Извадок на дел од дневни настани 11.01.2021

На 10.01.2021 во 12.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници бил лишен од слобода П.П.(36) од с.Сараќино, тетовско, бидејќи при извршени проверки било констатирано дека во евиденците евидира со мерка „Апси“ по судска наредба од Основен суд Тетово. Истиот е предаден на полициски службеници  од СВР Скопје за понатамошна постапка.
 
На 10.01.2021 во 12.40 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Ј.Н.(33) од село Брест, скопско бидејќи при извршени гранични проверки било констатирано дека во евиденциите евидира со мерка „Апси“ по судска наредба од Основен суд Скопје.  Истиот е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
 
На 11.01.2021 година во 05.00 часот во Полициска станица Аеродром, Ф.Ј.(21) од Скопје пријавил дека на булевар "АСНОМ" во Скопје бил каснат од куче скитник.
 
На 10.01.2021 во 12,15 часот на подрачје на Карпош полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле Д.Т.(26) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 10.01.2021 во 17,10 часот на подрачје на Карпош полициски службеници од СВР Скопје, полициски службеници од СВР Скопје од слобода го лишиле Д.М.(28) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 28 за управување со брзина поголема од дозволената, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 10 санкции за управување под дејство на алкохол, девет за користење на мобилен телефон и осум мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).
 
На 10.01.2021 околу 19.40 часот на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко  моторно возило  “опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(31) од село Марино, скопско, во кое како сопатник бил Д.Н.(37) од Крива Паланка и патничко моторно возило “шевролет спарк“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.М. (24) од Куманово. По незгодата, во Општа болница Куманово било констатирано дека Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека Д.Н. и Б.М. се здобиле со повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(40) од с.Велешта,струшко поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Б.Н. во период од три месеци во 2020 преку мобилен телефон испраќал пораки и упатувал закани на семејството на  58-годишен маж од с.Лабуништа,струшко за наводен долг кој требало да го исплати неговиот син. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Т.Н.(33) од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.02.2020 во Кичево, при извршен преглед од полициски службеници над Т.Н. и во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.П.(62) од Струга, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 06.12.2020 во 16,55 часот при контрола на лица, на кои им е издадено решение од  Државниот санитарен и здравствен инспекторат за здравствeн надзор и домашна изолација, истиот не е затекнат во неговиот дом, односно не ги почитувал мерките за заштита.

На 11.01.2021 во 05,22 часот на подрачје на Гази Баба од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Б.Ц.(32) бидејќи физички нападнал полициски службеник. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 11.01.2021 во 03,10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци,скопско било опожарено возило „мерцедес“, сопственост на Х.К.(33). Извршен е увид.                             

На 10.01.2021 во 04,28 часот во СВР Скопје, И.И.(32) пријавил дека на  бензинска пумпа на подрачје на Бит Пазар, две лица со закана одзеле пари од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2021 во 16,22 часот во СВР Скопје, И.С. од Скопје, пријавил дека на подрачје на Центар, четири лица со закана му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.