Извадок на дел од дневни настани 06.04.2021

 На 05.04.2021 околу 16.30 часот на улица „Мурад Бафтијари“ во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово ги лишиле од слобода Б.П.(18) од с.Теарце, А.М.(18) и Б.Ќ.(18), двајцата од с.Нераште, тетовско, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.04.2021 во периодот од 20.30 до 21.30, полициски службеници од Полициското одделение Галате - СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект во Врапчишко поле во близина на автопатот Тетово – Гостивар, сопственост на Р.Б.(46) од Гостивар. При контролата било констатирано дека во објектот има музика во живо, танчерки, како и 11 гости. Во објектот биле затекнати пет женски лица(четири македонски државјанки и една бугарска државјанка) кои работеле како танчерки и пејачки и едно машко лице кое работело како пејач. Сопственикот на објектот Р.Б. бил лишен од слобода по член 206 од Кривичниот законик, додека бугарската државјанка била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој. Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат, а по целосно документирање и расчистување на случајот  ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 05.04.2021 околу 19 часот во с.Матка, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.С.(51) од с.Матка. Кај него при преглед бил пронајден пиштол „берета“ калибар 9 мм, а според пријавеното пукал со пиштолот и организирал семејна веселба во својот двор, спротивно на прописите за заштита од ковид-19. По претходна пријава, во дворот од неговата куќа полициски службеници извршиле контрола, при што биле затекнати двајца музичари и поставени маси. Поради сомнение дека постапиле спротивно на препораките за заштита од ковид-19 од слобода биле лишени и Е.С.(22), од с.Матка, И.Ј.(56) од с.Камењане, тетовско, Ш.Р.(52) од Скопје и Ф.А.(28) од с.Србиново, гостиварско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23, 10 санкции за непрописно престројување, три за нерегистрирани возила.Изречени се 16 санкции за користење мобилен телефон, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возачи на  мотоцикли, три за некористење сигурносен појас и 52 санкции за непрописно паркирани возила.
 
На 05.04.2021 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиj Гологанов“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(48) од Скопје, удрило во пешакот С.Ф.(70) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 05.04.2021 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 55 мерки, меѓу кои 35 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 6 за управување возило без возачка дозвола, 5 за некористење сигурносен појас, 3 за возач почетник и 6 за непрописно паркирање. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови.

На 05.04.2021 во 09.50 часот во Полициската станица Карпош, М.Т.(74) од Скопје пријавила дека на ул.„Франце Месеснел“ била касната од куче скитник.

На 05.04.2021 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Макази-с.Царев Двор, кај с.Горна Бела Црква, 16-годишна малолетничка од с.Горна Бела Црква, управувајќи мотоцикл „лонгија 125”, паднала на коловозот и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Ресен.

На 05.04.2021 во 14.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Љ.П.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ бил каснат од куче скитник. 
 
 На 06.04.2021 околу 11.30 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.В.(42) и Р.Р.(40), од тетовски Пирок и Б.Љ.(40) од Тетово, затоа што при преглед кај нив бил пронајден хероин. Тие се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
 

На 05.04.2021 во 19.35 часот на ул.„Вардарска“ во Штип, полициски службеници пронашле патничко возило „лада“, без регистарски ознаки, учесник во сообраќајна незгода, натоварено со огревни дрва без соодветни документи. Возилото и дрвата биле одемени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 04.05.2021 во 21.09 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при обиколка на затворот, кај стадионот, била пронајдена марихуана. Од страна на полициски службеници од СВР Штип марихуаната била одземена за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 05.04.2021 во 22.50 часот, при извршени контроли на локален пат во кичевското село Колибари, полициските службеници затекнале патничко возило „крајслер“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Ф.Д.(40) од с.Стрелци. При преглед во возилото констатирано е дека превезувал огревно дабово дрво, за кое немал соодветна документација. Дрвната маса е одземена од претставници на Шумската полиција и по целосно документирање на случајот ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава.

 

На 05.04.2021 во 13.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 12.30 часот во населбата „Ајдучка чешма“, И.Н.(62), додека извршувал градежни работи за фирма на станбен објект, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Куманово. Од страна на СВР Куманово и Трудов инспектор бил извршен увид на место на незгодата.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.А.(57) од Скопје, вработен како поштар во АД Пошта на Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“. Б.А., при достава на препорачани поштенски пратки – судска опомена за плаќање на такса кон лице од Скопје, не ја доставил уредно пратката на наведено место и датум и со свој потпис неовластено го потврдил приемот. На тој начин Б.А. ѝ причинил штета на оштетената, со тоа што не ја добила навремено опомената за плаќање на такса за жалба и го пропуштила законскиот рок за поднесување на жалба по однос на имотно - правен судски процес.

 

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривични пријави против Ј.Ј.(53) и К.А(51), македонски државјани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 29.03.2021 на Граничен премин „Меѓународен аеродром - Скопје“ тие приложиле фалсификувани негативни ПЦР тестови. 

 

СВР Струмица, СВР Штип, СВР Велес, СВР Тетово, СВР Битола и СВР Охрид поднесоа кривични пријави против И.К.(29) од с.Раброво, валандовско, М.М.(44) од с.Дражево, струмичко, М.Ц.(45), Н.К.(26), Ѓ.Д.(23) и Е.Ш.(36), четворицата од Струмица, Ф.Ј.(47), М.Ц.(26), М.А.(20), Д.С.(19), М.К.(26), Д.С.(24), Н.А.(57), Р.Л.(36), сите од Кочани, Р.Т.(58) од с.Клуковец, велешко, И.П.(47) од Велес, А.С.(25) од Демир Капија, А.В.(33) од с.Челопек, тетовско, А.З.(25), З.Ф.(26), двајцата од с.Шемшево, тетовско, Б.С.(57) од Битола, А.Џ.Р.(53) од Велика Британија, Ф.И.(18) од с.Горно Строгомиште, кичевско, како и известување од СВР Битола против тројца малолетници од с.Белче, демирхисарско, поради сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените, во периодот од 12.03 до 04.04.2021 постапиле спротивно на одлуката од Владата на Република  Северна Македонија и за време на забрана за движење на лица во период од 22.00 до 05.00 часот биле затекнати надвор од домовите без соодветна дозвола за движење.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.02.2021, пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице - хотел од Тетово и Д.С.(39) од с.Мала Речица, тетовско, како менаџер во хотелот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.03.2021 полициски службеници извршиле контрола во хотелот, при што било констатирано дека во него се организирала семејна веселба – свадба, каде имало 80 гости. Од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат локалот бил затворен, а Д.С. бил лишен од слобода и приведен во просториите на СВР Тетово за понатамошна постапка.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 16 - годишник од кумановско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 03.03.2021 пријавениот во финансиско друштво ја дал личната карта на неговиот постар брат, со намера да подигне кредит, спротивно на услови утврдени со закон, без негова согласност и се обидел да ги злоупотреби и искористи неговите лични податоци.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.В.(71) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 13.01.2021, пријавениот на „Фејсбук“ од неговиот профил поставил коментар со навредлива и заканувачка содржина, со што поттикнувал омраза, дискриминација и насилство.

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Е.Џ.(33) од с.Добридол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца“. На 25.02.2021, при извршена контрола од страна на полициски службеници од Полициското одделение Галате и ОВР Гостивар во содејство со УЈП, било констаирано дека во склоп на куќа каде што живее, пријавениот организирал и приредувал игри на среќа без соодветна документација. При контролата биле одземени компјутери, телевизор, друга техничка опрема и уплатени тикети од термална хартија со сериски броеви.