Извадок на дел од дневни настани 20.02.2021

 На 19.02.2021 во 08,40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, за излез од Република Северна Македонија, бил лишен од слобода О.Ј.(63) од Република Tурција поради постоење основи на сомнение дека приложил фалсификуван негативен ПСР тест. Тој бил предаден на полициски службеници од Регионалниот Центар за Гранични работи Север за понатамошна постапка.

 

На 19.02.2021 во 14,10 часот во Полициската станица Бит Пазар Б.А.(59) од Скопје пријавила дека на ул.“Втора Македонска бригада“ била касната од куче скитник.

 

На 19.02.2021 во 11,30 часот во Полициската станица Аеродром Д.Ш.(68) од Скопје, пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 31 за управување со брзина поголема од дозволената, 2 мерки за возење под дејство на алкохол, 2 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 мерки за користење на мобилен телефон, 3 за некористење на сигурносен појас и 46 санкции за непрописно паркирање.

 

На 20.02.2021 во 00,50 часот било пријавено дека на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, патничко моторно возило „опел мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.М.(20) од Гевгелија, излетало надвор од коловозот. Во незгодата на местото на настанот починал сопатникот И.П.(19) од Гевгелија, а со повреди се здобиле И.М. и сопатникот В.С.(19) од Гевгелија констатирани во Општата болница Гевгелија. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

                                     

На 19.02.2021 во 17,45 часот било пријавено дека во Кочани на ул.„Страшо Пинџур“, кај место викано „Стришинска чешма“, патничко моторно возило „сузуки свифт“ со кочански регистарски ознаки управувано од Д.Г.(56) од Кочани удрило во пешакот Т.Е.(68) од Кочани. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Јавната здравствена установа Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

 

На 19.02.2021 во 22,20 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово-с.Никуљане, патничко моторно возило “фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од М.Ж.(20) од с.Долно Којнаре-кумановско излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила сопатничката А.Т. (20) од Куманово констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.


Во текот на вчерашниот ден (19.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија - Куманово, при што санкционирани се 58 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

 

Полициски службеници од ПО Шуто Оризари и ОКР Чаир на 19.02.2021 го приведоа П.Б. (43) од Скопје, кој се барал со потерница за дозидржување на затворска казна откако избегал од казнено поправна установа. П.Б. е осуден на девет години затвор. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.  

 

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска ( 20.02.2021), по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско. При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, марихуана, 566 семки канабис, како и други предмети. Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.  

 

На 19.02.2021 во 07,45 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Д.А.(38) од с.Јаргулица, при што било пронајдена и одземена ловна пушка марка „ИЖ“ и 13 патрони калибар 16 мм. Исто така, на 19.02.2021 во 08 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Т.С.(54) од с.Јаргулица при што биле пронајдени и одземени две ловни пушки марка “Црвена застава“, 51 патрон ловечка муниција калибар 12 мм. и сигнален пиштол марка “Екол“. По целосното документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

 
 
 
 

На 20.02.2021 во 06,00 часот, М.А.(26) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 01,00 часот во населбата Кисела Јабука во близина на угостителски објект бил физички нападнат од едно лице со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

             

На 19.02.2021 во 22,01 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен 17 годишник од Скопје, кој се здобил со повреди од остар предмет при физички напад на подрачјето на Карпош. Според пријавеното, настанала расправија помеѓу две групи додека се возеле во автобус, по што на постојката на која се симнале настанала меѓусебна пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

На 19.02.2021 во 19,40 часот во Полициската станица Аеродром А.Ј.Т.(35) од Скопје пријавила дека на ул.“23-ти Октомври“ била касната од куче скитник.

              

На 20.02.2021 во 02,02 часот било пријавено дека на автопат Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски управувано од Ј.Т.(28) од Турција, со времен престој во Скопје, и патничко моторно возило “мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(34) од с.Чегране. Во незгодата возачот Ј.Т. се здобил со телесни повреди, а сопатничката Е.А.(25) од истото возило се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

 

На 19.02.2021 во 19,30 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ц.(21) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супатанции и прекурсори“. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 19.02.2021 во 20,55 часот Н.Х. (58) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 20,45 часот во центарот на Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 19.02.2021 во 11,50 часот Т.Р.(34) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар во автобус била физички нападната од три лица. Се работи на расчистување на случајот.

              

На 19.02.2021 во 16,25 часот Д.Ѓ.(36) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 15,42 часот на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 19.02.2021 во 21,40 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Вељко Влаховиќ“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(22) од Штип, и патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки управувано од Р.З.(34) од Штип. Во незгодата двајцата возачи се здобиле со повреди и се пренесени во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 19.02.2021 во 01,10 часот И.М.(66) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00,15 часот на подрачјето на Карпош од едно лице кој бил патник во неговото такси возило бил физички нападнат. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ на С.С.(30) од Скопје.