Извадок на дел од дневни настани 01.05.2021

 

На 30.04.2021 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар го лишиле од слобода А.Ј.С.(21) од Гостивар, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.04.2021 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време. Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен и, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.

На 30.04.2021 во 16.00 часот, на подрачјето на Центар, од страна на полициски службеници од СВР Скопје, при извршен преглед кај Д.Х.(20) од Скопје бил пронајден нож, со што сторил прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 30.04.2021 во 22.05. часот на ул.„Цветан Димов“ од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар биле лишени од слобода Б.С.(48), Н.Х.(42), двајцата од Скопје и Т.Ј.(46), од с.Марино, скопско, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Тројцата биле приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.

 

На 30.04.2021 во 21.10 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Никола Киров Мајски“, мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(40) од Скопје, удрил во две паркирани патнички возила „сеат алтеа“, и двете со скопски регистарски ознаки, едното сопственост на Д.Ѓ.(35) од Скопје, а другото сопственост на Г.С.(42) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 30.04.2021 на подрачјето на СВР Скопје беа спроведени засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, при што биле изречени вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се и 25 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за користење на мобилен телефон, девет за прекршоци што ги чинат пешаците и 17 санкции за непрописно паркирани возила.

 

На 30.04.2021 во 16.30 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Партизански одреди“ патничко возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(45) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Р.Ј.(75) од Прилеп. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

 

Полициски службеници од СВР Тетово на 30.04.2021 спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на непрописно престигнување, при што санкционирани се 43 возачи. Од нив 26 прекршоци се направени на територијата на Полициската станица Тетово, а 17 на територијата на Полициската станица Гостивар. Санкционирани се и 29 други видови на прекршоци.

 

На 30.04.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на автопатот Градско-Неготино, кај Стоби, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Џ.(62) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата В.Џ. и сопатничката Т.Ѓ.(68) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

 

Во текот на 30.04.2021 спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Куманово и на магистралниот пат Арачиново-Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 154 возачи. Од нив, 104 се движеле со брзина над дозволената надвор од населено место, а 50 возила се движеле со брзина поголема од дозволената во населено место.

 

На 30.04.2021 во 15.15 часот било пријавено дека во Куманово, на крстосница од регионален пат Куманово-Свети Николе и ул.„Ѓорче Петров“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(28) од Куманово и мотоцикл „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(37) од Куманово. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 30.04.2021 во 10.15 часот во Полициската станица Драчево, Ф.Н.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

 

На 30.04.2021 во 17.10 часот во Полициската станица Аеродром, И.Д.(33) од Скопје пријавила дека во близина на Железничката станица била касната од куче скитник.


На 30.04.2021 во 12.40 часот од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Б.А.(38) од Скопје, поради основано сомнение дека околу 05.30 часот физички ја нападнал М.Ф.(24) од Скопје, со која се познавале од претходно, на подрачјето на Центар, во стан во кој престојувала. По целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

 

На 30.04.2021 во 15.00 часот било пријавено дека во Берово, во близина на хотел кај место викано „Беровско Езеро“, настанал пожар, во кој била опожарена смрека. Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Берово, вработени во хотелот и минувачи пожарот бил локализиран. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.


На 30.04.2021 во 15.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода С.Ј.(64) и неговиот син С.Д.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 14.00 часот во с.Батинци, по претходна расправија околу нерасчистени должничко-доверителски односи, С.Ј. физички ги нападнал Р.К.(85) и Н.К.(84) од Скопје, притоа употребувајќи тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

На 30.04.2021 во 17.30 часот било пријавено дека настанал пожар на крстосницата од с.Полчиште и с.Бешиште, прилепско, со кој билe зафатени нискостеблеста шума, смрека и сува трева. Од страна на Територијалната противпожарната единица Прилеп пожарот бил локализиран.


На 30.04.2021 во 15.00 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Тремник, малолетник, управувајќи велосипед, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа - Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.


На 30.04.2021 во 16.15 часот било пријавено дека околу 15.30 часот, пред угостителски објект на плоштад „Македонија“, И.К.(37) од Јапонија бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.


ОВР Неготино поднесе кривична пријава против А.М.(62) од с.Долни Дисан, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 21.04.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во неговиот дом и покрај тоа што имал решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.


На 30.04.2021 во 19.50 часот било пријавено дека на Магистралниот пат Охрид-Кичево, кај населба „Горица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.К.(27) од Кичево и мотоцикл, управуван од А.К.(19) од Кичево. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кичево.


На 30.04.2021 во 20.30 часот К.С.(19) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Д.Г., А.Н. и Х.С. Се работи на расчистување на случајот.


На 30.04.2021 во 22.30 часот С.К.(40) од Скопје пријавила дека околу 18.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Ф.Х. и неговите двајца синови. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

 

На 30.04.2021 во 11.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Прилеп-Ресен, кај с.Крклино, мотоцикл „јамаха“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.Н.(27) од Прилеп, излетал од патот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.


На 30.04.2021 во 13.05 часот Д.Р.(63) од Скопје пријавил дека на 29.04.2021 околу 13.05 часот на подрачјето на Центар, во близина на угостителски објект, бил физички нападнат со тврд предмет од две непознати лица, по што му одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот.


На 30.04.2021 во 14.30 часот Л.Т.(31) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од М.Љ. и неговиот син. Се работи на расчистување на случајот.


ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Ј.(64) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 10.04.2021, полициски службеници извршиле проверка и не го затекнале пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал Решение од ДСЗИ за изолација во домашни услови.


На 30.04.2021 во 01.30 часот било пријавено дека на 29.04.2021 околу 18.50 часот во Казнено-поправната установа „Идризово“, во соба од полуотвореното одделение, по претходна вербална расправија, Е.Р.(36) од Битола со остар предмет го нападнал Д.П.(27) од Скопје. Се работи на расчистување на случајот.


На 30.04.2021 околу 18.00 часот во Полициско одделение Шуто Оризари, С.Е.(33) од Скопје пријавила дека нејзината 13-годишна ќерка околу 09.30 телефонски ги известила дека претходниот ден заминала кај 16-годишен малолетник во Битола, со кој претходно биле во комуникација. Според пријавеното, родителите ја вратиле дома, а по кажување на малолетничката помеѓу нив се случил доброволен полов однос.


На 30.04.2021 во 17.00 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу повеќе лица. Според пријавеното, Д.Ј. по вербална расправија со И.В., почнал да се заканува со употреба на остар предмет, со кој го повредил на раката Ј.И, кој се обидел да му го одземе. Како што стои во пријавата, потоа двајцата синови на И.В. физички го нападнале Д.Ј., по што И.В. и Д.Ј. биле пренесени во Општата болница Кочани каде им биле констатирани повреди. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.


На 30.04.2021 во 19.10 часот било пријавено дека во с.Сушица, трактор „масеј фергусон“, без регистарски ознаки, управуван од З.Т.(34) удрил во пешакот Т.С.(38), и двајцата од с.Сушица. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.


На 30.04.2021 полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров привеле 10 лица, постапувајќи по пријава според која во 20.45 часот во с.Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.А.(22) и С.А.(27), двајцата од с.Раовиќ, од една страна и И.П.(57) и Р.П.(30), двајцата од с.Буковиќ, од друга страна. Потоа истите отишле во Градска општа болница „8 Септември“ за санирање на повредите. Околу 21.20 часот неколку лица од фамилијата на Ј.А. и С.А. од с.Раовиќ дошле во дворот на фамилијата на И.П. и Р.П. и испукале повеќе проектили кон Љ.П.(25), син на И.П., кој се здобил прострелна рана во ногата и е пренесен во ГОБ „8 Септември“. Приведените лица се задржани во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.