На 13.01.2021 на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(46) од Охрид, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.01.2021 во периодот од 09.00 до 15.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во СВР Штип спроведоа акциска контрола за откривање на возачи кои непрописно ги паркираат возилата. Притоа, биле констатирани 36 прекршоци и на сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Откриени биле и два останати прекршоци и за нив биле изречени санкции.
На 13.01.2021 во 17.45 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Х.Г.(22) и К.С.(18), од една страна и М.И.(18) и Д.Ѓ.(21), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети се записници за константиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(37) и С.Г.(34), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба’’. На 25.12.2020 на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, пријавените одзеле 5.040 евра и мобилен телефон од патничко возило „мерцедес“, сопственост на Ј.К.(49) од с.Милетино, тетовско. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во СВР Тетово.
На 13.01.2021 во 21.45 часот, М.Б.(21) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 13.01.2021 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, И.Ј.(37) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.
На 12.01.2021 во ОВР Берово, Е.А. од Берово пријавила дека на 11.01.2021 на социјалната мрежа „Фејсбук“, В.Н. и Б.С., двајцата од Берово, на своите кориснички профили објавиле заканувачки содржини кон неа. За настанот бил известен Јавен Обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.01.2021 во 13.00 часот во СВР Битола, С.Г.(35) од Битола пријавила дека во 12.30 часот нејзиниот 17-годишен внук со остар предмет оштетил прозорци од куќата и упатил закани кон неа. Тој бил спречен во намерата од полициски службеници кои пристигнале на местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.01.2021 во 14.30 часот во Полициската станица Карпош, Б.Г.(68) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ф.(43), А.Ј.(24), А.Ј.(26) и Р.С.(59) сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.11.2020 на ул.„Дреновец Порој“ во Тетово, поради недоразбирање во сообраќајот, пријавените започнале меѓусебна физичка пресметка, во која употребиле и тврди предмети.
На 13.01.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, Д.Ш.(43) од Скопје пријавил дека во Градски парк бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(27) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 24.11.2020, пријавениот без негова дозвола го снимал Н.А.(44) од с.Брвеница, тетовско, по што видеото го објавил на неговиот кориснички профил на социјалната мрежа „Тик ток“.
На 14.01.2021 во 03.30 часот, В.В.(28) од Скопје пријавил дека околу 01.20 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице, кое подоцна се обидело да го удри со возило. Се работи на расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против правно лице од с.Долно Градче, кочанско и против В.В.(36) од Кочани, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 03.01.2021 полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на правното лице во с.Долно Градче и било констатирано дека работи по дозволеното време и во него биле затекнати 11 лица.
На 14.01.2021 во 02.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Крушопек, скопско, настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Н.(56). Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
На 14.01.2021 во 13.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект на во с.Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, со физичка пресметка помеѓу Н.К.(68) и Х.К.(32), кои биле со патничко возило „голф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со патничко возило „шкода“, од друга страна, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Четирите лица се лишени од слобода, а обезбедени се и нивните возила и оружјето. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.