Извадок на дел од дневни настани 21.11.2020

 
На 21.11.2020 во 01.40 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, од полициски службеници е лишен од слобода Б.Н.(30) од Р.Србија, бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа во службената евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
 
На 20.11.2020 околу 16.00 часот на регионалниот пат Куманово - Скопје, на излез од с.Љубодраг кон Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(23) од с.Умин Дол, кумановско, и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Куманово. Во незгодата, кај М.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај возачот Д.Ц. и сопатниците С.Б., С.Е., Е.С. и И.С. биле констатирани телесни повреди, констатирани во Општата болница – Куманово.  Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.
 
На 20.11.2020 на подрачјето на Полициска станица Радовиш спроведена е акциска контрола на моторни возила и возачи, при што се констатирани 73 прекршоци, од кои 9 за возење без возачка дозвола, 9 за некористење на сигурносен појас, 14 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 3 за непочитување на протоколи за јавен превоз на патници, 66 за неносење на заштитна маска, а исклучени од сообраќај се 12 возила и 7 возачи.
 
На 20.11.2020 во 17.15 часот на регионалниот пат Кавадарци, кај Градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „урсус“ со приколка, управуван од В.П.(24) од Кавадарци, патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Л.Л.(51) од с.Дабниште, кавадаречко и патничко возило „опел вектра“, управувано од М.К.(46) од Кавадарци, сите со кавадаречки регистарски ознаки. На местото на незгодата починал З.Л.(54) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Л.Л. и сопатникот од истото возило Р.Л.(79) од с.Дабниште, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и сопатничката од истото возило М.К.(37) од Кавадарци, констатирани во Општата болница Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и  увидна екипа на ОВР Кавадарци.
 
На 20.11.2020 во 21.25 часот на Граничен премин „Деве Баир“, од полициски службеници е лишен од слобода Н.Е.(35) од Р.Албанија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кратово за понатамошна постапка.
 
 
 
На 20.11.2020 во 20.30 часот во Скопје, пред поликлиника на ул.„Васко Карангелевски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв Х6“,
со бугарски национални ознаки, управувано од Б.Т.(35) и електричен тротинет, управуван од Н.С.(38), и двајцата од Скопје. Во незгодата Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.
 
На 20.11.2020 во 11.30 час во СВР Скопје, О.Н.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Банско“ бил каснат од куче скитник.
 
 Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(63) од Струга. При контрола извршена на 20.10.2020, на стариот регионален пат Охрид-Струга, полициски службеници го затекнале пријавениот со патничко возило „опел астра“, како врши јавен превоз на патници без да поседува извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај за такси возило.
 
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Ф.(19) и Н.А.(20), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.10.2020 во 21.25 часот, на клучка Север од автопатот Скопје-Штип, пред влез во Свети Николе, при извршена контрола од страна на полициски службеници на патничко возило „голф 4“, управувано од А.Ф., каде совозач бил Н.А., била пронајдена марихуана. Притоа, пријавените изјавиле дека марихуаната ја набавиле за понатамошна продажба.
 
На 20.11.2020 во 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Чаир, С.З.(21) од Скопје бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
Одделението за внатрешни работи Кратово поднесе кривична пријава против А.Д.(21) од Кратово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 03.07.2020 во Кратово, во домот и во патничкото возило на пријавениот, бил извршен претрес од страна на полициски службеници и биле пронајдени 204 пиротехнички средства.
 
На 20.11.2020 во 17.45 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(59) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на паркинг простор на подрачјето на Центар, додека бил заедно со Б.Б.(58) од Скопје, биле физички нападнати од Б.Т.(38) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗПП ЈРМ.
 
На 20.11.2020 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродорм, од водите на реката Вардар бил изваден Б.М.(81) од Скопје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на место на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил. Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом, каде од  неговата снаа М.А.(45) од Скопје било појаснето дека Б.М. имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот.
 
На 19.11.2020 во 23.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа на ул.„Средорек“ во Куманово, во сопственост на Р.Р.(43) од Куманово, настанал пожар, при што била опожарена кровната конструкција и предмети во куќата, а се проширил и на дел од покривот од куќа, сопственост на Н.М. од Куманово и на доводен кабел за струја кон куќа, сопственост на Е.Ш.(62) од Куманово. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Куманово. Увид на на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
 
На 20.11.2020 во СВР Штип било пријавено дека К.В. околу 07.00 часот во нејзиниот дом на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип, ја пронашла својата ќерка С.В.(22) во бессознание. Од лекар на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција.
 
На 20.11.2020 во 00.45 часот во Куманово од полициски службеници бил лишен од слобода И.А.(21) од Куманово, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
 
На 20.11.2020 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено пукање од огнено оружје пред продавница на ул.„Цветан Димов“ во Скопје. Повредени лица нема, а на местото на настанот пронајдени се шест чаури и еден неиспукан куршум. Во врска со настанот повикани се три лица во полициска станица и се преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.
 
На 20.11.2020 во 15.50 часот, во Полициска станица Кочани Ф.И.(27) од с.Мојанци пријавила дека околу 11.30 часот, во нејзиниот двор нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Д.И. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 20.11.2020 околу 17.00 часот во СВР Битола, В.К.(49) од Битола пријавил дека додека извршувал градежни работи во куќа во с.Логоварди, сопственост на З.В.(53) од Битола, настанал пожар, при што била опожарена кровната конструкција и предмети. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
 
На 20.11.2020 во 14.55 часот во СВР Струмица, М.А.(35) од Струмица пријавил дека околу 14.00 часот во Струмица неговиот малолетен син бил физички нападнат од  едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 20.11.2020 во 20.00 часот во СВР Куманово, 35-годишна жителка на Куманово пријавила дека врз нејзината малолетна ќерка била извршена обљуба од Б.Н. од Куманово, со кого од претходно се познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
На 19.11.2020 во 21.20 часот во Полициското одделение Ново Село, В.С.(39) од с.Самоилово пријавил дека околу 21.00 часот, во спортска обложувалница во Ново Село, бил физички нападнат од И.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.