Извадок на дел од дневни настани 05.04.2021

 
На 04.04.2021 во 21.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар привеле малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени марихуана и нож на расклопување. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 
 
На 02/03/04.04.2021 на подрачјето на СВР Битола биле извршени засилени контролни активности на патниот сообраќај. Притоа, биле откриени и санкционирани 218 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 26 возачи кои не поседувале возачка дозвола, четири возила со истечена регистрација, 14 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возило, седум кои не користеле сигурносен појас, седум кои извршиле неправилно престигнување, а шест возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле отстранети од сообраќај. За сите прекршоци биле издадени соодветни налози. 
 
На 04.04.2021 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место. Притоа, откриени и санкционирани биле 40 пречекорувања на дозволена брзина надвор од населено место (ТЕ-10 и ГВ-30), од кои 7 (ГВ) биле за 70 километри на час повеќе од дозволеното, а 25 (ТЕ-2 и ГВ-23) за 50 до 70 километри на час. Во акцијата, исто така, санкционирани се и 78 пречекорувања во населено место (ТЕ-71 и ГВ-7), од кои 3 (ТЕ) биле за 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изречени им се соодветни санкции. Санкционирани се и 16 други видови прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-5). 
 
На 04.04.2021 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 77 прекршоци, од кои 60 прекршоци по акциската контрола и 17 останати прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. 
 
На 04.04.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 67 прекршоци, од кои 27 на подрачјето на Штип, 3 Кочани, 6 Пробиштип, 4 Виница, 7 Делчево, 5 Берово и 15 Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле  и 15 останати прекршоци.
 
На 05.04.2021 во 05.35 часот на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, кај клучка „Демир Капија“, полициски службеници ги лишиле од слобода И.С.(47) и А.Љ.(23), двајцата од Република Србија, затоа што во возило „даеву“, со српски национални ознаки, во кое биле двајцата, а кое го управувал И.С., биле пронајдени седум лица – мигранти од Пакистан.  Во наведеното време, полициски службеници дале знак за запирање на нивното возило, но тие не застанале и продолжиле со голема брзина, но набргу потоа излетале од патот. При преглед во возилото биле пронајдени седум мигранти од Пакистан, кои во незгодата се здобиле со телесни повреди. И.С. и А.Љ. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 04.04.2021 во 21.30 чaсот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, кај с.Опае, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од с.Липково и патничко возило „бмв 730“, со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Опае. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица“, Р.М.(43) од с.Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.
 
На 03.04.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека девет возачи упарвувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 45 останати прекршоци, меѓу кои 16 за пречекорување на брзина, 5 без возачка дозвола, 7 некористење сигурносен појас, 2 нерегистрирани возила, 1 користење мобилен телефон и 14 за непрописно паркирање.  
 
На 04.04.2021 во 15.45 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат на место викано Киселица, пробиштипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со винички регистарски ознаки, управувано од Г.М.(35) од Виница и патничко возило „рено“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(41) од Штип. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.Т. и сопатниците од истото возило, И.Т. и С.С., а со телесни повреди се здобила сопатничката С.Х.Т., констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.
 
На 04.04.2021 во 04.30 часот од полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Гази Баба, по судска наредба, бил приведен Б.Р.(45) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што се барал за доиздржување на казна затвор во траење од три години и два месеци, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори“. Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.  
На 05.04.2021 околу 03.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Т.(33) од с.Мешеишта, охридско, поради сомнение дека околу 00 часот во с.Мешеишта предизвикал пожар во две патнички возила, и тоа „мерцедес“, со охридски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од с.Лешани, општина Дебарца и „санг јонг корандо“, сопственост на И.Ј.(48) од с.Требеништа, општина Дебарца. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.04.2021 во 15.26 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при претрес на просторија од медицинска амбуланта во кругот на установата било пронајдено едно најлонско пакување во кое имало прашкаста материја. Од страна на полициски службеници од СВР Штип прашкастата материја била одземена за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против правно лице од Кичево и против управителот  Ќ.К.(41) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“. На 22.02.2021 на ул.„11 Септември“ во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на такси возило „опел вектра“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ќ.К., при што констатирале дека врши јавен такси превоз без лиценца за превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен орган.    

На 04.04.2021 на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата во сообраќајот. Притоа, полициските службеници во Охрид регистрирале 31 пречекорување на дозволената брзина на движење (3 надвор од населено место и 28 во населено место), во Струга вкупно 32 (10 надвор од населено место и 22 во населено место), а во Дебар 5 пречекорувања на пропишаната брзина на движење надвор од населено место. За сите возачи биле изречени соодветни санкции.

На 04.04.2021 околу 19.50 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на ул.„Самуилова“, на парцела позади Француските гробишта, во свлечиште од земја биле пронајдени повеќе коски од човечко тело. Извршен е увид на местото и по наредба на Јавен обвинител коските се предадени на Судска медицина за понатамошна постапка.  

На 04.04.2021 во 20.20 часот во Полициската станица Карпош, Д.О.(41) од Скопје пријавил дека на 02.04.2021 околу 21.00 часот на подрачје на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (05.04.2021) во 02.50 часот во СВР Велес било пријавено дека во домот на ул.„Кочо Рацин“ била пронајдена почината Р.П.(46) од Градско. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство. Известен е Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

На 04.04.2021 во 22.24 часот во Полициската станица Гази Баба, С.В.(19) од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот во с.Инџиково бил физички нападнат од Д.Д., кој му нанел повреди на телото. Според пријавеното, тој се качил во возило со Д.Д. и З.Д. и отишле во гаража на Т.„Н“. во с.Инџиково, каде што Д.Д. го сторил делото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.