Извадок на дел од дневни настани 22.11.2020

 На 22.11.2020 во 02.15 часот, од полициски службеници од СВР Скопје, на подрачјето на Центар, при извршен преглед кај Ф.А.(23) од Скопје бил пронајден нож, со што сторил прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

На 22.11.2020 во 03.04 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци–Неготино, на влезот кај с.Марена, патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Кавадарци, излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци. 

 

На 21.11.2020 полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект, лоциран во атарот на с.Неготино, полошко, покрај автопатот Тетово-Гостивар. При контролата, во објектот биле затекнати и приведени три женски лица од Р.Албанија и едно од Р.Косово, на возраст од 24 до 37 години, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на туристички престој. Тие биле задржани во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. При контролата, исто така, лишени од слобода биле С.Т.(20) од с.Неготино, полошко и А.М.(27) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. Тие биле задржани во Полициска станица Гостивар и се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 21.11.2020 во 19.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект во с.Здуње, сопственост на Џ.Б.(59) од Гостивар, се одржувала семејна веселба. Од полициски службеници било излезено на местото и во објектот биле затекнати околу 70 гости. Повикани биле и инспектори од Државен пазарен инспекторат и бил извршен увид. По целосно документирање на случајот, против Џ.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик.   

На 21.11.2020 во 09.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во с.Форино, гостиварско ги лишиле од слобода Љ.М.(21) и Х.М.(21), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение дека на поширокото гостиварско подрачје извршиле кривични дела тешки кражби и кражби. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени  соодветни поднесоци.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.С. (31) од Куманово за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.05.2020 во домот на пријавениот во Куманово, при извршен претрес од страна на полициски службеници, биле пронајдени и одземени дигитална вага и марихуана.

 

На 22.11.2020 во 01.05 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу М.М.(32) и 17-годишник двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

 

На 20/21.11.2020 во с.Горно Ореово, битолско, непознат сторител со употреба на сила влегол во црквата „Света Петка Римјанка“ и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

               

На 22.11.2020 во 01.15 часот Ф.Д.(22) од Скопје, пријавил дека околу 01.00 часот во нас.Радишани бил физички нападнат од А.С. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.11.2020 во 15.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар го лишиле од слобода М.М.(34) од Гостивар, поради тоа што физички ја нападнал неговата сестра. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 21.11.2020 во 22.30 часот А.Ј.(65) од Штип пријавил дека околу 18.05 часот во Штип две лица со тврд предмет му го оштетиле возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 21.11.2020 во Полициска станица Ѓорче Петров од полициски службеници биле приведени осум малолетни лица на возраст од 14 до 17 години, постапувајќи по пријава според која во 21.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, во близина на угостителски објект, неколку лица со тврди предмети нападнале двајца малолетници, кои биле со уште тројца другари. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

 

На 21.11.2020 во 19.57 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Ванчо Прке“ во Штип настанал пожар во објект сопственост на Т.Ш.(63) од Штип, кој бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Штип. Извршен бил увид.

 

На 21.11.2020 околу 21.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека Џ.С.(41) од с.Требош, тетовско, агресивно се однесувал кон вработени во Клиничката болница -Тетово и оштетил стакло. Се работи на расчистување на настанот.

 

На 21.11.2020 во 15.30 часот С.Г.(72) од с.Свидовица, струмичко, пријавил дека околу 13.00 часот во с.Свидовица бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.11.2020 во 19.45 часот Е.Х.(21) од Велес пријавил дека во Велес бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 21.11.2020 во 19.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош, 56-годишен маж од Скопје физички ја нападнал неговата сопруга. Се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Е.(44) и Л.Т.(42), двајцата од Кочани, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 09.11.2020 Т.Е. и Л.Т., иако биле должни да ја извршуват мерката изолација во домашни услови, за што им биле издадени решенија, го напуштиле домот.

 

На 21.11.2020 во 10.00 часот во с.Копанчин Дол, тетовско, од полициски службеници од СВР Тетово била лишена од слобода А.Ј.(43), поради постоење основи на сомнение дека по вербална расправија, со остар предмет го нападнала нејзиниот сопруг. По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе следи соодветен поднесок.

 

На 21.11.2020 во СВР Скопје било пријавено дека во 23.40 часот на ул.„Фјодор Достоевски“ во Скопје, настанал пожар во патничко возило, сопственост на Ж.М.(53) од Скопје. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 21.11.2020 во СВР Скопје е пријавено дека околу 22.40 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, во бессознание е пронајден Ф.К.(57) од Косово. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.