Извадок на дел од дневни настани 25.11.2020

 
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 396 мерки, меѓу кои 46 за возење без возачка дозвола, 27 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки за недавање првенство на пешаци. Изречени се 14 санкции за користење на мобилен телефон и 49 мерки на прекршоци направени од пешаци. За непрописно паркирање изречени се 87 мерки, а изречени се 54 мерки за неносење на  заштитна маска. 
 
На 24.11.2020 во 23.50 часот на подрачјето на Куманово од страна на полициски службеници од СВР Куманово бил лишен од слобода Б.А.(35) од Куманово бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
На 24.11.2020 во 20,40 часот во Скопје, на бул.„Кочо Рацин“ пред крстосницата со ул.„Мирче Ацев“ патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Т.(25) од Скопје удрило во пешак А.Б.(20) од Скопје. По незгодата А.Б. е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
 
На 24.11.2020 во 19.40 часот  на  бул.„8-ми Септември“ од полициски службеници од СВР Скопје приведен е Н.Н.(27) од Скопје, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци. Лицето е спроведено  во Казнено поправна установа„Идризово“ за издржување на казната.
 
На 24.11.2020 околу 14.00 часот, на патот Струга-Дебар, во близина на браната „Глобочица“, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од П.И.(26) од с.Велешта, струшко. При преглед во возилото, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. Возачот на возилото и сопатникот М.А.(37) од с.Долно Татеши, струшко се приведени и по целосно документирање, Одделение за внатрешни работи Струга ќе поднесе соодветна пријава.
 
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(34) од с.Теарце,тетовско поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 30.10.2020 околу 23,50 часот, од страна на полициски службеници при СВР Тетово на ул. „Македонска“ во с.Теарце било констатирано дека угостителски објект сопственост на С.Р., работел и во истиот биле затекнати осум гости, кои биле послужени со храна и пијалоци, со што пријавениот постапил спротивно на одлука на Владата на Република Северна Македонија која се однесува на ограничување на работата на угостителските објекти.
 
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(62) од с.Белчишта-Дебарца и правно лице од с.Лешани-Дебарца, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 14.10.2020 на ул.„Туристичка“ при извршена контрола на автобус „ивеко“, сопственост на пријавеното правно лице, а управувано од С.Т., било констатирано дека возилото е наменето за превоз на 31 патник, а во моментот врши превоз на 27 патници со што е прекршена Одлуката на Владата на РСМ за време на пандемија да се врши меѓуградски превоз со исполнетост од максимум 75% од капацитетот на возилата.  
 
На 24.11.2020 во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, Н.М.(42) пријавил дека на 19.11.2020 на бензинската пумпа во с.Росоман,кавадаречко, од едно лице при наплата на услуга за гориво, му била дадена банкнота од 500 евра, која била фалсификувана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
СВР Охрид поднесе кривична пријава против двaјца малолетници од село Елшани и тројца малолетници од Охрид поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид. Пријавените, во периодот од 01.10.2020 до 06.11.2020 во градинка во населба Лескајца, охридско, со употреба на физичка сила, насилно влегле и одземале предмети.  
 
СВР Тетово поднесе седум кривични пријави против Б.А.(40) од с.Голема Речица-Тетово, Д.М.(64) од с.Камењане,тетовско, И.К.(35) од с.Брвеница,тетовско, И.А.(53) од с.Боговиње,тетовско, И.С.(43) од с.Нераште,тетовско, А.К.(55) од с.Ларце,тетовско и М.Е.(56) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторени седум кривични дела „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. Од 05.10.2020 до 25.10.2020 врз основа на претходно изготвен план од полициски службеници од СВР Тетово биле спроведени контроли при што било утврдено дека лицата во својство на превозници, вршеле јавен превоз без да поседуваат соодветна лиценца, издадена од Министерство за транспорт и врски.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар, Б.Ч.(47) од Дебар -одговорно лице на пријавеното правно лице; и А.С.(54) од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 20.10.2020 при извршени контроли во патниот сообраќај констатирано е дека пријавените вршат незаконски превоз на патници во патниот сообраќај без да поседуваат соодветна лиценца за вршење на јавен превоз.
 
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар, Д.Ш.(44) од Дебар-сопственик на пријавеното правно лице, П.С. (47) од Дебар - одговорно лице, Д.С.(30) и Б.Л. (32) двајцата од Дебар, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и  „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 20.10.2020 при извршени контроли во патниот сообраќај констатирано е дека пријавените вршат незаконски превоз на патници во патниот сообраќај без да поседуваат соодветна лиценца за вршење на јавен превоз.
 
Одделението за внатрешни работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.К.(41) од Гостивар, поради постоење основано сомнение за сторено  кривично дело „насилство “. На 24.08.2020 околу 22,30 часот, во Гостивар на ул.„Браќа Ѓиноски“, пријавениот физички нападнал лице нанесувајќи му повреди.
 
СВР Штип поднесе кривичнa пријавa против С.М.(26) од Штип, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“. На 06.04.2020 на регионалниот пат Штип-Кочани кај с.Долни Балван, од страна на полициски службеници било запрено патничко моторно возило „пасат“, во кое сопатник бил С.М. и при извршен преглед над возилото и лицата кај пријавениот биле пронајдена и одземена наркотична дрога „марихуана“.
 
На 24.11.2020 во 10,23 часот во СВР Скопје, М.П.(25) пријавил дека во спортска обложувалница во с.Стајковци,скопско, едно лице со закана одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.