Извадок на дел од дневни настани 12.01.2021

 На 11.01.2021 во 22,00 часот по претходна пријава дека угостителски објект лоциран на  улица "Ѓорѓи Поп Христов" во Скопје работи по 18,00 часот, од страна на полициски службеници во содејство со претставници од Државен пазарен инспекторат, извршена е контрола во  угостителскиот објект, сопственост на И.С.(53) од Скопје и констатирано е дека во локалот се наоѓаат 47 лица, на возраст од 17 до 75 години. Затекнатите лица како и сопственикот на објекот се лишени од слобода за понатамошна постапка. Од страна на Државен пазарен инстпекторат, локалот е затворен во времетраење од 30 дена. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик "Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија".

На 11.01.2021 околу 16,30 часот во Кочани од полициски службеници од Полициска станица Кочани  од слобода се лишени Е.А.(33) и А.А.(31) двајцата од Кочани, бидејќи по претходно обезбедена судска наредба, при извршен претрес во нивниот дом, пронајдени и одземени се пакувања хероин и пакувања марихуана, предмети и накит за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“.По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 11.01.2021 околу 14,20 часот во Куманово на крстосницата од улица „Кирил и Методиј“ и улица „Перо Чичо“,  Д.С.(43) управувајќи патничко моторно возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки удрил во М.Т.(19) од Куманово. По незгодата М.Т. била пренесена во Општа болница Куманово каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На 11.01.2021 во 21,00 часот на подрачје на Карпош полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле К.Ј.(38) од Скопје бидејќи кај истиот е пронајдена дрога. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.01.2021 во 23.10 часот на подрачје на Аеродром полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле Б.Д.(30) од Скопје бидејќи кај истиот е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.01.2021 во 02,40 часот на подрачје на Карпош полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле З.Б.(31) од Скопје бидејќи кај истиот пронашле прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.01.2021 во 16.00 часот во Полициска станица Кисела Вода Д.А.(48) од Скопје пријавил дена на булевар "Борис Трајковски" бил каснат од куче скитник.

На 11.01.2021 во 15.40 часот Полициска станица Аеродром, Ш.Л.(26) од Скопје пријавила дека на булевар "Јане Сандански" била каснат од куче скитник.

На 11.01.2021 во 17,45 часот на автопатот Тетово - Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со словенечки национални ознаки, управувано од А.Л.(35) од Тетово во кое сопатници биле Ф.Х.(42) од село Пирок, Д.Ф.(50) од село Горно Палчиште, и С.М.(40) од село Пирок, патничко моторно возило „ауди“  со хрватски регистарски ознаки управувано од С.С.(46) од село Порок, тетовско и патничко моторно возило „рено“ со словенски регистарски ознаки управувано од Б.Б.(41) од село Полошко, гостиварско. По незгодата на А.Л., Ф.Х., Д.Ф ,С.М. и С.С. име укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде кај Ф.Х. и С.С. се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На 11.01.2021 во 20,00 часот на крстосница од улица "20" и улица "2" во село Сарај, скопско, Д.Ј.(37) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „форд фокус" удрил во И.С.(49) од село Грчец, скопско. По незгодата пешакот е пренесен во комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На 11.01.2021 во 05.00 часот во Полициска станица Аеродром, Ф.Ј.(21) од Скопје пријавил дека на булевар "АСНОМ" во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 11.01.2021 во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Ш.(44) и С.З.(25) од Битола бидејќи при претрес во дом и помошни простории во куќа во нивна сопственост биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе банкноти во различни апоени. Се преземаат мерки за понатамошна постапка.
 
Во периодот од 31.12.2020 до 09.01.2021 година од страна на организационите едници за контрола и регулирање на сообраќајот, на територијата на целата држава санкционирани се 6489 возачи кои не ги почитувале правилата и прописите од сообраќајот од кои:
- за нерегистрирани возила (измината важност на сообраќајната дозвола)  414,
- за возење без возачка дозвола 520,
- за возење под дејство на алкохол 185,
- за возење со брзина поголема од дозволената 835,
- за непрописно престигнување 312.
Засилените контроли што ги спроведува МВР евидентно влијаат на намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот.
 
На 11.01.2021 во 20.00 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од СВР Скопје од слобода е лишен Љ.С.(43) од Скопје, додека се обидувал да изврши кривично дело „тешка кражба“ во возило и кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела тешки кражби. Лицето е задржано во Полициската станица Карпош за понатамошно постапување.
 
На 11.01.2021 во 19.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на ул.„Кеј на ослободување“ во Делчево, С.А.(61) од Делчево управувајќи патничко моторно возило „шкода“ со делчевски регистарски ознаки удрил во Н.Б.(53) од Делчево. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.Б. која била пренесена во Клиничката болница Штип. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Делчево.
 
На 11.01.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје, Р.В.(64) од с.Стајковци,скопско пријавила дека околу 16.30 часот додека се движела по улица во с.Стајковци врз неа паднал дел од ограда на куќа во изградба, по што во Градската општа болница„Св.Наум Охридски“ од доктор и се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
 
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Д. (52) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. На 09.12.2020 во с.Оморани,велешко каде пријавениот имал пријавено адреса за самоизолација, од полициски службеници при вршење на редовна контрола на лица во домашна изолација,  а во врска со издадено решение со кое се става под здравствен надзор и домашна изолација, пријавениот не бил затекнат.
 
 
На 11.01.2021 во 16,50 часот во Полициска станица Аеродром, М.М. од Скопје, пријавила дека околу 16,45 часот, на подрачје на Аеродром кај неа дошло лице што подолг период го познавала и и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.