Извадок на дел од дневни настани 22.02.2021



На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што биле изречени 191 санкција. Притоа, 120 од казните биле за пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-70 и ГВ-50). Покрај ова, билa изреченa и 71 мерка (ТЕ-39 и ГВ-32) за пречекорувања на максимално дозволената брзина во населено место. Една од изречените мерки била за пречекорување за над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата санкционирани се и 17 други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-12). На автопатот Тетово-Гостивар, во близина на клучката за тетовско Камењане, во периодот од 20.00 до 23.00 часот полициски службеници од тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај, со употреба на „ноќен радар“ реализирале засилени контроли за брзина. Откриени и законски санкционирани биле 19 возачи, од  кои  девет ја пречекориле брзината за над 70, а десет од 50 до 70 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.

На 21.02.2021 во 19.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови. Извршен бил разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.

На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 133 прекршоци, од кои 60 на подрачјето на Штип, 21 Кочани, 2 Пробиштип, 15 Виница, 10 Делчево, 14 Берово и 11 Свети Николе. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле  и 24 останати прекршоци.

На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола над возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле откриени 109 прекршоци и на возачите им биле изречени соодветни санкции. Констатирани биле и 39 останати прекршоци.  

На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле регистрирани 62 прекршоци, од кои 12 во Велес, 17 во Кавадарци и 33 во Неготино, за кои ке бидат поднесени соодветни пријави.

На 21.02.2021 во 16.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандаски“ во Скопје, Р.П.(26) од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 21.02.2021 на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, на подрачјето на Охрид полициските службеници регистрирале 19 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина на движење, во Струга 21, во Кичево 19 и во Дебар 15 возачи. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.  

На 21.02.2021 во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.С.(21) од Скопје пријавил дека на бул.„Борис Трајковски“ бил каснат од куче скитник.

На 21.02.2021 во 11.05 часот во Полициската станица Чаир, К.К.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Боца Иванова“ бил каснат од куче скитник. 

На 21.02.2021 во 19.00 часот на Плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид бил лишен од слобода и приведен А.К.(46) од Охрид. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Струга за доиздржување на затворската казна, од каде, според пријавеното, избегал на 20.02.2021 во 23.00 часот.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Н.(47) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Таа,  во текот на 2020 како инвеститор, на локација на јавен пат во Струга, без решение за изведување, узурпирала државно земјиште и изградила бетонска ограда во должина од 70 метри. По извршен инспекциски надзор, било донесено решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани оградата.  

На 21.02.2021 во 18.14 часот во СВР Скопје, Д.Ч.(21) и Д.Т.(27), двајцата од Скопје, пријавиле дека поради недоразбирање во сообраќајот биле физички нападнати од три лица, кои го оштетиле и возилото „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 19.02.2021 околу 22.00 часот во СВР Велес, Л.В.(19) од Велес пријавил дека на ул.„Андон Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник.  

На 21.02.2021 во 14.30 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Г.Ј.(48), постапувајќи по претходна пријава дека во 13.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Драчево со остар предмет го нападнал Б.И.(36). Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

На 21.02.2021 во 10.25 часот во Полициското одделение Сарај, Т.Б.(35) од с.Рашче, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Т.С.(30). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против А.М.(32) од с.Удово, валандовско, вработен како возач во правно лице од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 03.12.2020, при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека А.М. управувал автобус „сетра“, сопственост на правното лице, во кој превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото.

На 21.02.2021 Е.А.37) од Кичево во полициската станица Кичево пријави дека нејзиниот малолетен син на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, бил каснат од куче скитник.

На 21.02.2021 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на  ул.„Радишанска“ две лица со закана кон вработента одзеле пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против Г.У.(52) од с.Богородица, гевгелиско,  вработен како возач во правно лице од с.Негорци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 25.11.2020, при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека Г.У. управувал комбе „мерцедес“, сопственост на правното лице, во кое превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за исполнетост на максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото.

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.Ц.(26) од Богданци, вработен како возач во правно лице од Богданци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 25.11.2020, при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека В.Ц. управувал автобус „волво“, сопственост на правното лице, во кое превезувал поголем број на патници, со што ја прекршил одлуката за исполнетост на максимум 50% од вкупниот капацитет на возилото.  

На 21.02.2021 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Јужноморавски Бригади“ две лица со закана одзеле пари и при  излегување од објектот испукале еден куршум. Според пријавеното, тие заминале со патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, и на ул.„Фуштанска“ удриле во патничко возило „мицубиши“, по што го оставиле нивното возило и побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.