Извадок на дел од дневни настани 10.01.2021

 На подрачјето на ОВР Крива Паланка во текот на вчерашниот ден (09.01.2021) преземени се засилени мерки и активности во областа на сообраќајот и констатирано е дека 29 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, а двајца управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. И во наредните денови продолжуваат засилените контроли со цел да се обезбеди поголема безбедност на патиштата.

 

На 09.01.2021 во 12,15 часот на Граничен премин„Табановце“ од полициски службеници е приведен И.З.(27) од Р.Албанија бидејќи при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил албанска патна исправа на име од М.Ц.(25) од Р.Албанија. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.01.) продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, од кои 36 за управување со брзина поголема од дозволената, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 13 за користење на мобилен телефон и пет мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

 

На 09.01.2021 во 13.00 часот на Граничен премин„Табановце“ од полициски службеници е приведен Б.Л.(21) од Р.Албанија бидејќи при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил албанска патна исправа на име од Б.К.(20) од Р.Албанија. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

 

На 09.01.2021 во 13.40 часот во СВР Скопје, М.Н.(33) од Скопје пријавила дека во Градскиот трговски центар во Скопје била касната од куче скитник.

 

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (09.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид, при што санкционирани се 52 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената.

На 09.01.2021 година на подрачјето на Струга, извршени се контроли на осум угостителски објекти во врска со почитувањето на мерките за справување со коронавирусот. Притоа, во пет објекти забележано е дека не се почитуваат одредбите за задолжително растојание помеѓу масите во угостителските објекти и присуство над четири лица на маси. Во еден угостителски објект, лицата А.В.(21) А.В.(25) и Г.В.(25) од струшкото село Велешта како и Т.С.(28) од селото Долно Татеши, го нарушиле јавниот ред и мир. Тие се повикани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив како и против одговорните во угостителските објекти, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

 

На 09.01.2021 околу 12.50 часот од полициски службенци од СВР Тетово бил лишен од слобода Г.Б.(45) од с.Јанчиште, тетовско, постапувајќи по претходна пријава во 08.00 часот од Д.С.(30) од с. Јанчиште дека во период од 01.30 до 07.20 часот во објект-кафе бар со апарати за игри на среќа било влезено внатре и од еден од апаратите биле одземени пари. Паричните средства биле пронајдени кај пријавениот и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 10.01.2021 околу 09,35 часот на автопатот Велес – Скопје патничко моторно возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управуванo од В.С.(66) од Прилеп во кое сопатник била Д.С.(88) од Прилеп излетало од коловозот. На местото на настанот починал возачот В.С., додека во Општа болница Велес од доктор на Д.С. и се констатирани повреди. Телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на настанот од јавен обвинител и екипа од СВР Велес.

 

На 09.01.2021 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачје на Чаир е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.Ш.(60) и Р.М.(36), двајцата од Скопје.    Сочинет записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

 

На 09.01.2021 во 10.00 часот во СВР Куманово, Н.С.(38) од Куманово пријавила дека на 08.01.2021 околу 18,00 часот во Куманово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од А.М. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.01.2021 во 00.20 часот во СВР Куманово, И.Б.(28) пријавила дека на паркинг во Куманово, едно лице со остар предмет им се заканубвало на неа и нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.01.2021 во 07.45 часот во СВР Штип, Е.Д.(39) од Штип пријавил дека неговиот син С.Д.(14) се оддалечил од дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

                                                              

На 09.01.2021 околу 16.00 часот во СВР Струмица, 46 годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во с.Борисово, сопственост на Т.И.(60), врз неа била извршена обљуба од Т.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.01.2021 во 12.00 часот во СВР Велес, К.Н.(42) од Велес пријавил дека неговата ќерка А.С.(16) се оддалечила од дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 09.01.2021 во 18.45 часот во с.Палатица од полициски службеници од Полициско одделение Групчин лишени се од слобода Г.Г.(21), З.С.(24) и Д.З.(22) сите од с.Палатица, постапувајќи по претходна пријава во 16.30 часот од А.Ј.(26) од с.Седларево дека во близина на спортски центар во Тетово бил физички нападнат од пријавените. По докумeнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.01.2021 во 17.20 часот во с.Долно Седларце од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода Н.У.(48) од с.Долно Седларце, постапувајќи по претходна пријава во 18.00 часот од 44-годишна жена од с.Долно Седларце дека била физички нападната од нејзиниот сопруг. По докумeнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.01.2021 во 20.05 часот во Полициска станица Гостивар, Ј.Л.(48) од Гостивар пријавил дека околу 18.40 часот во Гостивар бил физички нападнат од В.К. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.01.2021 во 00.30 часот во с. Чегране од полициски службеници од Полициско одделение Чегране биле лишени од слобода И.А.(19), С.С.(19), М.М.(18), Б.М.(19) и двајца 17 годишни малолетници, сите од с.Чегране, постапувајќи по претходна пријава на 09.01.2021 во 02.05 часот од 17 годишен малолетник од Гостивар дека на паркинг од угостителски објект во Гостивар бил физички нападнат од пријавените. По докумeнтирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.01.2021 во 04.10 часот во с.Ајватовци,скопско на место викано „Бунгалово“, од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода С.В.(20) и С.М.(25) двајцата од Скопје бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 10.01.2021 околу 05,00 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека на ул.“Браќа Миладинови’’ во Прилеп било опожарено возило „алфа ромео“, сопственост на Ј.Б. од Прилеп. Извршен е увид.