Извадок на дел од дневни настани 29.11.2020


На 29.11.2020 во 01.10 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево, Х.К.(22) од с.Големо Коњари, прилепско, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата Х.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.04.2020 на улица „Македонска војска“ полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и во патничко моторно возило „голф“ во кое се превезувал пријавениот, при што кај него била пронајдена марихуана. На 03.04.2020 бил извршен и претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш смола и дигиталната вага со остатоци од тетрахидроканабинол и кокаин.

 

СВР  Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 23.04.2020, на влез во село Доброшане, кумановско, полициски службеници извршиле преглед над Ј.Ф. и уште едно лице од Куманово, при што кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

 

На 28.11.2020 во 16.00 часот во СВР Куманово, Х.Б.(25) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на фудбалски стадион „Башкими“, на полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Башкими“ од Куманово и ФК „Њустарс“ од Скопје, каде што бил делегиран за главен судија, бил физички нападнат од повеќе лица. Според пријавеното, по завршување на првото полувреме, кога тој и судиите помошници влегле во просториите на соблекувалната, до него се доближило едно повозрасно лице и му се заканувало, по што физички го нападнало, а во нападот се приклучиле и други лица. По добиена пријава на местото на настанот дошле полициски службеници и Х.Б. и другите судии излегле од стадионот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.11.2020 во 14.50 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, велосипед, управуван од засега непознато лице, удрил во пешакот Г.Ј.(64) од Скопје, по што напуштил лице место. Во незгодата, пешакот Г.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

На 28.11.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.А.(80) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Скопје била касната од куче скитник.   

 

На 28.11.2020 полициски службеници од ПС Струга врз основа на потерница од Основен суд Струга го приведоа У.Б. (30) од с. Горно Татеши кој се барал за издржување затворска казна во траење од две години. У.Б. е спроведен во КПУ Идризово за издржување на казната.

 

На 28.11.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, Т.Т.(54) од Скопје пријавил дека на Средно Водно бил каснат од куче скитник.  

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 281 мерка, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 9 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 52 мерки за непрописно паркирање. За неносење на  заштитна маска изречени се 33 санкции. 

 

На 28.11.2020 околу 04.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Богданци, патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.С.(20) од Богданци, излетало од патот. Во незгодата возачот В.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде починал. Сопатниците во возилото Р.К.(19), Ѓ.Ш.(21), Д.Д.(21) и Н.Ш.(20), сите од Богданци, се здобиле со телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. 

На 28.11.2020 во 23.05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Љ.С.(21) од Скопје и Н.М.(45) од Охрид затоа што при преглед кај нив и во возилото со кое се превезувале била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  
 

На 28.11.2020 во 03.40 часот во Битола, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ј.(23) од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и против Ж.В.(32) од Радовиш-одговорно лице во пријавеното правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.11.2020, при извршена контрола на угостителски објект во Радовиш, било констатирано дека било постапено спротивно на протоколите за работа на кафетерии.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против правно лице од Радовиш и против Р.М.(37) од с.Раклиш, радовишко -одговорно лице во пријавеното правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.11.2020, при извршена контрола на угостителски објект во Радовиш, било констатирано дека било постапено спротивно на протоколите за работа на кафетерии.

 

На 28.11.2020 околу 06.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во семејната куќа, Ф.И.(40) се обидел да изврши обљуба на неговата снаа. Истиот ден во 07.20 часот тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 28.11.2020 во СВР Битола, Ѓ.Н.(54) од Крушево пријавил дека околу 09.40 часот на место викано „Бела Вода“ настанал пожар, при што била опожарена површина со нискостеблеста дабова шума. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крушево и Шумското стопанство „Липа“. Увид бил извршен.

 

На 28.11.2020 во 13.45 часот во СВР Штип, Д.Ј.(53) од Штип пријавил дека едно лице платило со фалсификувана банкнота од 20 евра во продавницата во која работел. Според пријавеното, тој ја примил банкнотата, а откако лицето излегло забележал дека е фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.11.2020 во 15.45 часот во Полициската станица Центар, Ф.Н.(22) од Скопје пријавил дека околу 02.30 часот на бул.„Партизански одреди“ бил физички нападнат од С.Р., А.М. и уште две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 28.11.2020 во 13.50 часот во Полициското одделение Петровец, М.М.(40) од Скопје пријавил дека во с. Бадар, скопско, во неговото дворно место настанала физичка пресметка помеѓу него и М.П.(20) и Р.П.(45), двајцата од Скопје. Сочинети за записници за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.  

 

На 28.11.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.Ј.(71) од с.Волково, скопско, пријавил дека во с. Волково бил каснат од куче скитник.

На 29.11.2020 околу 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Герника“ настанал пожар во товарно возило „форд транзит“, сопственост на В.А.(42). Извршен е увид.