Извадок на дел од дневни настани 19.11.2020

На 18.11.2020 во 17.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода К.Ш.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.    

 

На 18.11.2020 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода С.К.(38) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.    

 

На 18.11.2020 околу 23.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш.(21) од тетовски Групчин, сопственик на угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Скопје, во Групчин, кој бил отворен по дозволеното време и во кој престојувале 9 лица гости. Тој е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, а неговиот објект бил затворен од Државен пазарен инспекторат.

                                                        

На 18.11.2020 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Драчево ги лишиле од слобода М.С.(19) и В.С.(18), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.    

 

На 18.11.2020 околу 08.50 часот, полицски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода В.К.(47) од Тетово, затоа што при претрес извршен во неговиот дом, извршен со судска наредба, му бил пронајден и одземен пиштол, кој го поседувал без дозвола. По целосно расчистување на случајот против В.К. ќе следува поднесок.

 

На 18.11.2020 во 12.30 часот Б.Т.(59) од Скопје пријавил дека додека извршувал  градежни работи на бул.„Александар Македонски“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, известен е трудов инспектор.

            

На 18.11.2020 на подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз, при што се констатирани девет прекршоци, од кои седум во Велес и два во Кавадарци. Против прекршителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

На 18.11.2020 во 14.15 часот во Полициската станица Центар Д.К.(68) од Скопје пријавил дека на кеј „13 Ноември“ бил каснат од куче скитник.

 

На 18.11.2020 СВР Штип спроведе акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што се откриени вкупно 6 прекршоци, од кои два за неисправен уред за запирање, два за неисправен уред за управување и два за неисправни светлосни уреди. Преземени се мерки за сите горенаведени прекршоци. Санкционирани се и 43 останати прекршоци.

 

На 18.11.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Карпош, И.С.С.(44) од Скопје пријавила дека на ул.„Петар Чајковски“ била касната од куче скитник. 

 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Џ.(36) од Радовиш. Таа, на 28.07.2020 убедила 27-годишна жена од струшко село да ѝ донесе злато, кое ќе ѝ го вратела  наредниот ден. Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари.

 

На 18.11.2020 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници, при што биле откриени и законски санкционирани 24 технички неисправни возила (ТЕ-7 и ГВ-17), од кои 17 (ТЕ-7 и ГВ-10) веднаш се исклучени од сообраќај, а на сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци. При контролата се откриени и четири други видови прекршоци.

 

На 18.11.2020 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Во акцијата се констатирани четири прекршоци за техничка исправност и 45 останати прекршоци.

 

На 18.11.2020 во 20.45 часот било пријавено дека во с.Долно Коњари, скопско, две лица физички го нападнале Р.М.(19) од с.Мралино, скопско, и со закана му одзеле пари. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.         

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.А.(29) од Пробиштип, И.Д.(33) од Свети Николе и Т.М.(34) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Пријавените, како осуденици во Казнено-поправен дом Штип, во текот на мај 2020 набавиле марихуана и ја препакувале во ќесиња заради продажба, која на 19.05.2020 била пронајдена од затворските чувари. 

 

На 19.11.2020 во Полициско одделение Петровец биле приведени Д.Т.(23) и К.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што во 00.30 часот во нас.Илинден во Скопје Д.Т. физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, а К.А. се однесувал агресивно кон полициските службеници. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

 

На 18.11.2020 околу 09.30 часот кај место викано „Чачарата“, атар на с.Очипала, делчевско,  од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево бил пронајден човечки труп. Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за  судска медицина во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Г. (36) од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавениот, на 23.10.2020 во Струга, физички го нападнал А.Т.(42) од Струга, барајќи да му го врати наводниот паричен долг од пет илјади евра.  

 

На 17.11.2020 во 13.04 часот во СВР Битола, Љ.Т.(36) од Битола пријавил дека настанал  пожар во атар на с.Горно Оризари, битолско, при што биле опожарени околу 1000 садници и земјоделски алат, сопственост на пријавителот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола. 

 

На 18.11.2020 во 21.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.Ј.(43) и  Р.Д.(68), двајцата од Скопје. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ. 

 

На 18.11.2020 во 21.30 часот Ѓ.П.(26) од Велес пријавил дека на подрачјето на Центар, тој, Ј.П.(26) и В.Б.(23) од Скопје биле физички нападнати од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.

 

На 18.11.2020 во 13.20 часот С.А.(38) од с.Буковиќ, скопско, пријавил дека на 17.11.2020 околу 11.00 часот во с.Буковиќ неговиот син бил физички нападнат од две лица, а едниот од нив употребил и тврд предмет. Се работи на расчистување на случајот.


СВР Тетово поднесе кривична пријава  против Љ.А.(65) од с.Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 27.08.2020 околу 16.00 часот оштетениот Т.А.(69) од с.Брвеница бил физички нападнат од пријавениот.

На 19.11.2020 во 00.50 часот било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „мерцедес“, со вевчански регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Извршен бил увид.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ш.(29) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Имено, при извршен преглед над Н.Ш. од страна на полициски службеници од СВР Штип била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д. (45) од Кичево, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 09.08.2020 при вршење проверки на лица кои се во домашна изолација од страна на полициски службеници било констатирано дека пријавената не се наоѓа на адресата која ја пријавила за престој.

На 19.11.2020 во 00.30 часот било пријавено дека во с.Љубанци, скопско, настанал пожар во патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Ј.(29). Извршен бил увид.