На 03.04.2021 во 22,40 часот во угостителски објект во с.Сараќино од полициски службеници од СВР Тетово била извршена контрола и при тоа во објектот сопственост на М.З.(43) од Тетово биле затекнати 10 лица, кои биле приведени во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РСМ. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.
На 03.04.2021 во 11,30 часот Т.А.(68) од с.Ниќифорово пријавил дека во атар на с.Леуново на место викано Црн камен пронашол неексплодирана рачна бомба од Втората Светска Војна. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар, по што била предадена на Дирекцијата за заштита и спасување Тетово за понатамошна постапка.
На 03.04.2021 околу 09,40 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Јажинце бил приведен А.З.(30) од Р.Албанија поради илегален влез во РСМ. Тој бил задржан во СВР Тетово за понатамошна постапка.
На 03.04.2021 во 10,07 часот Ж.М.(61) од Скопје пријавил дека на 01.04.2021 околу 19,00 часот на „Кеј Димитар Влахов“ бил физички нападнат од едно лице, при што му биле одземени два мобилни телефони, паричник со пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.04.2021 во 21,50 часот В.Г.(23) од Битола пријавил дека истиот ден околу 20,25 часот во Битола на ул.„Неолица“ видел како две кучиња кои биле сопственост на М.Т. од Битола ја нападнале В.Л.(49) од Битола. В.Л. се здобила со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Се работи на расчистување на случајот.
На 03.04.2021 во 10,00 часот во Скопје на ул.„Волт Дизни“ настанал пожар во куќа, кој бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица. Во меѓувреме екипата од Бригадата за противпожарна заштита забелажала чад од две соседни куќи, но било спречено проширувањето на пожарот. Се работи на расчистување на случајот.
На 03.04.2021 во 12,00 часот Н.П.(65) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош му било одземено патничко моторно возило „фолксваген т-рок 1,5“ со скопски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.04.2021 во 15,10 часот во Полициска станица Крива Паланка, Љ.Ј.(26) од Крива Паланка пријавила дека нејзината баба Ц.Ѓ.(79) се оддалечила од нејзиниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 02.04.2021 во 20,30 часот било пријавено дека во Тетово на ул.„Љубо Божиновски Пиш“ настанал пожар во магацин-хала сопственост на Џ.Џ.(67) и У.Џ.(60) двајцата од Тетово. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Повредени лица нема. Извршен е увид.
На 03.04.2021 во 19,50 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Козле“ возило, (кое го напуштило местото на настанот) удрило во велосипед со мотор „томос“ кој бил паркиран од Д.П.(72) од Скопје. Д.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
На 03.04.2021 во 20,00 часот на Меѓународниот аеродром Скопје била лишена од слобода Х.Б.(42) с.Селце-тетовско поради тоа што физички нападнала полициска службеничка. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 03.04.2021 во 20,15 часот А.Г.(34) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров заедно со В.М.(38) од Скопје биле физички нападнати од едно лице, кој им се заканувал со пиштол. Се работи на расчистување на случајот.
На 03.04.2021 во 20,46 часот било пријавено дека во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу З.Б. и М.Б. од една страна и Р.Б., З.Б., Д.Б. и С.Б. од друга страна сите од Битола. Се работи на расчистување на случајот.
На 04.04.2021 во 00.30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле А.З. (26) од Прилеп по пријава од А.Р.(44) од Прилеп дека на 03.04.2021 околу 21,00 часот А.З. насилно ја однело нејзината ќерка со патничко моторно возило „голф“. Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.