На 22.11.2020 во 14.10 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Аеродром бил приведен Ѓ.Ѓ.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.11.2020 околу 14.45 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, ги лишиле од слобода Ш.С.(46) од Неготино, полошко и Р.А.(38) од гостиварско Сенокосе, поради сомнение за „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Се работи на документирање случајот по што ќе следува соодветен поднесок.
На 22.11.2020 во 13.40 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, за влез во Република Северна Македонија, по извршените гранични проверки на М.Б.(42) од Р.Косово, било констатирано дека се наоѓа во оперативните евиденции со мерка „апси“, по барање на Интерпол од Германија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 22.11.2020 околу 15.00 часот, во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Е.Р.(19) од гостиварско Ѓурѓевиште, затоа што при негов преглед му биле пронајдени два метaлни боксирача, кои му се одземени и по целосно рачистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 22.11.2020 во 10.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на влез во Република Северна Македонија, при извршена контрола на М.Д.(52) од Р.Турција, кој управувал товарно возило „даф“ и полуприколка „тирсан“, со турски национални ознаки, било констатирано дека зеленaтa картa за приколката била фалсификувана. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка, а запознат бил и Јавен обвинител.
На 22.11.2020 во 12.25 часот било пријавено дека на велосипедска патека кај Центарот за обука на вода во Охрид, С.В.(60) од Охрид, управувајќи велосипед, паднала на патеката. Во незгодата, С.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за трауматалогија и ортопедија „Св.Еразмо“ Охрид. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.
Во периодот 21/22.11.2020 полициски службеници на подрачјето на СВР Битола извршиле контрола на возачи и возила, при што било констатирано дека 17 возачи возеле под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Без возачка дозвола управувале 25 возачи, други 19 биле нерегистрирани, а три возила биле технички неисправни. На мобилен телефон разговарале пет возачи. За сите неправилности се издадени соодветни налози.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.С.(51) од Куманово, за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Р.С. во текот на 2016, откако претходно имал завршено III степен на образование во СОУ„Киро Бурназ“ Куманово, за што поседувал диплома, со која бил и вработен во приватна фирма од Куманово од 2006 година, со цел да се здобие со четврт степен на образование, а и поради потребата при вработувањето да има најмалку IV-ти степен ниво на класификација, набавил фалсификувана исправа со невистинита содржина „диплома“, за положен завршен испит и свидетелство за завршена IV-та година, со невистинита содржина, од средно училиште од Скопје. Притоа, фалсификуваната диплома ја приложил како вистинита во два наврата, и тоа во 2017 во Агенција за вработување и во 2020 во приватна фирма од Куманово.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривичнa пријавa против И.С.(32), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 17.04.2020 пријавениот во Свети Николе му продал хероин на Д.Т. од Свети Николе, а околу 18.15 часот од полициски службеници при преглед кај Д.Т. бил пронајден хероин. Извршен бил претрес кај пријавениот и пронајдени и одземени биле хероин и мешавина од кофеин и парацетамол.
На 22.11.2020 во 12.25 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир, со меѓусебна пресметка помеѓу Ж.П.(37) и И.С.(33), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.С.(28) од с.Глоѓи, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 10.11.2020 околу 20.30 часот оштетениот Џ.М,(49) од с.Пршовце, тетовско, бил нападнат со остар предмет од Д.С., со кој од претходно имал нерасчистени односи. По преземени мерки од полициски службеници пријавениот бил лишен од слобода во полициска станица.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против К.В.(21) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При извршен претрес кај Д.К на 12.04.2020, бил затекнат и К.В., а при претрес во домот на К.В. на 13.04.2020, од полициски службеници биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, дигитална вага...
На 22.11.2020 во 16.00 часот во Полициското одделение Сарај Т.С.(47) од с.Крушопек, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.С.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Струмица поднесе кривичнa пријавa против Х.М. од с.Банско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 22.12.2019 во 21.00 часот во с.Банско, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село, во патничко возило биле забележани А.С. и Џ.И. двајцата од с.Банско, при што Џ.И. на патот фрлил марихуана. По извршениот разговор, А.С и Џ.И. потврдиле дека истиот ден од Х.М. купиле марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против В.Д. (40) од Прилеп, за сторено кривично дело „измама“. На 12.07.2020 во дворот од семејната куќа на жена во Берово, пријавената В.Д. ја убедила жената да ѝ донесе златен накит, кој ветувала дека ќе ѝ го врати, по што В.Д. го земала накитот во вредност од околу 64.575 денари, заминала и не го вратила.
На 22.11.2020 во 19.07 часот Б.С.(65) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот на подрачјето на Лисиче од две лица со закана ѝ биле одземени пари, картичка и лични премети. Се работи на расчистување на случајот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (55) од Куманово, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 07.06.2020 во 11.40 часот, таа била затекната од страна на полициски службеници на ул.„Народна револуција“ во Куманово, со што не ја почитувала мерката за забрана на движење на населението, прогласена за време на епидемија на опасна заразна болест на територија на Република Северна Македонија.