Извадок на дел од дневни настани 07.04.2021

 
На 06.04.2021 во Хамбург полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години. К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна. Оваа акција е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција, која се одвива со поддршка на ИПА проектот 2019 "Countering serious crime in the Western Balkans".
 
На 06.04.2021 во 18.05 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром - Скопје, од полициски службеници приведен е Г.Е.(51) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што при проверка било констатирано дека во евиденцијата се наоѓа со мерка „апси”, по барање на Одделение за потраги. Лицето е предадено на Казнено-поправна установа Затвор - Идризово.
 
На 06.04.2021 на ул.„Сремски фронт“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(34) од Прилеп, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 06.04.2021 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода А.Т.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 06.04.2021 во 19.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода П.А.(19) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 06.04.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 58 мерки, меѓу кои 35 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирани возила, 2 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон, 3 за возач почетник и 5 за непрописно паркирање.
 
На 06.04.2021 околу 16.00 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Николај Островски“ и ул.„Моцартова“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипедист Р.З.(36) од Скопје, а потоа возачот со возилото го напуштил местото на незгодата. Велосипедистот бил пренесен во Клиничка болница „Аџибадем Сиситина“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
 
На 06.04.2021 во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба А.С.(26) од Скопје пријавил дека во парк-шума „Гази Баба“ бил каснат од куче скитник.
 
На 06.04.2021 во Полициското одделение Новаци, В.Ѓ.(54) од Битола, вработен во ЈП „Комуналец“ - Битола, пријавил дека, додека работел на депонија, пронашол артилериска граната 75мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
 
На 06.04.2021 во 16.50 часот во Полициската станица Гази Баба Б.Т.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ бил каснат од куче скитник.


На 05.04.2021 во 18.05 часот во Полициската станица Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес кај осуденото лице Ѓ.В.(26) од Свети Николе била пронајдена прашкаста материја. Од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја е одземена за понатамошна постапка. По комплетирање на случајот против Ѓ.В. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Л.Г.(22) од Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затоа што при контрола на патничко возило „мерцедес“, со швајцарски регистарски ознаки, извршена на 02.04.2021 во 18.00 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево кај пријавениот пронашле две кеси со марихуана.

На 06.04.2021, полициски службеници го лишиле од слобода Н.И.(20) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба“, извршена на 02.04.2021, при што од хала во фабрика во Свети Николе, со употреба на сила влегол и одзел предмети. Против Н.И. ќе биде поднесена кривична пријава.

На 06.04.2021 во 18.20 часот во СВР Скопје, С.С.(25) од Скопје пријавил дека околу 17.45 часот во казино во трговски центар на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како обезбедување, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Р.(44) од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување  на употреба на наркотични дроги“. Во периодот од февруари 2020 до ноември 2020 пријавениот набавувал марихуана, ја препакувал и ја продавал на улични дилери и зависници во Тетово. Во текот на септември 2020 биле извршени два претреса во домот на пријавениот во с.Мала Речица, како и претрес во стан во Тетово, кој го користел под наем, при што била пронајдена марихуана, ризли и предмети со остатоци од марихуана. Исто така, при претрес во станот во Тетово била затекната М.С.(22) од с.Идризово, скопско, која изјавила дека повремено доаѓала заради употреба на дрога. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице - угостителски објект од Тетово и М.А.(39) од Тетово, одговорно лице во објектот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 27.02.2021 околу 01.05 часот при извршена контрола од страна на полициски службеници од СВР Тетово било констатирано дека угостителскиот објект работел после пропишаното време и во него биле затекнати 27 лица, гости и персонал. 


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.И.(50) од с.Балиндол, гостиварско, сопственик на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 27.02.2021 околу 21.30 часот полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект и констатирале дека работел после пропишаното време и во него биле затекнати гости. 

На 06.04.2021 околу 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во викенд куќа во с.Катланово, скопско, бил пронајден починат Т.П.(84) од Скопје. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обукција.

СВР Велес поднесе кривична пријава против А.А.(42), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 31.03.2021 во 23.50 часот во Демир Капија, полициски службеници го забележале пријавениот како се движи со патничко возило „форд фокус“ без дозвола за движење, за време на забрана за движење на возила и лица во периодот од 22.00 до 05.00 часот.    

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ф.Д.(29), О.Ј.(22), Б.Ј.(20), Т.Ј(38) и А.Т.(45), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле по едно кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, на 29.03.2021 во 23.30 часот на регионалниот пат кај с.Кадрифаково, светиниколско, се движеле со патничко возило „голф“,  без дозвола за движење за време на забрана за движење од 22.00 до 05.00 часот. 

На 06.04.2021 во 15.00 часот во Одделението за внатрешни работи Дебар, 56- годишен маж од Дебар пријавил дека бил измамен од М.Д, К.С., двајцата од Дебар и С.Н. од с.Велешта, струшко, за сума од околу 80.000 евра. Според пријавеното, во декември 2018 тој му позајмил пари на М.Д. кои до сега не му ги вратил. Исто така, според пријавеното, С.Н. со посредство на К.С. се обврзал дека ќе го преземе долгот што М.Д. го имал кон него, а за таа цел требало да му исплати 32.000 евра за да ја ослободи хипотеката и сопственоста да ја пренесе на него. Како што е пријавено, С.Н. како награда од пријавителот добил 13.300 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Ф.(41) и Ц.Б.(41), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2021 во 03.15 часот, полициски службеници од ОВР Струга ги затекнале пријавените како се движат со патничко возило, без дозвола за движење во време на забрана за движење од 22.00 до 05.00 часот. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.С.(39) од с.Горенци, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.03.2021 пријавениот бил затекнат во угостителски објект во Охрид, со што не се придржувал кон издаденото решение за домашна изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат