Извадок на дел од дневни настани 31.10.2020


На 30.10.2020 во 14,25 часот на граничниот премин „Ќафасан“ од страна на полициски службеници бил приведен Б.К.(29) од Р.Албанија бидејќи било констатирано дека истиот евидира во „Стоп-листа- Интерпол“ со мерка „Апси“. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Струга за понатамошна постапка.

 

На 30.10.2020 во 20,00 часот на граничниот премин „Табановце“ од полициски службеници бил приведен Л.А.(25) од Р.Албанија за кого, при пасошка контрола, било утврдено дека употребил патна исправа на друго лице - Л.Н.(30) од Р.Албанија, а од причина што во неговата патна исправа имал забрана за влез во земјите во ЕУ. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Куманово, за понатамошна постапка.

 

На 30.10.2020 во 18.30 часот на подрачје на Аеродром од страна на полициски службеници при СВР Скопје биле лишени од слобода Т.С.(24) и Л.М.(22), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.10.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, З.К.(64) од Скопје пријавил дека на ул.“Трифун Хаџијанев“ бил каснат од куче скитник.

 

На 30.10.2020 во 17.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Филип Втори Македонски“ во Битола товарно моторно возило „Форд транзит“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.К.(42) од Битола, удрило во пешак С.А.(67) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

 

На 30.10.2020 во 17.50 часот на локалниот пат од село Турново кон село Штука, струмичко, патничко моторно возило “Опел вектра“ со струмички регистарски ознаки управувано од К.Т.(58) од село Штука удрило во пешак В.Т.(60) од село Иловица. В.Т. бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

На 30.10.2020 во 15.15 часот во Гостивар полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода Ќ.С.(51) од Гостивар и Ш.Ф.(28) од село Чегране, гостиварско, бидејќи кај нив била пронајдена дрога - хероин. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 30.10.2020 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.20 часот на пругата помеѓу железничка станица “Агино Село“ и железничка станица “Дељадровци“, на С.В.(51) од с.Долно Коњаре, кумановско, кој извршувал работни задачи во локомотива, му се слошило, а од страна на С.Д.(63) од Куманово бил пренесен на железничка станица “Миладиновци“ каде од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на јавен обвинител телото е предадено во судска медицина за обдукција.

 

На 30.10.2020 во 05.30 часот на ул. “Климент Охридски“ пред крстосницата со локалниот пат за село Градско Балдовци во Струмица, засега непознато возило удрило во велосипедист Т.А.(56) од село Куклиш. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Т.А. кои му биле констатирани од доктор во Медицински центар Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица и се работи на расчистување на случајот.

 

На 30.10.2020 во 09.15 часот во СВР Скопје, Ѓ.П (54) од Скопје пријавил дека во близина на Градскиот трговски центар во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 30.10.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, П.Ј. (70) од Скопје пријавил дека на плоштад Македонија во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 30.10.2020 во 16.15 часот во СВР Скопје, Л.Т.П.(48) од Скопје, пријавила дека околу 15.00 часот нејзиниот малолетен син на игралиште на подрачје на Гази Баба бил физички нападнат од Б.С.(65) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 ЗППЈРМ.

 

На 31.10.2020 во 00.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, М.Ј.(18) од Скопје пријавил дека околу 00.05 часот на спортското игралиште во близина на угостителски објект на подрачје на Ѓорче Петров бил физички нападнат од лицето А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.10.2020 во 06.45 часот полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од жител на Делчево дека во 01.30 часот врз негова роднина во нејзиниот дом во Делчево со закана пријавениот извршил обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 31.10.2020 во 00,10 часот во СВР Струмица, К.Б.(31) од с.Банско,струмичко пријавила дека на 30.10.2020 околу 23,00 часот на место викано “Скртот“ во атар на село Банско била физички нападната од Р.Б., Е.Н. и Е.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 30.10.2020 околу 05.30 часот во СВР Велес било пријавено дека настанал пожар во сала на фирма во Велес во индустриска зона во градот, сопственост на Т.М.(75) од Велес. Пожарот е изгаснат од противпожарна екипата од Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

 

На 30.10.2020 во 13.40 часот во Полициското одделение Групчин, Д.С.(54) од село Сараќино пријавил дека во црквата “Свети Атанасије“ во Сараќино била извршена кражба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

На 30.10.2020 во 09.55 часот во близина на пазарот на подрачје на Бутел полициски службеници при СВР Скопје го привеле Р.Ѓ.(22) од Скопје бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со омаловажување на полициски службеник кој вршел службени дејствија.