Извадок на дел од дневни настани 21.02.2021

На 20.02.2021 во 20.30 часот на Граничен премин „Белановце“ од полициски службеници е лишен од слобода А.Ш.(41) од Скопје за кого била распишана потерница. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово, за понатамошна постапка.

 

На 20.01.2021 во 22.45 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода О.В.(42) од с.Пирок,тетовско и Б.Љ.(40) од Тетово бидејќи кај нив била пронајдена прашкаста материја и нож. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Во текот на вчерашниот ден (20.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија - Куманово, при што санкционирани се 122 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возило со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

На 20.02.2021 во 18.55 часот во СВР Скопје, М.К.(32) пријавила дека на ул. Филип втори Македонски била касната од куче скитник.

 

На 20.02.2021 полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово и Липково. При тоа санкционирани се 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени 12 возила поради други прекршоци.

 

На 20.02.2021 во 14.20 часот во СВР Скопје, П.В.(28) пријавил дека на ул. Вич бил каснат од куче скитник.

 

На 20.02.2021 околу 20,15 часот во угостителски објект на бул.„Илинден“ во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Х.Ј.(19) и А.С.(27) двајцата од Скопје, а во врска со претходна пријава дека во угостителскиот објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.Ѓ.(28) од Скопје и Х.Ј.(19), по што А.С. (27) почнал да го крши инвентарот од угостителскиот објект. Според сведочењето на присутните, сите тројца претходно седеле на иста маса. Потоа А.С. физички ја нападнал и Е.Х.(18) од Скопје која била заедно со С.С.(19) од Скопје, а потоа и го искршил мобилниот телефон на Е.Х... На местото на настанот е извршен увид, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 20.02.2021 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.40 часот настанал пожар во приземјето на зграда на бул.„Видое Смилевски Бато“ при што била опожарена кутија од кабелски оператор. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Нема повредени лица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

На 21.02.2021 во 09.30 часот во СВР Скопје, Б.Т.(75) од Скопје пријавил дека на ул.Среќко Пужалка бил каснат од куче скитник.

 

На 20.02.2021 во 16.40 часот во Полициска станица Гостивар, И.Ј.(33) од Гостивар, вработена во казино во Гостивар пријавила дека околу 14.20 часот додека била на своето работно место, едно лице и дало банкнота од 500 евра да ја замени, а потоа ги однела парите во менувачница каде утврдиле дека парите се фалсификувани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.02.2021. во 14.25 часот на Наплатна рампа во Гостивар од полициски службеници од СВР Тетово приведен е Б.А.(21) од Скопје, а во врска со претходна пријава од С.В.(21) од Гостивар дека околу 14.10 часот на бул„Гоце Делчев“ по претходна расправија бил физички нападнат од Б.А. и Б.А. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 20.02.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, пријавено е дека во локал на ул„БиХ“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи на гости во локалот по што од огнено оружје биле испукани неколку куршуми. Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени и подигнати се две чаури и еден фрагмет од проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.02.2021 во 02.30 часот на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која Т.Т.(34) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки удрил во паркирaно патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, кое обезбедувало лице место на претходно случена сообраќајна незгода, а потоа и во полициски службеник. По незгодата, таа биле пренесена во Клиничка болница Тетово каде и биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

На 20.02.2021 во 20.30 часот во СВР Скопје, Е.К.П.(43), пријавила дека на 19.02.2021 околу 21.00 година на бул.Миторполит Теодосиј Гологанов, на подрачје на Карпош, нејзиниот 16 годишен син кој бил заедно со уште три лица бил физички нападнат со тврд и остар предмет од М.С. и А.В. кои биле заедно со други лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 20.02.2021 во 21,15 часот во СВР Скопје, З.В.(49) од Скопје пријавил дека на ул.Перо Наков бил каснат од куче скитник.

На 21.02.2021 во 03.30 часот во СВР Скопје, С.Р.(38) пријавил дека на подрачје на Шуто Оризари, било опожарено неговото возило „сеат алтеа“. Извршен е увид.