Извадок на дел од дневни настани 20.11.2020

На 19.11.2020 околу 19.15 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.У.(48) од тетовско Долно Седларце, кој претходно извршил кражба во продажен објект во тетовски трговски центар. Во неговото возило биле пронајдени и одземени украдените производи, а нешто подоцна му се вратени на нивниот сопственик, кој околу 17.15 часот ја пријавил кражбата. Н.У. е задржан во Полициската станица Тетово, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 19.11.2020 во 11.45 часот на ул.„Боге Велјановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода 17-годишник од Гостивар, затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот.

 

На 19.11.2020 во 10.50 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај место викано „Острово“, патничко возило „пасат“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Л.К.(54) од Гевгелија излетало надвор од коловозот. Во незгодата Л.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствениот дом во Неготино. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

 

На  20.11.2020 во 05.30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од Република Северна Македонија, при извршена пасошка контрола на Е.А.(23) од Р.Албанија, било утврдено дека приложил туѓа патна исправа. По извршен разговор со него било констатирано дека станува збор за Л.Е.(21) од Р.Албанија, а патната исправа ја зел од негов пријател, со намера да отпатува во земја членка на ЕУ, бидејќи во неговата патна исправа имало забрана за влез во ЕУ. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка .         

 

На 19.11.2020 во 15.00 часот во Полициската станица Карпош, З.Т.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Дрезденска“ бил каснат од куче скитник.          

 

Поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д.(54), Д.С.(45), И.Н.(35), сите од Кичево, како и против правно лице со седиште во Кичево. Имено, при контрола извршена на 22.10.2020 на бул.„Ослободување“ во Кичево, полициските службеници ги затекнале пријавените физички лица при управување на моторни возила, сопственост на правното лице, без да поседуваат изводи од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај. 

 

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(36) од Кичево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.  При контрола на возило „хонда“, управувано од пријавениот, извршена на 01.02.2020 на ул.„Тане Цалески“ во Кичево, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.

 

На 19.11.2020 во 11.10 часот во Полициската станица Драчево, В.М.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ била касната од куче скитник.

 

На 19.11.2020 полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Центар го привеле Г.Т.(34) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“. По преземени мерки и активности украденото е вратено на пријавителот. По комплетно документирање на случајот против Г.Т. ќе биде поднесена кривична пријава.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(57) од Скопје, за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во втората половина на мај 2020, за сума од 1.300 евра телефонски му ветил на Р.Р. дека ќе му извади лични документи од Република Северна Македонија, без негово присуство, иако бил свесен дека тоа не може да го направи.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д. (20) и А.Д. (22) двајцата од  с.Желино, тетовско, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На  16.11.2020 во 21.45 часот,  во с.Желино, од страна на полициски службеници била извршена контрола во угостителски објект, сопственост на пријавените, во  врска со почитување на мерките и протоколите со цел спречување на ширење на ковид-19, при што угостителскиот објект бил отворен, а во него биле затекнати други лица. Притоа, пријавените                                                                             почнале агресивно да се однесуваат кон полициските службеници кои вршеле службени дејства.  А.Д. и А.Д. биле  приведени во СВР Тетово.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава  против Ј.Н.(18), С.Е.(19) и Д.А.(19), сите од  с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 14.09.2020, додека М.Ф. извршувал работни задачи во авто-пералница во с.Пршовце, дошле Ф.Х. и В.Е., двајцата од с.Пршовце, а за кратко време и пријавените. Помеѓу пријавените, од една страна, и  Ф.Х. и В.Е., настанала меѓусебна расправија, која преминала во физичка пресметка, по што Ф.Х. и В.Е. побегнале. Тогаш, пријавените физички го нападнале  М.Ф., при што употребиле и метален предмет, а Д.А. физички го нападнал и А.С., кој заедно со Ф.Е., двајцата од с.Пршовце, се обиделе да ги раздвојат. 

 

На 19.11.2020 во 08.16 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека во фабрика на ул.„16-та македонска бригада“ настанал пожар. Повредени лица нема, а пожарот бил локализиран. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје.

 

На 19.11.2020 во 09.19 часот во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита било пријавено дека настанал пожар во механичарска работилница за поправка на вагони сопственост на „Железници на Република Северна Македонија“ во нас.Трубарево, при што работилницата била целосно опожарена . Пожарот бил локализиран, а во пожарот тројца вработени биле повредени. Притоа, Н.Г.(53) од с.Јурумлери се здобил со тешки телесни повреди, Р.Л.(62) и В.Т.(56) се здобиле со телесни повреди,  констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Трудов инспектор. 

 

На 19.11.2020 во 16.00 часот било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Центар, дошло до нарушување јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Д.С.(33) и Т.Ј.(55), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

 

На 19.11.2020 во 15.40 часот А.И.(18) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице.

 

На 19.11.2020 во 12.00 часот В.К.(67) од Скопје пријавил дека на 18.11.2020 околу 10.30 часот во с.Шишево, скопско, Д.Ѓ. со пиштол му упатил закани. Се работи на расчистување на случајот.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против И.Ѓ. од Кичево за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 01.02.2020 во Кичево, на ул.„Булевар Тане Цалески“, од страна на полициски службеници при преглед на патничко возило „хонда“, управувано од страна на пријавениот, биле пронајдени и одземени марихуана и мешавина од марихуана и тутун.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А. (33)  од с.Одри, тетовско, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. На  02.05.2019 во с.Одри,  од страна на полициски службеници при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени хероин  и мешавина од кофеин и парацетамол. 

На 20.11.2020 во 11.00 часот Х.Г.(23) во Полициска станица Центар пријавил дека на 19.11.2020 околу 22.30 часот на подрачје на Центар, две лица со закана му одзеле пари,  торбичка и лични предмети.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.