Извадок на дел од дневни настани 23.01.2021

 

На 23.01.2021 во 03.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода А.Г.(26) од с.Башино село и  С.Ѓ.(20) од Велес затоа што при преглед кај нив и во возилото „пежо“ во велешки регистарски ознаки, во кое биле, била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

На 22.01.2021 во 20.30 часот во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(30) и Е.А.(37), двајцата од Прилеп затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

На 22.01.2021 во 21.25 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.М.(26) од Охрид затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

На 22.01.2020 во 14.00 часот на ул.„Фуштанска“ во Скопје, товарно возило „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(29) од с.Црешево, удрило во пешакот Ш.Б.(52) од с.Орланци, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ш.Б., констатирани во Градската ошта болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

 

На 22.01.2021 во 08.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.С.(28) од Тетово затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени ловечка пушка „Берета“ калибар 12 мм и семки од канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

На 22.01.2021 во 09.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.Д(49) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 10 куршуми, еден ловен патрон, една пушка модел „маузер“, пиштол „застава“ со две рамки, ловечка пушка „баикал“, 385 куршуми калибар 9 мм, 151 куршуми 3 х 57 и 102 куршуми калибар 7х9. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.    

 

На  23.01.2021 во 01.00  часот, во близина на клучката кај с.Прдејци, на место викано „Борови“, полициски службеници запреле патничко возило „сеат  кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(25) од Скопје, а совозач бил А.И.(33) од Скопје. при пrеглед во возилото биле пронајдени шест лица мигранти и тоа С.М.(16), M.A.(16), A.Х.(16), Р.М.(15), Х.И.(14), сите од Сомалија и A.K.A.(17) од Сирија. С.С. и А.И. биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Mигрантите ќе бидат предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.   

 

На 22.01.2021 во 13.50 чaсот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(77) од Скопје, удрило во пешакот Б.Х.(70) од Скопје и го напуштило местото. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.    

 

На 22.01.2021 во 21.15 часот на крстосницата од бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ш.(24) од с.Крушопек, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(39) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(31) од Скопје и патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.Ј.(57) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачите Д.А. и И.Ш., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, односно во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

На 22.01.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Гостивар, З.Н.(62) од Гостивар пријавил дека на улица „П. Попоски“ бил каснат од куче скитник. 


На 22.01.2021 во периодот од 12.00 до 18.00 часот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево спроведе акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, било констатирано дека 29 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената и биле изречени соодветни санкции.  

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.М(53) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, во текот на 2020 година, во близина на неговата куќа во населба „Ќернаница“ во Дебар узурпирал и оградил 105 метри квадратни државно земјиште, со што противправно се стекнал со имотна корист од 406.822 денари.

На 22.01.2021 во 21.40 часот во СВР Скопје, Б.И.(28) од Скопје пријавил дека бил измамен од С.С. за сума од 58.000 денари. Според пријавеното, тие претходно се договориле С.С. да му ја заврши постапката околу царинење и добивање на пробни таблички за патничко возило „опел сигнум“, а пред околу 20 дена тој и ги исплатил парите и добил документ за хомологација. Според пријавата, тој го земал возилото, го управувал и на 20.01.2021 бил сопрен од полициски службеници, кои по прегледот на документите утврдиле дека возилото не е царинето и дека документите не се на негово име, туку на име на С.С. и тогаш сфатил дека бил измамен. Како што е пријавено, тој ја побарал С.С., којa му вратила дел од парите и после тоа  не му се јавувала на повиците. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.01.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(40) од Скопје пријавил дека на ул.„Славеј Планина“ бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.01.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Тетово, 35 – годишна жена од тетовско село пријавила дека околу 18.00 часот во нивниот дом, нејзиниот сопруг Т.М.(35) физички ја напднал неа и нивната ќерка и оштетил дел од покуќнината. Тој бил приведен во полициски станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

На 22.01.2021 околу 10.00 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во колективен простор за домување, сопственост на „Јавното претпријатие за стопанисување со станбен простор – ПЕ Штип“ на ул.„Стојан Рибата“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип. Увид извршила увидна екипа од СВР Штип.   

На 22.01.2021 во 13.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на мостот на автопатот Велес - Катланово, во водите на реката Пчиња, бил пронајден починат С.П.(73) од Катланово, кој бил пријавен дека се оддалечил од дома на 20.01.2021. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција..

На 23.01.2021 во 00.30 часот во Полициската станица Центар, Г.М. од Скопје пријавила дека на 22.01.2021 околу 21.00 часот на ул.„Славеј Планина“ едно лице со употреба на физичка сила од нејзините синови одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 22.01.2021 во Полициската станица Центар, од Јавна установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение - Скопје било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Ч.С.(14) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 23.01.2021 во 00.37 часот во СВР Скопје бил пријавен пожар во угостителски објект во с.Батинци, скопско, сопственост на Х.К.(32) од с.Батинци. Повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 22.01.2021 во 20.30 часот во СВР Битола, Б.Р. полициски службеник во Полициската станица Битола, пријавил дека во 18.15 часот, додека бил на работното место - обезбедување на објектот на СВР Битола, поради претходни недоразбирања бил физички нападнат од А.Д. од Битола, кој бил заедно со С.П.(25). На 23.01.2021 пак С.П. пријавила дека на 22.01.2021 околу 18 часот била физички нападната од Б.Р. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.