Извадок на дел од дневни настани 13.01.2021

 На 13.01.2021 во 00.20 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Јурумлери ги лишиле од слобода Б.Ј.(34) и А.М.(34), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 12.01.2021 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Г.Б.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 12.01.2021 во 18.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во бараката на месната заедница во нас.Железничка станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица, при што било утврдено дека станува збор за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

На 12.01.2020 во 08.55 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„7 Ноември“ со ул.„Марко Нестороски“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.Ј.(53) од с.Волино, општина Дебрца и патничко возило „форд фокус“, управувано од В.Н.(32) од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „рено“ С.Ј., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

 

На 12.01.2021 во 19.45 часот во Полициската станица Аеродром, С.Д.(67) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ била касната од куче скитник.

              

На 12.01.2021 во 10.00 часот во Полициската станица Карпош, Ц.С.(86) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Цанкар“ бил каснат од куче скитник. 

На 12.01.2021 околу 13.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Н.(65) од с.Глоѓи, тетовско, поради сомнение дека на шумски пат во атарот на селото Јелошник поставил сајли за лов на дивеч и со тоа сторил кривично дело „незаконит лов“, согласно член 228 од Кривичниот законик. К.Н. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.

 

На 12.01.2021 полициски службеници од ОВР Струга од слобода ги лишиле В.М.(34) од струшкото с.Корошишта и А.Р.(53) од с.Велешта, бидејќи со уште две други лица во казино на ул.„Нико Нестор“ во Струга физички ги нападнале вработените А.А.(24) од Струга и А.А.(26) од струшкото с.Делогожда, а потоа и полициски службеници кои преземале службени дејствија. По расчистување на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

 

На 12.01.2021 во 13.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Д.(48) и Ќ.Д.(34), од една страна, и Л.Ш.(22) и 16-годишник, од друга, сите од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје, возач во приватно правно лице во сопственост на Г.С. од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 01.11.2020 со минибус „фолксваген“ вршел транспорт на патници, при што имало повеќе патници од дозволените и на тој начин постапил спротивно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот. 

 

На 12.01.2021 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир, при што малолетник бил повреден со остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека повреден бил 16-годишник од Скопје, кој бил пренесен на Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. По настанот, малолетници биле приведени во Полициската станица Аеродром и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 12.01.2021 во 19.40 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа во Битола била пронајдена почината К.Г.(87) од Република Грција, со привремен претстој во Битола. Од лекар на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(25) од с.Зрновци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Пријавениот, на 07.01.2021 на социјалната мрежа „Фејсбук“ споделил објава со која во јавноста поттикнал омраза и повикувал на насилство.

 

На 13.01.2021 во 02.25 часот во СВР Скопје, Б.В.(32) од Скопје пријавил дека настанал пожар во неговото патничко возило „ауди а3“ на ул.„Лисец“.Извршен е увид.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против К.Б.(25) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 27.11.2020 во Гостивар, пријавениот физички го нападнал Е.М.(62) од Гостивар и му нанел повреди.

 

На 12.01.2011 во 14.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во сопствениот дом бил пронајден починат Д.М.(32). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.