Извадок на дел од дневни настани 24.01.2021

 На 23.01.2021 во 21.50 часот при контрола во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба констатирано е дека истиот работи по дозволеното време и во него се затекнати шест лица кои се лишени од слобода. Објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат, а ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава.

 

На 24.01.2021 во 02.40 часот на подрачје на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ц.(27) од с.Долно Коњари,скопско бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 23.01.2021 во 16.40 часот во СВР Скопје, Д.М.В.(52) од Скопје пријавила дека на кејот на река Вардар кај место викано„Јурија“ биле касната од куче скитник.

 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово на 23.01.2021 спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина над дозволената на територија на општина Липково. Санкционирани се 56 возачи, а изречени се и 17 санкции за други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот.

 

На 23.01.2021 во 17,00 часот во Полициска станица Драчево, С.Т.(81) од Скопје пријавила дека на ул.Робеспјерова била касната од куче скитник.

 

На 23.01.2021 од полициски службеници од ОВР Кичево во содејство со Државниот пазарен инспекторат на подрачјето на Одделение за внатрешни работи Кичево извршена е контрола на 29 угостителски објекти во врска со работното време на угостителските објекти и почитувањето на протоколите, при што било констатирано дека еден угостителски објект на ул. Маршал Тито во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат му е изречена мерка и објектот е затворен.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 25 санкции, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 21 санкција за непочитување на брзината на движење и 51 мерка за непрописно паркирани возила. 

 

На 23.01.2021 во 21,50 часот во Кичево, на ул.„11-ти Октомври“, патничко моторно возило „фиат мареа“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од И.К. (54) од с.Другово,кичевско удрило во А.М.(61) од с.Шутово,кичевско. По незгодата А.М. е пренесен во Медицински центар-Кичево каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кичево.

 
 На 24.01.2021 околу 07.15 часот во атар на с.Челопек,тетовско лишени од слобода се Р.С(36) и Н.Ш(44) двајцата од с.Челопек кои кај себе имале ловни пушки со кал. 12мм, за кои немале дозвола за поседување. Исто така лишен од слобода е и Џ.С.(44) кој бил заедно со првопријавените за утврдување на идентитет. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
 

На 23.01.2021 околу 11.55 часот при контрола на угостителски објект во с.Градец, гостиварско кој од Државниот пазарен инспекторат претходно бил затворен поради сторено кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ казниво по чл. 206 од Кривичниот законик, од полициски службеници од Полициско одделение Галате било констатирано дека истиот повторно бил отворен и била отстранета пломбата. Известен е Државниот пазарен инспекторат кој повторно го затворил објектот. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Центар изречени се вкупно 88 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 5 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 7 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се 10 мерки за управување под дејство на алкохол, 6 за непрописно паркирање. 

 

На 23.01.2021 во Полициска станица Струга, И.П.(41) од с.Радожда,струшко пријавил дека во временски период од 14,30 до 15,00 часот во црква „Света Недела“ во с.Радожда, непознати сторители влегле во црковниот објект и од метална каса одзеле пари. Извршен е увид на местото на настанот при што пронајдени се одземените пари кои се предадени на одговорно лице во црквата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 24.01.2021 во 04.30 часот во СВР Скопје, Х.Л.(28)од Скопјепријавил дека на 23.01.2021 околу 21.30 часот на паркинг просторот на бул.„АСНОМ“додека бил заедно со М.К., А.Б. и Д.Г. со патничко моторно возилопежо“ со скопски регистарски ознаки,управувано од М.К.поради претходно недоразбирање околу случена сообраќајна незгода помеѓупатничко моторно возило цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице и паркирано возило со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б., биле физички нападнати од неколку лица со тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.01.2020 во 17.10 часот во Полициска станица Крива Паланка, од Здравствен Дом-Крива Паланка било пријавено дека кај нив дошол Г.С.(55) од Крива Паланка и побарал лекарска помош бидејќи додека бил на работно место во рудник во Крива Паланка паднал од машина и се здобил со повреди. За настанот бил известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот.

 

На 22.01.2021 во 20.10 часот во Полициско одделение Ропотово, А.М.(41) од с.Дебреште пријавил дека околу 18.30 часот пред бензиска пумпа во с.Ропотово по претходна расправија дошло до физичка пресметка помеѓу пријавителот, Д.Н., О.Н. и уште две лица сите од с.Дебреште од една страна и С.Д. од с.Добреноец,кичевско и Д.Р. од с.Ропотово, од друга страна.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 23.01.2021 во 23.25 часот во СВР Тетово, Ж.В.(43) од с.Блаце пријавил дека на ул.Маршал Тито во Тетово бил каснат од куче скитник.

 

На 23.01.2021 во 14.00 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово од слобода е лишен 16 годишен малолетник од Тетово, постапувајќи по претходна пријава во 13,50 часот од Д.К.Ш.(39) од Тетово за постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело телесна повреда во семејно насилство“и напад на полициск службеник при вршење на работа од безбедноста.По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 23.01.2021 во 10,30 часот во СВР Штип, А.И.(45) одШтип пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот сопруг Д.И.(67). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 23.01.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Аеродром, М.М.(18) од Скопје бил физички нападнат од Ф.М.(18) од Скопје. Сочинет е записник за прекршок по чл.12 ЗПП ЈРМ.

На 23.01.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје, Д.Ш.(33) од Штип пријавил дека во периодот од 18.45 часот до 19.15 часот на паркинг на ул.Лондонска му било одземено патничко моторно возило „бмв“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.