Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 07.02.2021

Синоќа (06.02.2021) во периодот од 19 до 22 часот полициски службеници од ПС за БПС Тетово со употреба на т.н. ноќен радар спроведоа акциска контрола во периодот од 19 до 22 часот за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената. Санкционирани се 33 возачи, од кои 14 возеле со повеќе од 50 километри на час над дозволената брзина. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период и апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
 
На 06.02.2021 во 14.30 часот во Полициско одделение Петровец, А.Б.(48) од Скопје пријавила дека на ул.2 во населба Илинден била касната од куче скитник.
 
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 269 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 32 санкции, 14 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за непочитување на брзина на движење, 14 за користење на мобилен телефон. Изречени се 17 санкции за возење под дејство на алкохол,  21 за некористење на сигурносен појас, шест за непрописно престројување на возила и 64 санкции за непрописно паркирање.
 
На 06.02.2021 во 16.45 часот на патот Прилеп-Битола А.Л.(31) од Прилеп управувајќи моторцикл „јамаха“ со прилепски регистарски ознаки паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани од доктор во Градска болница Прилеп. Извршен е увид.
 
На 06.02.2021 во 21.25 часот во СВР Велес, Д.Г.(62) од Велес пријавил дека на ул.Благој Ѓорев во Велес бил каснат од куче скитник.
 
На 06.02.2021 во 15.25 часот во СВР Тетово, А.Д.(59) од Тетово пријавил дека на ул.Прохор Пчински во Тетово бил каснат од куче скитник.
 
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на 06 февруари спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возењето со поголема брзина од дозволената на автопатот Куманово-Велес и обиколницата околу Скопје и при тоа санкционирани се 75 прекршоци. Од нив, 13 возила се движеле со брзина од над 50 километри на час над дозволената. Засилените акциски
 
На 06.02.2021 во 23.40 часот во Полициска станица Крива Паланка, Ш.С.(29) од Крива Паланка пријавил дека околу 21.00 часот при семејна расправија во неговиот дом бил физички нападнат од неговиот брат Н.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 06.02.2021 околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека пред маркет во с.Русиново,беровско по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.А.(63) и И.А.(35) двајцата од Делчево, од една страна и Ј.К.(20), Д.К.(23) и А.Б.(32) сите од с.Русиново, од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 06.02.2021 во 12,15 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во Ургентен центар-Гостивар во 12,05 часот бил донесен повреден Љ.Д.(57) од Р.Албанија кој, според пријавеното, со повредите се здобил при изведување градежни работи на ул.„Беличица“. Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.
 
На 06.02.2020 во 19.30 часот во СВР Скопје, Ф.А.(22) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот пред зграда на подрачје на Чаир по претходна расправија бил физички напднат со остар предмет од С.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 06.02.2021 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред угостителски објект на подрачје на Аеродром дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(51) од Скопје од една страна и Е.Ц.(23) и М.Ц.(32) двајцата од Скопје, од друга страна. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
           
На 06.02.2021 околу 13.00 часот во Полициска станица Прилеп, Е.Е.(37) од Прилеп прјавил дека во близина на аптека во Прилеп бил физички нападнат од неколку лица, кои му одземале пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
Во СВР Тетово било пријавено дека во временски период од 31.01 до 06.02.2021 година од црквата „Света Недела“ во с.Теново,тетовско, непознат сторител насилно влегол внатре и одземал една икона и пари. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
                                         
На 06.02.2021 околу 21.10 часот во СВР Скопје, А.Џ.(48) од Скопје пријавил дека во близина на угостителски објект на подрачје на Бит Пазар му се доближиле две лица со кои се познавал при што едниот од нив со пиштол пукал кон А.Џ..  На А.Џ му е укажана помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски,. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 06.02.2021 во 15.56 часот во СВР Скопје, В.С.В(61) од Скопје пријавила дека од фабрика во населба Хром излегува чад, по што од полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано е дека во една просторија од фабриката била опожарена поголема количина на хартија и дрва. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Извршен е увид.
 
На 06.02.2021 во 18.45 часот во Полициска станица Гостивар, Ш.Р.(33) пријавила дека на 05.02.2021 околу 16.00 часот во Гостивар нејзината ќерка била физички нападната од жена, по што истата се обидела да ја нападне и пријавителката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 06.02.2021 во 11.45 часот во Полициско одделени Галате, Х.Л.(42) од с.Врапчиште пријавил дека на 05.02.2021 околу 13.45 часот во угостителски објект во с.Врапчиште бил физчки нападнат од С.О. од с.Врапчиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.02.2021 во 17.50 часот во СВР Битола, Л.Т.(34) од с.Граешница, пријавил дека околу 10.30 часот на пат кон Битола бил физички нападнат од В.У. ,Д.У и  Д.У.,кои му одзеле и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.