Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 27.02.2021

 На 26.12.2021 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(34) од Ресен, затоа што при преглед кај него бил пронајден хероин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.02.2021 во 01.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Ч.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок по член 80 од Законот за оружје. При преглед кај него бил пронајден нож,а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

 

На 25.02.2021 во 19.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода и привеле Е.Л.(46) од Република Албанија, поради илегален влез во Република Северна Македонија, а која од претходно имала забрана за влез во државата. Во Основниот суд Тетово изречена ѝ е безбедносна мерка „протерување на странец од РСМ со забрана за повторно влегување“ во времетраење од една година, по што од полициски службеници била депортирана и предадена на пограничните органи на Република Албанија.

 

На 26.02.2021 во 21.00 часот во Дебар, полициски службеници од Полициска станица Дебар го привеле А.Ц.(37) од Република Албанија. При преглед во неговото возило била пронајдена поголема количина техничка и друга стока без соодветна документација.  Со него бил извршен разговор во полициска станица, а предметите му биле одземени. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.02.2021 во 10.50 часот на Граничен премин Јажинце, при пасошка контрола и проверки било констатирано дека Д.Д.(24) Косово непријавено престојувал во Република Северна Македонија повеќе од дозволеното. Тој бил приведен во полициска станица и предаден на инспектор од Одделот прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

 

На 26.02.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„2“ во с.Визбегово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Х.(26) од Скопје, мотоцикл „хонда“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.З.(18) од Скопје и мопед „лифан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се здобиле двајцата мотоциклисти и двајца сопатници на мотоциклите, С.Е.(19) и 15-годишник од Скопје. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

 

На 26.02.2021 во 20.07 часот во Полициското одделение Петровец, Ф.П.(18) пријавила дека во с.Марино, скопско, била касната од куче скитник.  

 

На 26.02.2021 во 16.30 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на место викано ,,Малин дол“, на локалниот пат с.Свето Митрани – с.Милошево, крушевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл, управуван од А.Д.(69) од Битола и трактор, управуван од Г.Т.(53) од с.Свети Тодори, општина Могила. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп, се здобил мотоциклистот.  Увид на местото извршила екипа од ОВР Крушево.

 

На 26.02.2020 во 10.30 часот во Полициската станица Кичево, Д.П.(42) од Кичево пријавил дека на ул.„Влашки пат“ во Кичево неговата малолетн аќерка била касната од куче скитник.  

На 26.02.2021 околу 20.30 часот во СВР Скопје биле приведени Д.Б.(22), Р.Б.(20), А.С.(26) и Ј.М.(26), сите од Скопје, поради тоа што пред угостителски објект на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Б. и Р.Б., од една страна и А.С. и Ј.М., од друга страна. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 26.02.2021 полициски службеници од ОВР Прилеп ја пронашле А.О.(12) од Прилеп, за која на 25.02.2021 нејзината мајка Р.О.(30) пријавила дека се оддалечила од домот. Детето било предадено на нејзината мајка.  

 

На 26.02.2021 во Полициската станица Крива Паланка бил приведен И.М.(19) од Крива Паланка, постапувајќи по пријава во 20.14 часот од страна на А.Ј. од Крива Паланка, според  која во угостителскиот објект, во кој тој бил управител, И.М. со метален предмет нападнал еден од вработените. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.К.(44), од Гевгелија, вработен како возач во правно лице од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.12.2020, при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека А.К. управувал комбе „мерцедес“, сопственост на правното лице, во кое превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за исполнетост на максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото.

 

На 26.02.2021 во Полициската станица Центар, командир на судска полиција од Основен суд Скопје 1 пријавил дека во 09.40 часот во судот, при рутински преглед, кај В.В.(43) од Велес бил пронајден нож на расклопување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.             

 

Регионален центар за Гранични работи Исток поднесе осум кривични пријави против Е.М.(34), Ф.Х.М.(33), двајцата од с.Врапчиште, гостиварско, Е.И.(31), Џ.И.(29), двајцата од Гостивар, Н.А.(42) од Кондово, скопско, В.Б.(22), А.М.(35), двајцата од Студеничани, скопско и Б.С.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени осум кривични дела „фалсификување исправа“ и осум кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“. Пријавените, на Граничен премин „Деве Баир“ доставиле на увид негативни ПЦР тестови, но при вршење на дополнителна проверка било утврдено дека тестовите се фалсификувани.

 

На 26.02.2021 околу 17.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот „Монструм“, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 26.02.2021 во 18.32 часот во СВР Штип, А.М.(32) од Кочани пријавил дека на ул. „И.И.Балаш“ во Кочани бил каснат од куче домашен миленик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против З.М.(52) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 13.11.2020, полициски службеници извршиле претрес во куќа во с.Голем Радобил, прилепско, сопственост на З.М., при што пронашле и одзеле ловен карабин „М98“ со калибар 7.9 мм и осум парчиња муниција 7.9 мм за кои не поседувал документација.

 

На 26.02.2021 во 15.55 часот во СВР Скопје, В.З.(28) од Пробиштип пријавила дека на ул.„Народен фронт“ едно лице со употреба на сила ѝ одзело златен ланец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

ОВР Неготино поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 20.05.2020, полициски службеници го забележале пријавениот како им дава на користење марихуана на други лица, а при преглед кај него, исто така, била пронајдена марихуана.

 

На 27.02.2021 во 01.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 01.25 часот на паркингот позади Поликлиника Чаир, на ул.„Втора македонска бригада“, едно лице го нарушило јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје. Полициски службеници извршиле увид на местото, при што пронашле осум чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.З.(44) од с.Заграчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 22.10.2020 на магистралниот пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле контрола на автобус „мерцедес бенз“, управуван од А.З., кој вршел транспорт на патници, при што било утврдено дека не постапил според прописите, односно било констатирано дека во автобусот има повеќе патници од дозволеното, со што ја прекршил одлуката за исполнетост на максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото. 

 

На 27.02.2021 околу 01.30 часот на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода С.М.(27) од Кавадарци, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.02.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека Б.Н., тетин, се обидел да изврши обљуба врз нејзините две ќерки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.