во Полициската станица Драчево Б.К.(55) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

 На 02.05.2021 година во 05 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, го приведоа Б.М.(23) од Скопје. При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е марихуана и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава според членот 215 од Кривичниот законик.

На 01.05.2021 година во 16,10 часот, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Ф.Ш.(33) од струшкото село Велешта. При преглед на патнички автомобил „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен на улицата „Боро Калајџиески“’ во Струга, во кој бил сопатник, кај него пронајден и одземен хероин. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе кривична пријава според членот 215 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден (01.05.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје - Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 79 возила. Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

На 01.05.2021 во 21,00 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило “фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во пешакот А.К.(21) од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот. Во незгодата А.К. се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен. По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16 годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.05.2021 во 00,30 часот В.С.(23) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 18,30 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат со тврд предмет од Е.Н. и уште две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 16,20 часот С.И.(40) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот син бил физички нападнат од Е.Е. и уште неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 18,50 часот Ф.А.(34) од с.Старо Балдовци пријавил дека истиот ден околу 15,00 часот, во с.Старо Балдовци бил физички нападнат од А.Н, М.Н, Т.Н. и уште неколку други лица со тврди предмети. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 16,00 часот О.А.(21) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 21,15 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.“Мајор Чеде Филиповски“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу шест лица од кои пет малолетници, сите од Гостивар и гостиварско каде бил употребен и тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.

На 02.05.2021 во 05,30 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Стамен Манов“биле опожарени две патнички возила “бмв“ со кочански регистарски ознаки, а делумно оштетено било возило “мерцедес“. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 14,50 часот во Полициска станица Сарај, М.М.(42) од с.Сарај, пријавил дека истиот ден околу 14,00 часот во неговиот двор дошол соседот Ф.Н.(72) упатувајќи закани со остар предмет кон пријавителот и неговото семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.05.2021 во 18,20 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром С.Н.(24) и Љ.Д.(25) физички го нападнале М.Г.(36) од Скопје. По пристигнување на полициски службеници на местото на настанот С.Н. се однесувал агресивно кон нив, по што бил приведен во Полициската станица Аеродром. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 02.05.2021 во 04,00 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Митевски“, со експлозивна направа оштетени биле стакла од неколку дуќани. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.